Севастопол

Севастопол

Легендарниот Севастопол – Град на руската слава и на Црноморската флота!!!

 

На овој ден, пред 240 години со императорскиот указ на императорката Екатерина Велика е основан градот Севастопол. Местоположбата за изградбата на градот лично ја избрал генералисимус Суворов. Не случајно Суворов го избрал тоа место, бидејќи има геостратешка положба, и идеален залив за стационирање на Црноморската Флота. Кнезот Потемкин се смета за еден од основачите на градот Севастопол. Кнезот Потемкин е тој кој што ја убедил Екатерина Велика да го присоедини Крим кон Руската Империја, со што истата добила излез на топлите мориња. Кнезот Потемкин е основач на легендарната Црноморска флота. Легендарните Адмирали Ушаков и Нахимов исто вложиле голем труд во развојот на Црноморската флота, на нејзината слава и моќ, како и развојот и процветувањето на градот Севастопол.

Во времето на царствувањето на Екатерина Велика се основани и изградени Одеса, Херсон, Николаев, Луганск, Днепропретровск, Мариупол, Симферопол, Криви Рог, Запорожје.

За време на своето владеење Екатерина Велика создала 28 нови губернии (области) и изградила 144 нови градови на целата територија на Руската Империја.

 

Дудинка

14.06.23