СИНХРОНИЗИРАНО

СИНХРОНИЗИРАНО

Млого синхронизоано ово, “брате“ србине?! Млого!

Види бога ти:

  • Еди Рама интензивно ги собира неговите соплеменици од Македонија во Тирана!
  • Коѕијас имал предлози за името, одговор чекал мажот!!!
  • Дачиќ утврди дека србите биле браќа со афричкото племе од југот на балканот!!!

Како баш сите во исто време?! Како баш сега?

Па нели е провидно Дачичу – соросчичу, Молошевичев ученику?! Нели е провидно?

Пак ли, како и пред балканските војни, како и пред Прва, како и пред Втора светска и се навртевте на Македонија? Онака, СИНХРОНИЗИРАНО!!!

Накратко, да резимирам:

  • Македонија не е виновна што србите со децении за големи пари си ги продаваа имотите на албанците низ цело Косово. Па сега, чии се овците – негова е планината.
  • Цело ЕУ го призна Косово, го бутна во УНЕСКО, ама и во ФИФА и УЕФА. Па не видов “храбриот“ Дачиќ да им се наврти на Германија, Британија, Италија, Франција, САД!!!!! Македонија е виновна за приемот на Косово во Унеско?! Брејјјјј, каква сила била Македонија?!
  • Македонија не е виновна за предавствто на сопартиецот на Дачиќ – Слободан Млошевиќ, кога беше намерно загубена војната (и териториите) од Хрватска.
  • Македонија не е виновна што од Србија до Токија, бидна само Србија ко Нокија. Што од Големосрпските планови на САНУ остана само Белградскиот пашалук.
  • Македонија не им е виновна за договорот од Куманово, ниту ониј од Рамбуе, ниту пак од Дејтон.

Но, Македонија е виновна што:

  • Му простува криминал и антидржавно однесување на Зоран Вранишковски.
  • Што МПЦ сеуште тајно преговара со СПЦ на платформата од “Нишкиот договор“.
  • Што дозволува српско славење на победа што значи окупација на Македонија на Зебрњак.
  • Што го чествува српскиот (окупаторски) претседател на Кајмакчалан, каде за српската круна пред 100 години гинат 100-тици илјади насилно мобилизирани Македонци (летово ќе им опнам споменик во името на сите намачени МАКЕДОНСКИ души).
  • Што на Македонски национални телевизии дозволува српски шунд.
  • Што Македонски градоначалници секоја година здушно дебело финасираат остарени, заборавени и пропаднати српски фолкери и рокери. Кои, ако не се градовите од Македонија, нема каде да пеат.
  • Што спорстките коментатор на Арена и Скај се исклучиво на српско-хрватско-босански јазик.
  • Што Македонските реклами одат на српски (хрватски, босански…) спортски преноси, а не на Македонски телевизии.
  • Што Министерствто за култура наместо да го штити Македонскиот јазик и традиција дозволува Фарми и фармосување.

И, така.

Нам во Македонија ни се јасни вашите големосрпски, големоалбански, големобугарски и големојунинистански агенди. Јасни ни се веќе неколку векови. Така да ова не не‘ изненадува. Напротив. Вие си докажувате дека и покрај обландите и навлеченото руво од јагененце, сепак сте шакали со агенда за распарчување на Македонија. Тоа ние си го знамеме.

Затоа на вас од Белградскиот пашалук, на вашите “ браќа“ од Африка што се населени на Пелопонез, на нашите источни соседи Татарите и на племето од Запад не ви одговара 11-те години последователни победи на ВМРО и Никола Груевски. Затоа не ви одговара влада по волјата на народот. Вас ви одговара некој што има состанок со “коресподент“ на италијанската амбасада.

Е ама, “брачо“ срби, НЕЧЕ МОЧИ ОВЕ НОЧИ.

Ние, имено, овдека не сме ги заборавиле Гарванскиот масакр, Тиквешкото востание, Охридско-Дебарското востание, Темпо “најмилиот брат“, војводата Бабунски, Лазо Мојсов, Панта Марина… Не.

А вие, секако, никогаш нема да ги заборавите Владо Черноземски, Мара Бунева, Јордан Мијалков…

https://youtu.be/FkpGn7WhWSg

Ова е мое утринско третојануарско мислење.

Сега ме интересира мислењето и акцијата на Хорхе Иванов, Никола Поповски и колегите познати по својот громогласен молк кога треба да се бранат МАКЕДОНСКИТЕ интереси.

 

Миленко,

во Скопје 03.01.2017 – 03.48 ч.