Сашо Климовски до Јоци

Сашо Климовски до Јоци
Системот на вредности на еден човек е огледало на тој човек. За жал, твоето огледало е искривено и замаглено. Се гледа дека си или неинформирана или се правиш дека не си. Тоа “бебе Тимчо Муцунски” што го нарекуваш е коавтор на учебникот Корпоративно управување на проф. д-р Александар Климовски и проф. д-р Тито Беличанец истовремено и на учебникот Право на игри на среќа на проф. д-р Александар Климовски и е докажан на Правниот факултет како млад кадар кој ветува. Тоа “бебе Тимчо Муцунски” е доцент и е избран од страна на професор д-р Владо Бучковски (идеолошки левичар како тебе) како негов асистент, од што произлегува дека неговиот капацитет е оценет и награден од страна на врвен професор, а не поради партиска припадност.
Од твоите беседи на Facebook се гледа дека се залагаш Македонија да влезе во ЕУ, а притоа си ја негираш сопствената држава. За разлика од тебе ГДОМ се залагаше за унитарноста на државата, еднојазичноста, легалитетот, неважност на незаконските прислушкувани материјали, почитување на граѓанската волја на македонскиот народ, националниот идентитет на македонецот.
ГДОМ ги предвиди на сите штетни настани кои што СДСМ ги стори на ова држава преку штетните договори: Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Законот за СЈО, а со марионетската влада на Заев која што работеше против антимакедонски интереси. Морам да констатирам дека овие твои наводи против сите активности кои што се насочени против зачувувањето на унитарноста на Македонија и идентитот на македонскиот народ, како конститутивен народ на државата се водени од недостаток од релевантни информации за мотивите на ГДОМ и истите се малициозни и политички детерминирани. Се надевам дека дотичната госпоѓица Јоци како “оpinion maker” 😊 ќе докаже со оглед на сите настани во овие неколку години од владата на СДСМ каде дека сум згрешил јас и колегата Муцунски како членови ГДОМ.
P.S. Очекувам госпоѓица Јоци да приложи дел од нејзините идеолошки јавни профилации како доказ дека се согласува со сите политики на Зоран Заев и Владата предводена од него во остварувањето на програмските заложби на сдсм, а е против унитарноста на Република Македонија, употребата на македонскиот јазик на територијата на Република Македонија и почитување на Уставот на  Република Македонија (процедура и материјално право)
Поздрав,
Проф. Д-р Александар Климовски
Редовен професор на Правен Факултет и член на ГДОМ