Секое зло за добро

Секое зло за добро

              Изминатите 30 години покажаа дека сегашните македонски генерации НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДА ИМААТ СВОЈА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Едно е желбата и еуфоријата преточена во референдумот од 1991 г., друга е реалноста. Или како што беше кажал Поетот: „Слободата за нас е претешка задача“. Се покажавме целосно неспособни ОД ДРЖАВНИОТ ВРВ ДО ДОЛУ И ОД ДОЛУ ДО ДРЖАВНИОТ ВРВ. Неспособни политички, економски, геополитички, културно, образовно, морално. Потфрливме во сите сегменти на државност и институции. Единствени од републиките во поранешна Југославија СЕ ГОРДЕЕМЕ СО НАШИТЕ МИРНИ КАПИТУЛАЦИИ. Нема друга држава во светот која капитулирала во војна со дадени одвај 72 жртви како ние во терористичката војна против Република Македонија во 2001 г. Нема друга држава која ДОБРОВОЛНО се откажала од своето име, идентитет, јазик и историја.

Нашите последни херои се од времето на антифашистичката војна. 75 ГОДИНИ НИЕ НЕМАМЕ АВТЕНТИЧНИ МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ. Дисиденството на еден или друг не го бројам за херојство. Херојство значи да победиш или да загинеш за македонска Македонија. Голем дел од спомнатите 72 жртви во 2001 беа убиени или како резултат на предавство или од заседа како 8-те во Диво Насеље. Единствениот автентичен македонски херој тогаш Јохан Тарчуловски, подоцна издржа и стана морален победник во Хаг, но кога се врати во Македонија, стана партиски потрчко. За тоа е виновен колку тој, толку и воспоставениот кај нас политичко-партиски систем кој ја уништува личноста. Политичарите сакаат да ги приграбат и да ги купат сите кои се славни во својата област – спорт, наука, уметност. А и самите тие се умилкуваат кај нив. Во споредба со нас, тукашните Албанци ги имаат и ги почитуваат нивните херои од терористичката војна против нас. Им се обраќат како „команданти“, подигаат споменици на нивните предходници балисти, додека ние ги рушиме антифашистичките споменици.

НО, ФАКТОТ ДЕКА ДЕНЕШНИТЕ ЖИВИ ГЕНЕРАЦИИ НЕ ЗАСЛУЖУВАМЕ ДРЖАВА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА МАКЕДОНИЗМОТ ЌЕ УМРЕ. МНОГУ ПАТИ СУМ КАЖАЛ ДЕКА МАКЕДОНИЗМОТ Е МНОГУ ПОГОЛЕМ ОТКОЛКУ ОБИЧНА ЕТНИЧКА ОПРЕДЕЛБА. АКО БЕШЕ САМО ЕТНИЧКА ОПРЕДЕЛБА, ДОСЕГА НАШЕТО ИМЕ ЌЕ СЕ МЕНУВАШЕ МНОГУ ПАТИ КАКО КАЈ СИТЕ ДРУГИ НАРОДИ. ВКЛУЧИТЕЛНО КАЈ БУГАРИТЕ, ГРЦИТЕ, РОМАНЦИТЕ, АЛБАНЦИТЕ. МАКЕДОНИЗМОТ Е СВЕТСКИ КОНЦЕПТ И ТОЈ ЌЕ ПОСТОИ ДУРИ АКО СИТЕ ТУКАШНИ МАКЕДОНЦИ ЗЕМААТ БУГАРСКИ, ГРЧКИ, СРПСКИ, ГЕРМАНСКИ ИЛИ АМЕРИКАНСКИ ПАСОШИ. А КОГА ПОСТОИ МАКЕДОНИЗАМ, ЌЕ ПОСТОИ И СООДВЕТНО ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА ТОЈ МАКЕДОНИЗАМ.

Многу пати е пишано дека Западниот свет три века сака да го уништи македонизмот и Македонците. Затоа што не се вклопува во нивниот проект за Европа и за хеленизмот како нејзино упориште. И затоа што сакаат да го прикажат македонизмот како глобализам. Западниот проект успева зашто самите Македонци се залетаа по тој концепт на гибелни „вредности“, кој е спротивен на самиот македонизам и на постоењето на македонска држава.

