ДИЈАГНОЗА ВГРАДЕНА ВО ПОЛИТИКАТА
Слушам ќе имало парламентарни избори. Ќе ги спроведе ѓоа лево-десна политичка номенклатура воспоставена во Пржино, всушност бројлер локал-групировка дресирана и инсталирана од евро-американскиот окупатор. Таквите избори, ич да немате дилеми, ќе бидат верен историски групен портрет на северџанската ѓоа државна циашка дркотина со сите ,,угледни,, фаци кои пропагандно ќе му се упикуваат на македонскиот народ, значи на СУВЕРЕНОТ, маскирајќи се за кратко во човеци со чест,углед и морал односно, со крајно дефицитерниот интегритет во политиката. Сакам да кажам де, класичното политичко моделче за ,,демократија,, што го ,,измислија,, античките демократи од ахајските племиња попознати како ,,гркљани,, а го применувааат модерниве демократи и овојпат ќе заврши со резултат КУРТО ЌЕ ГО ЗАМЕНИ МУРТО. Односно, по шемата КУШИШ ЕДНО ДОБИШ ДВА ИЛИ ТРИ ДИРЕКТИ У ГЛАВА по секој изборен циклус. Избирачите на Република Македонија, уредно заведени по стотина прочистувања на списокот по урнекот на фамозната ,,грејт стејт,, Ајова, ќе гласаат и овојпат дали да им остане ЦРПКО или да ги управува МИЦКО со помош на УЧК КОНСТАНТНА и на далечинско ЦИА, МИ6, БНД. И овие избори ќе бидат не за интересите на суверенот, туку ќе се избираат покорисни евнуси идиоти за потребите на газдите кои се убедени дека Македонија е нивна приватна парцела, а Македонците нивни робови.
Но, она што ги прави овие избори морбидно гротескни е што македонската политичко-интелектуално- експертутско- преститутска елита нема јасен одговор на прашањето како суверен народ со лични документи издадени од една легална држава ќе оди на избори за свои платени слуги кои ќе работат за друга измислена држава која, пак, нема скоцкано свој жив, легален северџански народ. Да сте на чисто: И црпнатите и оние кои уште глумат македонска револуционерно-народна партија и покрај најновиот естетско-козметички ресет, имаат само една цел: Да ги претворат Македонците во безлична аморфна маса без самочувство, без идентитет и без историско помнење. Се вика тоа да го оживотворат геноцидот, да го снема за секогаш МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ама тие да останат вечни наместо Македонија. Јас тоа го именувам како дијагноза за тешка ментално дегенеративна болест. Плус ендемска а заразна. Почна кај СКМ-ПДП која се самопрогласи за државотворна партија, ескалираше со СДСМ за да кулминира како Северџански социјалдемократски сојуз, а сега во неговата прететсмртната агонија своеволно му се придружи и реформираната надворешна демонкратска северџанска организација ДПСЕ- умерено центристичка. Зошто? Па само за да се упукаат во чмарот на НАТО! Шкопени политиканти курсисти можат само тоа.
Како упатство пред гласање од сега ќе ве потсетувам на историскиот учинок на нашите партиски главатари и нивните партиски групировки во кои се вљубувавме како тетреби додека не лажеа на предизборни митинзи со празни фрази и демагогии. Почнувам со изјави и скази на легендарниот самонаречен ,,државник,, Бранко звани ,,Џани,, или ,,Папа,, или Господ Бог создател на сојот СДС црпки (лејки). На почетокот беше светлост вели Кабалата. Кај нас Македонците на почетокот беше Бранко Црвенковски кој во праскозорието на плурализмот на седница на Це-Ка изјави :АКО ЧОВЕК МОЖЕ ДА ИМА ЧЕТИРИ ЖЕНИ, НЕ ГЛЕДАМ ЗОШТО НЕ БИ МОЖЕЛ ДА ЧЛЕНУВА ВО ЧЕТИРИ ПАРТИИ,, И од тогаш ни тргна. Така би требало да е запишано во македонската политичка библија од која никако да куртулиме.
