Доколку може да има објаснување за однесувањето на врхушката на СДСМ, тешко е да се рабере зошто глутница будали упорно се туркаат себе си во провалија?! Како оние кутри животинчиња што се џиткаат од висок клиф во бездна и смрт.
Самозалажувањето е лек за многу работи, комплекси, неуспеси, неостварености… Ама самозалажувањето не е алатка што може посакуваната измислица да ја претвори во реалност. СДСМ, нејзиниот врв, нивните медиумски улизувачи не можат, ма Господ не може, самозалажувањето да го претворат во стварност.
Ете, за помалку од една година видовме дека всушност 150.000 фантомски гласови што ги трубеше СДСМ, всушност не постоеле. Дека изборниот законик бил сосема во ред. Дека жителите од Пустец не се по број како жителие на Њу Јорк.
Видовме исто така дека испитувањата на јавното мнение што ги прави Влајко кореспондираат со оние на Брима Галуп. Дури се за нијанса и поконзервативни. Видовме дека предвидувањата на Влајко и Брима Галуп се остваруваат. Видовме дека тоа не се партиски војници како таткото и синот Спасови од “агенцијата“ Рејтинг.
Реалноста а не самозалажувањето се покажува на улица каде митингот на ВМРО е со 100 илјадна посетеност, додека оној на СДСМ имаше околу 17-18.000 луѓе.
Реалноста се покажува и по тоа што без разлика на поводот, не успеваат да соберат на протест повеќе од стотина луѓе. И тоа по правило се истите ѓунери, сашоордановци, милчини, геровци, петарарсовци, киренаумовци, тасковци…
Ситуацијата на теренот даде јасна слика дека во Македонија терористичката српска организација Канвас и криминалецот Срџа Поповиќ не можат да виреат. Зошто? Затоа што во Македонија живее умен и мудар народ.
Да, во Македонија можат да се случат подгоричките настани, каде граѓаните сакаа да го заземат парламентот, ама само ако на улица е ВМРО. Уште се сеќаваме на снајперистите што Бранко Црвенковски ги постави на околните згради околу собранието за да се спасува себе си. Кога е ВМРО на улица оно пресудува според националните интереси, не според лукративните желби на поединци. ВМРО било и е спремно да ги линчува и Љубе Бошкоски и Борис Трајковски, и Бранко Црвенковски и Владо Бучковски и секого кој работи против интересот на овој народ.
Па така, навистина е тешко да се разбере, зошто при здрав разум, има луѓе што се претстатвуваат како професионалци, новинари, уредници, интелектуалци – а ежедневно се глупираат џиткајки се од карпа?! Македонски леминзи!!!
Мене не ми се верува дека внукот на кодошот од партизнаските едниници во Беломорска Македонија Саки Кировски, потоа човекот кој ја згасна А1 Александар Чомовски, па најпознатиот косовски лобист Сашо Орданоски, па во младешките денови рационалниот Спец Ризвановиќ, па потоа музикантот Стојан Трпчевски од МТВ, па неговиот уредник Горан Петревски, па Борјан Јовановски портпаролот на вмровско-достадимовскиот претседател Трајковски и се така на број не можат да ја видат вистинската ситуација!
а не им одговара! Се поставува прашањето дали е толку голема парата што ја лапаат, или е толку големо сознанието дека би биле неспособни/непотребни било што друго да работат освен да шират лаги, манипулации и спинови?!
И, навистина. Што би можел “интелектуално“ да работи Ризвановиќ ако не да одработува за газадата силеџија и криминалец Роби Телекабел? За кого би лобирал Сашо Орданоски ако не му се шиптарските пари? Ете, Александар Чомовски се проба на МТВ, се врати една сезона и беше најнегледан во македонскиот ТВ етер. Што би можел тој друго да работи? Што ќе работат Стојан и Горан Чизмарот откако ќе бидат избркани од новиот директор? Впрочем Чизмарт и изјави дека дошол во МТВ не за друго, ама затоа што фамилијата му била во беспарица. Што би можел внукот на беломорскиот кодош Саки Кировски да работи откако како уредник на телевизијата на криминалецот Андреја Јосифовски во само една недела 4 пати беше дебело демантиран за новиот “дознава“ тип новинарство? Што би можел давајгаз како Борјан Јовановски да работи ако не му се ЕУ парите, сестра му Нана и внука му Тања со “дознава“ новинарството?!
Да, да… Што можат да работат сем да се самозалажуваат. Гушкањето со Јункер да го претстават како изолација, бранењето на националните интереси да се претставени како некооперативност, прошетка до Израел да биде средба со вториот човек на Мосад, парчиња од нелегално прислушкувани разговори да се крунски доказ, обвинителка што досега се бавела со кражба на дрва на дивосечачи да е единствениот спас, бегањето од соочувањето со народот да е стратегија, а за 10-те последователни порази да се виновни клетите вмровци!!!
Но, самозалажувањето носи една неизбежна работа. А тоа е гнилежот. Таков организам кој се самолажува преку тоа што во своите соништа му проектира пропаст на другиот, гние однатре. Гнилежот го распаднува организмот на самозалажувачот, смрадот излегува на сите страни. А душата, а подоцна и телото, се претвара во куп фекалии.
Жалам, ама на овие што се самозалажуваат морам и денеска да им ја соопштам вистината што не сакаат да ја слушнат ниту видат. Значи, ни Пржино, ни Прибе, ни Катица, ни Ивица и Марица, ни лошиот волк, ниту било која бајка не може да ја поклопи вистината дека на изборите во април ќе загуби СДСМ ДЕБЕЛО. Вистината дека народот своето мислење не го променил ниту заради бомби, ниту заради Ван Хојте, ниту заради Нуланд. Вистината дека нема а и не може странски фактор да му помогне на СДСМ.
Вистината дека на меѓународната заедница и треба стабилна, безбедна и кооперативна Македонија со лидер чив збор значи остварено ветување. Вистината дека во Македонија во моментов нема втора особа покрај Никола Груевски, која ја има довербата на граѓанинот. Доверба дека се работи за човек што не лаже, што дадениот збор го испочитува до крај, кој работи во интерес на државата и народот, кој гради, создава, инвестира во сегашноста и иднината на Македонија.
Па така, вие сега пак влезете си во трулежот на самозалажувањето дека ете, кога Нуланд ќе дојде, Грујо ќе падне!!!
Колку што се сеќавам, требаше да падне за три дена, па за три недел, па за три месеци!!! Сега, како стојат работите, ќе се препроектирате на три години. А за да не згрешите, проектирајте ја бројката триесет-и-три! После толку години, можеби ВМРО ќе има солидна опозиција во Македонија! Но таа секако нема да биде СДСМ.
Миленко
25.10.15
7.33 по новото сметање на времето