САКИ – ГРОБАРОТ НА МЕДИУМИ

САКИ - ГРОБАРОТ НА МЕДИУМИ

Атанас Кировски Саки е познат по погребувањето на медиуми. Тоа му е основен занает, а не новинарството.

Тој како внук на тастер во редовите на партизаните во Беломорска Македонија, ја одработува агендата на оние што ги поседуваат кодошките фамилии во сите генерации. Такви кодошки фамилии има многу. Еве некои: Циле Тупурковски и татко му Титан, Борјан Јовановски со татко му Мето и дедо му, Петарите Арсовци, Владе и Илија Милчин и така до бескрај.

Конкретно, Саки е гробарот што го затвори и уништи неделникот Форум. Тоа го направи со знаење и помош на тогашните екс-сопственици Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски. Форум беше продаден од Сашо и Џунер за баснословна сума на фирмата Сеавус, а оваа со помош на Чашулевци (еве уште една фамилија) и пред се на Саки, го затвори Форум.

Еве сега слично.

Андреја Јосифовски е при крај со договорот со русите што му ја преземаат фирмата. Оваа пропаднатата, АД Макпетрол. На русите телевизија не им треба, му ја оставаат на Андреја и неговата приватна фирма Оилко. Ама Андреја не е заинтересиран да плаќа од џеб. Навикнат е да плаќа од џебот на своите изманипулирани акционери. И сега бара начин како да ја затвори, ама да не биде он виновникот. И така, се обидува преку братучедот (на сопругата) Саки и уште еден кодош (Чомовски работи за германската БНД) да претстави дека Владата, Груевски, ВМРО ќе ја ликвидираат Телма.

Ова погоре се моите сознанија.

Еве ги сега сознанијата на Емилија Гелева:

ТЕЛМА нема никаква врска со менаџментот на Макпетрол оти сопственичка на Телма е г-ѓа Јосифовска, на која менаџментот на чело со Андреја Јосифовски и ја има “продадено” телевизијата и која само случајно му е сопруга. Инаку, професионалецот Кировски, исто така случајно, и е братучед на сопственичката Јосифовска. Тоа што акционерите на Макпетрол се оштетени и со ова “законско” оттуѓување на дел од нивниот капитал изгледа и воопшто не е дел од криминалното досие на Јосифовски и компанија, како што не е и долгогодишното перење пари од страна на Ристо Лазаров, претходникот на сегашниот директор на Телма.

Еве сега едно мое прашање:

Како можеа Претседателот Иванов и неговиот кабинет да си дозволат Претседателот на Република Македонија да гостува во емисија каде водител е уништувач и затварач на медиуми? А сопственик е фамилијата која на врат зема неколку илјади акционери и доверители. Како можеа да си дозволат да гостуваат во телевизија на даночен затајувач и криминалец? Како е можно човек што толку многу ја знае нашата напатена историја, каков што е Хорхе, да седне во емисија со водител кој е полициски кодош, токму како и дедо му кој бил кодош во корист на фашистите и грчките истребувачи на МАКЕДОНЦИТЕ од Беломорска Македонија?