Некогашните сили на Оската, тогашната фашистичка Германија и тогашната фашистичка Бугарија, која впрочем во 19 век вештачки е и создадена врз чиста германофилска подлога и со недвосмислени германски геостратешки цели на Балканот, (потсетувам, првиот нововековен кнез на Бугарија Александар I Батенберг всушност бил германски офицер Александар фон Батенберг; по него, пак, како кнез и крал е избран Фердинанд Максимилиан Карл Леополд фон Захсен-Кобург унд Гота, од германската династија Захсен-Кобург-Гота; патем, иста е ситуацијата и со првиот нововековен грчки крал Отон I, кој бил син на баварскиот крал Лудвиг I од династијата Вителзбах) – тие две земји, значи, Германија и Бугарија, во духот на ова најбедно лицемерно време во кое живееме и во кое секое најневеројатно лудило и сѐ што е спротивно на разумот се прогласуваат за демократија, тие денес, со нешто поинаков политички предзнак но со сосема исти хегемонистички цели и методи, повторно се во истата реактивирана Оска, сплотени во црниот антицивилизациски потфат на етноцид, т.е. на „конечно решение” на македонското прашање. Ова „конечно решение” има сосема исто, нагласувам, апсолутно исто значење како и „конечното решение на еврејското прашање”, што, како што е општопознато од морбидната историја на холокаустот, и Германија и Бугарија консеквентно го спроведуваа во дело. Нивна цел е сега, конечно, еднаш засекогаш, но овојпат со пософистицирани методи и криминални трехнологии на масовен злостор над цел еден народ, да се докрајчи, да се истреби стариот и цивилизациски посведочен македонски етнос, со сите негови национални посебности и вредности: неговите национлени корени, неговата национална историја, култура и јазик.
Но, да не претеруваме! Тие нови, божем „софистицирани методи” воопшто не се ниту суптилни ниту нежни, па ни прикриени. Оние што вршат таков невиден злостор немаат „филинг” за префинети „чувства” и постапки, и не се во состојба својата безочност да ја видат со очите на жртвата.
Неверојатно ступиден пример во таа смисла е надреалната понуда на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, неговата држава да помогне во работата на македонската тнр. „историска” или тнр. „експертска комисија”. Ок, таа понуда навистина сосема оправдано е упатена до еден ноторен глупак од исто така надреално голем калибар, Стево Пендаровски, но, колку човек мора да биде забеган, па од позиција на еден германски претседател да ѝ нуди помош на некоја си таму „експертска комисија за македонската историја”. Можете ли да го сфатите тоа лудило?! Веќе самото спомнување на тоа измислено, аморално, гнило, квази-научно „тело” од страна на претседател на една европска држава, и воопшто земањето во предвид за каков и да е компетентен разговор и сериозна научна, историска, па дури и политичка одлука, втемелена врз ставовите на таа мизерна збирштина од креатури, таа политичка машичка за вртење ќебапи на велепредавничката скара, и најобична алатка за безочна манипулација и идиотско фалсификување на историјата, и македонската, и бугарската, и европската, и светската, и тоа само заради заевската лигава ултраквислиншка сервилност и лазење пред окупаторите и ништителите на македонскиот народ, претставува најбрутален израз и одраз на сета беда и приземност на актуелната европската политика, која верува дека „таму долу, на Балканот” сѐ може лесно да се замачка и да се анестетизира со европскиот вербален вазелин. Да, тој лизгав евро-атлантски „лек” е супер за употреба на соодветно место кај велепредавничката и големоалбанска екипа: Заев, Пендаровски, Димитров, Шекеринска, Османи, и суријата нивни глупсони, и немам ништо против тоа „европејците” со вазелини и мазелини до бесвест да си ги мачкаат тие осведочени будалишта, пред нивна „употреба”. Но за нас таа мазелинска европска политика е одамна прочитана книга, како петпаречко X-100 романче со банална интрига, и, еве, по којзнае кој пат тоа јасно ќе им го кажеме в лице, но ќе им го повториме како последно предупредување и на сите граѓани на Република Македонија, и особено на Македонците, додека сеуште, во нашата родна земја, во нашата татковина, црните злосторнички окупатори сосема не ни го забранат и со брусилки не ни го избрусат тоа убаво, старо, славно, достоинствено македонско име.
Сите оние во Македонија, па и обичниот човек, што сеуште се тресат пред „авторитетот” на полумртвата Европска Унија, таа непрокопсана меѓународна заедница без каква и да е продлабочена хуманистичка иднина, само нека помислат дека е доволно нејзините лидери, дрдорливите а всушност немушти европски политичари, на чело со трепетливата старица Ангела Меркел, на која, замислете, големотатарчето Бојко Борисов ѝ бил многу благодарен затоа што, како што рече, помагала во изнаоѓањето „формула”, – эначи, доволно е Ангела и нејзините европски партнери, на оној свој префинет, вазелински, евро-атлантски дипломатски јазик, на Бугарија да ѝ ја кажат оваа едноставна но волшебна „формула”: „Веднаш престани да јадеш гом.., и остави ги на мир македонскиот народ и Република Македонија” – е, гледате, тогаш сите нешта за час совршено би се средиле и би си дошле на свое место.
Но гнилата Европа, и особено Германија, немаат таква цел. Зашто, јасно се гледа дека врз апсолутно (ниту однадвор ниту однатре) небранетата и незаштитена Република Македонија, и врз небранетиот и од политиката и од сопствената интелигенција сосема изневерен и оставен на цедило македонски народ, здружените европски Сили на Оската, што денес ги подразбира и нивните безобѕирни предаторски балкански сателити Бугарија и Грција, како и простачката и примитивна, племенска внатремакедонска големоалбанска багра, засилено, забрзано и сосема успешно ја приведуваат кон крај својата стара, столетна, злосторничка, хегемонистичка авантура, за која, еве, е потребен само оној последен чекор: по уште неколку блеферски „диломатски” врткања ваму-таму, деновиве кон крај да се приведе ступидната и плиткоумна фарса на европското, читај: германско „посредување” помеѓу бугарските фашистоиди и македонските велепредавници, при што, за крај, нема да ја заборавиме и онаа горе спомната, ах, неизмерно потребна „помош” од страна на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, понудена на фамозната заевска тнр. „експертската комисија” за таа што поитно и што полесно да ги разреши тешките македонски историски и идентитетски прашања и „дилеми”, па да може онаа, кон Македонија одамна навратена црна евро-атлантска вода сосема да се смири над нашите потонати македонски души.
Aлдо Климан
Истра, Хрватска – 05.11.20