ЗА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД :
,,СДСМ покажа и докажа дека е државотворна партија,,!!! (ало будало! Држава, царство, кралство секогаш и секаде прави народ, а ти пропагираш бугарска ,,историограгфија,, за коминтерновска творба).
,,Ние градиме а тие разградуваат,, што убаво се гледа од македонското државно дереџе и без историска дистанца, а во кое токму наследникот на КПМ одигра главна и пресудна улога..
,,СДСМ секогаш ќе биде со својот народ,,. Немој бе аман веќе симнете ни се од плеќи! Демек ти стално ќе бидеш стрелан, а Македонците редовно ем ,,демократски,, уредно ебани. Што фино ни го докажа по рамковниот договор кога ја отфикари асномската уставна преамбула: ,,Уставот од 1991 година имаше вградена фабричка маана,, . Таа ја отстрани, џанам само за да вградиш големоалбански нагазни мини под секоја државна институција и цела држава со територијалната поделба и црпковата надградба. Демек откако ни кажа дека ,,Македонија се бранела во Тетово,, а и ,,за војна никогаш не било доцна,, ти тргна работата. Што би рекол Бранко државотворецот (ем шкопено прдле ем социјалдемократско мангупче) : ,,Направивме држава со сите нишани,,. Нема што! И со голо око и без ДНА тест се гледа дека си му биолошки татко на Црпко Заев. Обајцата лажете – сушите. Глупи сте ко ноќ, заборавате што сте рекле и постојано се самодемантирате како Џо Бајден и Хилари Клинтон заедно.
,,Еквидистанцата е услов за опстанокот на државата,, ќе рече во државничка изјава од камбрианскиот геолошки период во палеозоикот, со која дечково направи квантен скок во новото политичко време за кое се уште нема соодветен јазичен симбол во ниту еден светски речник и на ниту еден жив јазик а ,,мудроста,, гласи: ,,Еден е животот – еден е изборот,, што потоа ескалира во следнава серија големи мисли од задникот:,,Грција е нашата порта за ЕУ,, па ,,Грција не уценува 15 години,,. Разбира се, дијагнозата за СДСМ ми се покажа за точна кога Господ Бранко се спремаше да го стокми Црпко од муртинска кал за свој земски намесник. Еве неколку изјави кои упатуваат на ескалација на болештината: ,,Ние ги отфрламе сите условувања за европските и други интеграции ако тоа значи институционална инструментализација на регионалната соработка,, за веднаш потоа да објави ,,Ние ја поздравуваме иницијативата на ЕУ за создавање западнобалканска трговска унија,, која по неколку години ескалираше со констатацијата ,,еден е животот и еден е изборот,,. Кога мислиш со малиот мозок на долната глава, што е машка ексклузивна привилегија зошто горниот од бога даден ти е аут оф ордер, нормално дека лупаш без да забележиш. Така медицински се објаснува изјава на премиер: ,,институциите функционираат,, за по 24 часа изјавата да гласи ,,институциите не функционираат,,. А ти сепак да си се самооцениш високо како одговорен домаќин изјавувајќи ,,настапувам онака како што сметам дека е потребно, како што е ред,,.На чиј и каков ред мислиш, ќе си тепаат глава историчарите во иднината кои ќе се обидуваат да го декодираат твојот сложен државнички мајндсет.
Во овој пакет државничка стаменост и доследност спаѓаат и изјавите по ликвидацијата на Борис Трајковски, кому очигледно не му се отвори заштитниот чадор и тоа откако агентите на сигурносната полиса решија дека веќе не им е потребен. Им теребаше ново дете за новите проекти и си го најдоа во Бранко. Арно ама, патолошки лажго и докажан кукавица напросто не може да побегне од својата вградена лажоманско кукавичка натура.Затоа во два дена ги даде следните изјави: ,,Немам намера да се кандидирам за претседател оти како влада се зафативме со една тешка работа која треба да се заврши,, и ,,Се нафатив да се кандидирам за претседател зошто можам и умеам и знам да ги бранам интересите на Македонија,,. За ова маалско преварантче остави зад себе еден тон докази за пред идниот македонски Раселов суд, за идните историчари и за цела бабачко одредница во Македонската енциклопедија.
