Плус 40 и повеќе.
Црниче е минато.
Изборите во април се блиската иднина.
Како е на терен? Меѓу народот, по градовите, селата, патиштата???
Паааа, искрено говорејки – различно.
На пример, ако си СДСМ, тоа значи дека си на одмор во Грчка (за пониските ешалони) или низ светот ако си Рада и Бобо, или ако си фамилијата на Зајко… Значи исто така дека си по риба, ако си Фрфљо. Или си во кафенска ладовина со ногу малиган во себе, ако си Ерол. Ако си пак сороспија, тогаш произведуваш секојдневно текстови, како Сашо Орданоски, на пример. Во секој случај, производот на сорос-сдсмовската машинерија ова лето, доколку не е уживањто на НАШЕ море, се милиони беспотребно напишани букви и безвредни зборови. Тоа сдсм-соросидите произведуваат. Едно големо НИШТО.
Спротивно, само во неколку дена Никола Груевски донесе вработување за безмалку 10.000 наши сонародници, стонастотно ги обештети настраданите од поплавите зимоска, гради три автопати, ќе го привршува експресниот пат Велес – Штип… Новиот Министар за Транспорт е постојано на терен, Диме Спасов е хипер активен како и секој досегашен ден по наименувањето во Труд и социјала… Значи, работа и само работа.
https://youtu.be/NiP2LOHSxDc
Додека Орданоски, Милчин и Фрчкоски се бават со повикување на странски интервенции… Додека Либертаси и Плусинфа заговараат дека ќе се реализира и она што го нема во документот од Црниче, вклучително и промена на името… Додека исфрустрирано жени со ич секс како Ива Секуловска режираат сачекуши… Е, за сето тоа време сериозната политичка опција во Македонија гради, отвора, менаџира, работи…
И кога ќе паднат температурите, и кога ќе заесени и зазими, и тогаш ќе биде исто. Едните ќе мрсомудат, другите ќе работат.
Разлика е тоа. Разлика од 150-200.000 гласови. Разлика да некој има 58-60 пратеника, а другиот – неработникот едвај 26-27.