НО ТОА ШТО МОМЕНТАЛНО ГО ГЛЕДАМЕ НЕ Е КРАЈОТ НА МАКЕДОНИЈА. ТОА Е КРАЈОТ НА ИЛУЗИИТЕ И НА НИВНИТЕ НОСИТЕЛИ ДЕКА НАТО И ЕУ СЕ МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА. ИСТОВРЕМЕНО ТОА  ЌЕ БИДЕ КРАЈ И НА ПОЛИТИЧКО-ПАРТИСКИОТ СИСТЕМ ВОСПОСТАВЕН ОД СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ НА ЧЕЛО СО СДССМ И ВМРО-ДПМНЕ ВО ИЗМИНАТИТЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ.

ИСТОРИЈАТА МНОГУ ПАТИ СЕ ОДВИВАЛА ВО ДРУГ ПРАВЕЦ СПРОТИВНО НА ЗАБЛУДИТЕ НА ЛУЃЕТО ОД ДРЖАВИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА ЖРТВИ.

ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ЗАПАД, ТУКУ НА ИСТОК И ТОА НЕ МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ НИТУ ЗАПАДОТ, НИТУ МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ, НИТУ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ. ЗАТОА ШТО КАКО ВЕЌЕ КАЖАВ, СТАНУВА ЗБОР ЗА КОНЦЕПТ КОЈ ЖИВЕЕ 2800 ГОДИНИ И НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАПРЕН ОД НЕКОЛКУСТОТИНИ ДЕНЕШНИ ШУТРАЦИ. ДА НЕ МИСЛИТЕ ДЕКА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА ЖИВЕЕ САМО НА ЗАПАД И ЗБОРОТ ГО ИМААТ САМО ДЕНЕШНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ИДИОТИ ВО МАКЕДОНИЈА. МНОГУ МАКЕДОНЦИ СО ВИСТИНСКИ МАКЕДОНСКИ ДУХ ЖИВЕАТ ВО РУСИЈА, БЕЛОРУСИЈА И ДРУГИ РЕПУБЛИКИ ОД ПОРАНЕШНИОТ СОВЕТСКИ СОЈУЗ. ДЕНЕС НИКОЈ НЕ ЗБОРУВА ЗА НИВ, АМА ДА НЕ МИСЛИТЕ ДЕКА ТИЕ (КАКО И ОСТАНАТАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА ВО СВЕТОТ) СПОКОЈНО ЌЕ ГЛЕДА КАКО НИЕ ТУКА САМИ СИ ЈА УНИШТУВАМЕ ДРЖАВАТА.

Изборите на 15 јули покажаа дека гласачите гледат ПОДЕДНАКВО на СДССМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа од една страна и двете партии добија по 150 000 гласови помалку, а од друга страна завршија изедначено со разлика од само 12 000 гласа. СЕГАШНАТА СОСТОЈБА СО МАНДАТИТЕ Е ТАКВА ШТО КАКВА И ВЛАДА ДА СЕ НАПРАВИ, ТАА ЌЕ БИДЕ СОСЕМА КРЕВКА И ЌЕ ВОДИ КОН КОНФЛИКТ. ПРИ ТОА, ДА ГО ЗЕМЕМЕ ВО ВИД ФАКТОТ ДЕКА ВО ЕСЕНТА ЌЕ СЕ ВИДАТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЕШТАЧКАТА ХИСТЕРИЈА СО КОРОНАВИРУСОТ И УНИШТЕНАТА ЕКОНОМИЈА.

ГОСПОД СИ ЈА ЗНАЕ РАБОТАТА, НО И ВО ДРУГ ПРАВЕЦ. КОГА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД ЌЕ ПОБЕДИ БАЈДЕН, СВЕТСКИОТ КОНФЛИКТ МЕЃУ САД ОД ЕДНА СТРАНА И РУСИЈА И КИНА ОД ДРУГА – ЌЕ СТАНЕ ВИДЛИВ И ЗА СЛЕПЦИТЕ. ТОГАШ МАКЕДОНИЗМОТ ОД ПОД ТЕПИХОТ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН НА МАСА И РАСПЛЕТОТ ЌЕ ДОЈДЕ. НО БЕЗ НАШЕ АКТИВНО УЧЕСТВО, ЗАТОА ШТО НИЕ И ТОГАШ ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА СИ ГИ КРИЕМЕ ФАЦИТЕ ЗАД МАСКИ И ДА БЕГАМЕ ОД СВОЈАТА СЕНКА. ФАЛА БОГУ, ВО СВЕТОТ ПОСТОЈАТ И ДРУГИ МАКЕДОНЦИ И НИВНА Е ИДНИНАТА.

 

              Стефан Влахов-Мицов

Скопје, 20.07.2020