ЗАБОРАВЕНИТЕ ВЕСТИ ОД СВЕТОТ…ДЕНОВИВЕ
САД подигнаа царини за алуминиумот и железото кон Бразил и Аргентина, поради намерната контролирана девалвација на нивните валути со што американските производи стануваат поскапи во Рио и Буенос, понеконкурентни, па контра мерката била царини. Ваквата наводна заштита на американската економија всушност значи удар за бразилскиот измеќар Болсанеро, повлекување на САД од јужно-американскиот околиш и оставање простор за развој на мултиполаризмот.
Најголемата печатница за пари, Де Ла Рое, која оф корс се наоѓа во Британија, која штанца пари за 140 земји(чао сувереност) и пасоши за над 40-на држави, најголемиот снабдувач со пари на Банката на Англија, че банкротирала. Сами си се пожалиле. Уф леле :).Ова значи дека се подготвува многу брзо монетарен хаос со цел наметнување на проектот “њу грин дил” на Банк оф Ингланд, како спасоносен(за нив). Тоа значи чипирање на човештвото, повисоки даноци(за вишок карбон во воздух) ако не си зелен според нивните напатствија и тн ефтини вечни кредити(за “еко” коли, “еко” куќи, “еко” облека) од нивните банки–вечно ропство.
Во совршената Шведска, на секои 3-4 дена пука по една бомба, во просек.
Во Сирија кај џихадистите се забележани германски тенкови.Билд открива дека Турција им ги дала, но дали ?–Леопард 2 користат и Германија,Грција, Канада…
Трамп не е задоволен од Гуаидо. Го пушта низ вода и подготвува нова тактика во Венецуела–или да го наведе на своја страна Мадуро–мирно ем богато да ја даде власта на други луѓе кои би биле суверенисти ама Трамп да го задржи образот дома а посредници да бидат Кина и/или Русија. Не значи дека ќе успее, но, ако залог е светот ?!
ЕУ се дебили. Според Дојче Веле, Брисел би го омекнал ставот кон Русија со цел да ја оддалечеле од Кина. Не за џабе на роденденската забава, пардон, на поменот, за НАТО во Лондон, токму Кина се посочи за главен предизвик.
4% од БДП за воени потреби на земјите членки на НАТО е новото барање од Трамп до рекетираните земји. Невозможен таргет ради оправдание–воведување царини, укинување повластувања, кон оние кои нема да го достигнат, што предизвикува или САД да се повлечат од Европа или граѓански немири во ЕУ ако не се распадне НАТО. Заев плус Мицко би оделе и на +6%, море и за грчка ќе платат.
Инаку Турција го поддржала планот на НАТО за милитаризација на балтикот, а за возврат ветено и било дека НАТО ќе изврши инвазија врз Сирија доколку Турција биде нападната од таа земја од било кого (дали од сириската војска, дали од Курдите, не важно). Нападот на НАТО врз Сирија би бил засигурно вовед во трета светска војна со милијарди жртви, а ако не се случи, тоа(немањето реакција од НАТО) би бил дефинитевен и де факто крај за НАТО. Кој кого како мести ? 🙂
Главниот економист на Дојче Банк Секјуритис, Торстен Слок, наведде 15 точки поради кои се очекува силно, економско барем, треснување од земја на САД во 2020/21, а заедно со Германија веќе се на праг на рецесија.
Русија и Украина прво се договорија за нафтоводот, па сега и за рускиот гасовод низ Украина.И за Донбас ќе се договорат. 🙂
Јавните објави во странските медиуми за македонскиот рекет со барем еден странец вклучен, би значеле дека новата Јалта стапила на сила, а ако некој е многу незадоволен и близу црвеното копче е па јбг. И да,зачестени пријави за НЛО
Игор Цветковски
Скопје, 10.12.19