СДСМ УСПЕА

СДСМ успеа, навистина успеа.

Денеска попладне возејки накај дома, видов фрапантна слика од стотици автобуси по должината на булеварот Јане Сандански, а и по булеварот АСНОМ. Автобусите беа паркирани во два реда, бампер-ту-бампер. Бескраен ред на автобуси од цела Македонија. Фасцинантно.

Земјаки предвид со какви трауми на непосетеност беа поврзани разните соросоидни собири пред МРТВ, или поплнување на празните шатори во кампингот на Виц‘то пред Владата, или разни “демонстрации“ на незадовлници и незадоволнички со бунди, пради, СУВ-а, рејбани.. – преполната сала Јане Сандански покажа што значи кога вистинска енергија и заедничка идеа ги собира луѓето (жените) на едно место.

Она што секојдневно го гледам на терен по села, продавници, кафеани, кафулиња, патишта, бензиски, пазари – “женскиот“ собир во салата Јане Сандански ми го потврди.

Имено, СДСМ успеа, навистина успеа да ја мотивира, собере, копресира енергијата во Македонија за да може народот да експлодира на 24-ти април и да ја сотре соросоидно-кодошко-полициската врхушка на СДСМ.

СДСМ успеа, навистина успеа да стави високо октанско гориво во туражната машина на ВМРО. Успеа да го разбуди лавот (денеска тоа беа лавиците) кој ги наостри ноктите и забите за претстојниот дуел со хиените од СДСМ.

Ваква услуга ВМРО не очекувала од својот долгогдишен политички ривал. После десетгодишно менаџирање со државата
каде логично доаѓа до успивање, забавување, невнимение – СДСМ успеа да му направи услуга на Груевски за нови 10 години во премиерскиот кабинет.

Не знам кој идиот е ПР-от на СДСМ (Роберт Поповски, веројатно), но успеаa за година-и-пол толку да ја измалтретираат македонската јавност, успеаа толку пати да ја навредат, така да ја потценат – што таа енергија експлодира попладнево во Јане Сандански. Експлодира, но само како пре-ерупција, кога вулканот прави односно покажува сеизмички, гасовидни, термални и хидролошки појави што најавуваат голема експлозија.

СДСМ успеа да го мотивира МАКЕДОНСКИОТ народ, за тој да покаже кој е “шумарот“ во Македонија.

ПР-от на СДСМ и порано, но во последнава година-и-пол особено, успеа да им се закани на административците дека ќе ги избрка од работа. На банкарите успеа да им се закани дека ќе одговараат што купуваат обврзници. На земјоделците им се заканија дека ќе им ги одземаат концесиите и субвенциите. Пензионерите ги понизија кажувајки им дека со тоа што владата на ВМРО перманентно им ги зголемува платите значело дека ги корумпирала и навредувала. На МАКЕДОНЕЦОТ му порача дека треба да е македонче. Згора на тоа дека е ем македонче, ем без историја, ем народ од преквчера, ем не потекнува од Александар и Филип!!! СДСМ се закани дека се живо ќе апси без закон и докази. Дека ќе смени се од кафекуварка до дирекотр. Дека ќе јадат живи луѓе. СДСМ порача дека 4-тото место на кошаркарите и успесите на ракометарите се без везе. Дека погбијата на хероите во Куманово лани им е неважна, дека сакале уште повеќе наши полицајци да се мртви. СДСМ порача дека сака народот да копа по контејнери.

Е така, СДСМ успеа – навистина успеа, да го измотивира севкупното членство на ВМРО но и најголемот дел од неопределните за ерупцијата што ќе следи на недела дена пред Велигден.

На крај, само да им подразјаснам на оние што сакаат да спинуваат дека жените биле приморани да дојдат, демек на сила. И биле залажани со газиран пијалок и сендвич! Дамите што јас ги видов по улиците околу салата, сликите што се по социјални мрежи, покажуваат девојки и госпоѓи со фризури, фенирани, тазе фарбани, со пеглана коса, шминкани, со свечена гардероба, високи штикли, накит на рацете и вратовите… Така “на сила“ не се доаѓа?! Со 10-12 сантиметри тенки штикли, фризура по најнов терк, нова хаљина, убав капут, стокмена шминка и соодветен накит никоја жена на светот нема да се спреми да се појави, а тоа да биде “на сила“. Но, тоа е стратегијата на СДСМ. Да ги навредува своите сограѓани и потенцијални гласачи. Само така нека продолжи. Додава кислород за експлозијата што следува.

СДСМ успеа, јас им честитам на Орданоски, Милчин, Фрчкоски, Героски, Тричковски, Ризаов, Грчев, Најчевска, Малевски… Им честитам што покажаа за КОГО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ГЛАСА во Македонија. На 24-ти април или било когаш натаму. Им честитам што народот го собраа на купче, го мотивираа, го подразбудија…

Им честитам. СДСМ успеа – навистина успеа!

Миленко Неделковски

24.01.16

Скопје

22.30 ч.