Најголемото малтретирање последниве години го добив од човек кој ВМРО го унапреди. Тоа е Александар Максимов поранешен полицаец во Гранична полиција во Делчево, кој бившиот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски го донесе во ПС Кочани и му помогна да стане инспектор. Додека ВМРО беше на власт, тој беше секогаш прв во автобусите на настаните организирани од страна на ВМРО. Тој е истиот кој сдс го унапреди и го стави началник на СВР Кочани пред техничката влада. Сега е во главните на Сдсм, како и жена му Ивана Максимова која е претседател на Форумот на жени на Сдсм. Сега може да гази луѓе и човечки животи заедно во координација со пратеникот од Сдс од Кочани. Тој е истиот кој за локалните избори ме приведе без основ и ме испрашуваше и психички ме малтретираше 4 саати не за делото за кое бев приведена, туку за 27 ми Април и ми смести кривично дело за кое ме осудија. Зар мислише Александар дека вечно ќе трае твоето малтретирање? Како ќе ме погледнеш во очи… свесен ли си? Такви продадени души како тебе, со лопати да ги ринеш, многу лесно е да ги најдеш, но тешко човек да најдеш. Правдата ќе те стигне, кога тогаш! Нека ти е на здравје, полнењето на душата. Зашто такви како тебе само со наштетување на други се хранат! За да станеш началник ли си го продаде образот, за тоа ли? Нека ти служи на чест!
Славица Ангелова
Кочани, 04.01.20