СВА ПРАВА

СВА ПРАВА

Како и секој жител на оваа држава, сакал или нејкел, имам пријатели, познаници, колеги, комшии, роднини кои на последниве избори гласаа во корист на победата на СДС и Зоран Заев.

Секако, тоа не им го земам ниту за лошо ниту за грев, иако подоста од нив ми земаат и ми земале за грев зошто давам поддршка на спротивната политичка опција.

Јас, велам, за грев не им земам. Тоа си е апсолтно нивно право за кого ќе гласаат. Возрасни се, понолетни се, образовани се, умни се. Верувам дека имале сериозни причини за со својот глас да го поддржат Зоран Заев, а да го казнат Никола Груевски.

Во покер, по скопски, тоа се вика “сва права“.

Искрено, би сакал да помислам дека во глобала тие луѓе биле прелажани, изманипулирани, изблефирани. Во секоја, па така и во кампањата на СДС имаше купишта ветувања. Човечки е некому да поклониш доверба, да мислиш дека ветувањата му се искрени и чесни.

Реално, само таа помисла дека се излажани од лажната понуда ми дава надеж  дека тие луѓе се сеуште луѓе. Мои пријатели, другари, роднини, познаници, комшии.

Зошто?

Па затоа што, знајки ги сите поединечно, знаејки ги и нивните деца и нивните фамилии, не можам да верувам дека било кој од нив се согласува ПЕДОФИЛ да добие награда од државата и од раководствто на државата. Просто не можам такво нешто да верувам. Ликовите на тие луѓе, фамилии, ми се пред очите во овие моменти, а никако не можам да ги ставам во слика каде аплаудираат на умоболни фрикови што сакаат, или имаат, секс со деца. Не можа да верувам дека поддржуваат децоебачи.

Со иста неверување сум и дека сакаат да се дружат со Боки 13 и слични перверзњаци. Не ми се верува дека тие мои познаници, роднини, пријатели би сакале нивното чедо по извесно време да им личи на Боки 13. Пред очите ми се ликовите на нивните деца и внуци, и не можам да си ги замислам како Боки 13 полни со ботокс и со умоболие.

Сите овие луѓе кои сега ми се моткаат низ главата се од категоријата која “стручњакот“ Бранимир Јовановиќ (тип кој така жестоко се избламира да неговиот шеф Данска Тевдовски за него личи како да е професор на Беркли) ги стави во категорија “богати“, бидејки нели имаат дизел возила. Не гледам, искрено не гледам, ниту еден од нив кој гласал за да вози поскапо гориво. Поскап дизел.

Натаму, тие што ланскиот декември гласаа за СДС и Заев, беа ептен лути на “трошењето“ на 400 милиони евра за Скопје 2014. Биле, нели најавени дека ќе се потрошат 80, ама “криминалната“ влада потрошила 400 милиони евра. Потрошени, да потсетам за градење и во време на светска монетарна и економска криза, со што куртулија градежнте фирми и вработените во нив. И, еве сега, тие што беа лути за 400-те милиона за градење се соочија со себе и своето огледало наутро да си објаснат зошто и како “нивнава“ власт за 5 месеци се задолжи 600 милиона, при тоа ништо не градејки! Стварно, еве дел од овие гласачи, мои познаници и роднини, кои беа строги кон 400-те милиони на Грујо, како се однесуваат кон 600-те милиони на Зајко?!

Дел од овие луѓе, на кои им ја посветив колумнава живеат во проградски населби ко Ченто, или во подалечни урбани ко Ново Лисиче или Карпош. Не ми се верува дека гласаа на последниве локални избори за да се возат во зглобни автобуси, оние во кои преку лето е топло, а преку зимо студено? И кои загадуваат, оти не се ниту по “Еуро 2“ стандардите. Една бабичка пред некој ден во зглобна, односно “трудна“ двојка, од Автокоманда накај град му се бунела на шоферот. Овој и одговорил: “За Петрета си гласаше, бабе“.

Во врска со името, мислам дека дел од луѓето за кои сега пишувам, немаат патриотски став. Едноставно името на државата не им е важно, па од тој аспект, гласањето против патриотите од ВМРО а во корист на комуњарите од СДС ми е разбирливо.

Но, не ми е разбирливо истите тие навијачи на партијата која е наследник на СКМ, односно КПМ, односно партија која инсистира дека ја водела НОБ – да гласале за програма во која нивните херои, нивните партизани прогласени за народни херои, ќе бидат избришани: Мучето, Дуња, Рацин, Питу, Коле, Мирче, Страшо???

Не верувам дека тие што гласале за СДС а живеат во Пролече, Мичурин, Острово, кај Нова железничка – гласале за да има мафијашки егзекуции во влезовите од нивните згради. Не верувам дека сакаат нивните деца и внуци да гледаат крв од главата на некој кој е егзекутиран со 5-6 куршуми во черепот.

Можам вака да си поставувам дилеми,  а ним, на тие мои познаници и родни да им поставувам прашања до бесвест. Бесконечно. Оти она што СДС како штета по народот и држава го направи за 5 месеци е равно на брзината на Хусеин Болт на 100 метри.

Еве на пример. Гневот против владата на Груевски беше во врска со наводната злоупотреба на јавните набавки. СДС, еве, го укина “Контролното тело за јавни набавки“. Значи нема да има никаква контрола кому и како му се доделуваат јавните набавки за шкампи, октоподи, индиски оравчиња, нафта за школите, авионски билети, санации, асфалтирање… Едноставно и во тој сегмент, како што е сега во безбедносниот и финансискиот, ќе дојде до тотално безвластие.

Овие мои пријатели, роднини, познаници, комшии, колеги беа редовни на протестите што беа органзирани од најразличните НВО организации. Го гушкаа ГТЦ. Бараа и направија референдум за ГТЦ! Нели сетаат дека дислокацијата на споениците на Ќосето или Мајка Тереза, на Александар Македонски, преименувањето на аеродромот и слично исто така бара гушкање и референдум? Колку, ако ништо друго, да се покаже доследност, принципиелност! Или сега веќе нема НВО што ќе ги оргазира оти сите невладини активисти станаа владини чиновници. Ах, да! За тоа ли гласаа за СДС, за Цацко и Коко да се направат чиновнци?

И крајно, кога овие мои роднини, пријатели, познаници, колеги, комшии, гласаат помислуваат ли дека има нивни сонародници што не живеат во Скопје и не се прехрануваат од службеничка плата во банка, пошта, општина, апотека, школо? Не помислуваат ли дека има и такви наши сонародници што живеат, на пример, од земјделство? Тие, ќе се согласиме, не се од редот на “богатите“ како што ги третира оној ретард Јовановиќ, иако возилата им се на дизел гориво!?!? Тракторите, камиончињата, жнеалките, комбајните, редосеалките… На дизел. Акцизата и нив ги погодува, и тоа најмногу. Со самото тоа го погодува и произвдот, доматот, чушката, јаб‘ката, салатата, арпата…

Затоа, како поука, ја цитирам ФБ пораката на Костадин Христов кон Бранимир Јовановиќ: А земјоделците на плин ли ќе возат, племе ти ебам ретардирано.

Kostadin Hristov A zemjodelcite na plin le кe vozat pleme ti ebam retardirano

 

Пак велам, “сва права“ за гласањето, ама вака од страна гледано многу е мазохистички. А ќе се одрази и на вашите поколенија, деца и внуци.

 

 

Миленко Неделковски

Ден Задушница

Скопје, 04.11.2017

20.04