Ќе минат три години, можеби и повеќе, од мојата ФБ дебата со зетот на Велија Рамковски, а син на Фијат Цановски – Сефер.
На семејниот универзитет направен од татко му, тој беше директор (или такво нешто).
Неисе. Јас имав пост за неплаќањето плати кон професорите. Декан беше, да потсетам, Камбовски. Пишав за неаздоволството, тивкиот штрајк, јавниот бојкот на наставата и слични добро проверени инсајдерски информации.
И да не раскажувам натаму, тој ми велеше дека не сум во право. И дека ќе сум видел што ќе било (така сега ВМРО ДПМНЕ актовости ми велат: ама ќе видиш што ќе биде), колкави инвестиции ќе имало, каков процут и слично.
Секако Сефер и целата фамилја Цановски (таму најсимпатичен ми е Мегдијан), со право се израдувале кога власта во државата ја превзеде нивната опција, за која дури и еден пристоен човек ко што е Фиат, беше приморан да фрла презерватви со боја. Претпоставувам дека со пуштањето на сватот Велија, радоста и оптимизмот биле уште поголеми, бидејки покрај образовна на повидок беше возобновување и на медумска империја.
Во таа битка на кој ќе биде најуспешен македонец муслиман, здружени Фиат и Велија се далеку појаки од Кастиљо од Ел Ацтека. (Напомена, Кастиљо е со полно име Ангел Антонио Кастиљо Родригез, односно Суљо од Дебрешта – Прилепско). Секако во таа трка не смее да се заборави и на Пуцко од Пласница.
Суљо на страна, НЕ дојде живот за Сефер, а бога ми и за Велија!
Така личи барем по распродажбата на севкупниот имот што го поседува Фијат Цановски: училишни згради, универзитетт, семејна куќа, магацинот што беше телевизија А1…
НЛБ банката зема и распродава се. Такви проблеми, какви што со “Љубљанска банка“ (НЛБ) имаат Цановци и Рамковци, никогаш немал Суљо (а ни Пуцко), оти од секогаш гаел(е) ептен блиски бизнис и приватни релации со директорите на банката и на лизингот Митре Колишевски (син на Лазо) и Маја Лапе.
Од друга страна, во новово време во кое дојде животот, пред се за криминалците, најголемиот дел по кои има меѓународни потерници, си се вратија во Македонија. Само Хеди си остана во Турција.
Од дневно-политичките постапки, јасно станува дека на новава власт, во рамкиве на новиов живот што дојде, не им е потребна медиумска и тајкунска конкуренција.
“Дојде животот“ си има две свои телевизии: онаа на Вицевата купена од Роби и онаа соросоидната отфикарена од Андреа Јосифовски. Си го имаат и Емил, кој овие денови е во потрага по 170.000 евра што треба да ги плати за да не му ја блокираат фирмата. Си има “новиот живот“ и свои тајкуни, пред се Анѓушев, па така да гужва во дворот не им треба.
Фолирањето што му беше продадено на Велија дека ќе добие пари за да ја купи телевизијата на Кочан, остана само заплашување кон газдите на ТВНОВА и скриените мецени и финасиери на истата.
Велија беше еднократно искористен и фрлен во кош за отпадоци.
Исто и Фијат.
НЛБ банка распродава имот на Фијат Цаноски вреден 15 милиони евра