Тука посебно ќе ги нагласам двете посебно морбидни изјави кои ќе се третираат како доказен материјал на судењето за злостори со предумисла против Македонскиот народ.
Едната е дадена по воспоставување на вмровската власт во 2006 година и гласи: ,,Ако оваа власт остане до крајот на мандатот, фактичли и нема да има потреба било кој да дојде на власт оти Македонија нема да биде држава – ниту унитерна, ниту граѓанска, ниту македонска,,. А другата со која во пруисуство на тројца мејнстрим новинари Бане Димовски, Зоран Андоновски и Исо Руси ,,државникот,, Црвенковски го заврши колективното интервју честитајќи им ја Новата 2006 та година на граѓаните на РМ со следниве пророчки зборови на врвен циник дегенерик од рангот на Нерон:,,Сакам да го видам тој маж кој ќе му соопшти на народот дека му е сменето името,,.Демек во инфинитив. Кој ќе му го смени бе? Остана без одговор, и чоеков си мисли дека тој и неговите ќе избегаат од казна замо зашто ,,некој го е сменил,,
Од тој миг јас знаев дека Бранко се спрема да роди некој црпнат кој ќе да ја заврши ѓаволската работа што на Црвенковски му ја задале неговите газди. Ги прашував новинарите, зошто кога го кажа ова не рекоа Претседателе стоп! Интервјуто продолжува и објаснете им ја на гледачите честиткава за која нема видлив повод. Тогаш почна да ме глочка и за тоа сум разговарала, со Дарко, Миленко и Бобан па и со Груевски зошто се сомневав дека итроманецов ќе гледа предавството и распродажбата на Македонија да им ги накалеми на вмровците за тие да бидат историски одговорни за промена на името на државата и геноцидот врз Македонците. Како што им ги тупна рамковниот со се амнестијата на ОНА злосторниците, бадентеровото мнозинство, територијалната поделба и сл. се случи кога вашингтонско-бриселските уцени за името се претворија во референдумско изјаснување за категоријални прашања кои пак не подлежат на преиспитување. Категоријални се слободата, животот, опстанокот, постоењето, самоопределбата…Ниту една генерација ниту една партија или институција не може да испрашува референдмски дали сте за тоа да се зачените во ЕУ, НАТО, ООН, СТО и сл. под услов да се самоубиете колективно, да се обезличите колективно, да смените пол топтан и други глупости. Го немате тоа право како моментално живи суштества, просто зашто никој од веќе умрените или од уште неродените не ве овластил, не ви дал полномоштво да им го менувате поминатиот живот и да им одредувате како ќе се чувствуваат оние што допрва ќе се родат.Тоа право го имаат ексклузивно само индивидуи кои имаат проблем со себе зашто не знаат ни кои се ни што се ни чуму се. Како Фрчко, Милчин, Тричко,Ордановски, Геровски и слични дегени и цијашки калемени ГМО сливчиња плус гангот на лилакови пингвини и џојстик идентитети во ДПСНЕ западњачки освестена, редовни курсисти – понављачи на европатланските кумровачки кампуси за перење мозок кои се плашат уште сега, додека се троа живи, да изговорат гласно Македонија, Македонци и македонска држава, македонски јазик, историја, култура, идентитет, традиции. А ќе оделе на избори на кои ќе го смачкале зајкота. Зошто? Па за да ги постават газдите да бидат ,,њу вејв,, зајковци. И по зајко-зајчиња. Тоа им е крајната цел, а ние гласачите, ние ШУМАРОТ- чуварот и сопственикот на нашата ШУМА, им требаме само на денот на гласањето. Па вие сега видете што ќе правите задутре.
Нека се спремат за групен дијагностички портрет дечките од ДПСЕ естаблишментот.
М.Велиновска
Недела, 01.03.202 – Скопје
(Продолжува…)