Русија vs САД во Сирија – Chess for Dummies

Русија vs САД во Сирија - Chess for Dummies

Бев 2-3 дена зафатен со чистење на гноивото во шталата, пролетно чистење, исфрлање и проветрување за козите и јаренцата да може на чисто, суво и здраво да живеат. Ги читав разните коментари и анализи, ама со волан во рака од камионот кипер и полугите на скипот не бев во можност да пишувам на телефон.

Па така, ај сега на раат.

Значи, за загрижените млади пиленца што одеднаш станаа големи светски политичко-воени аналитичари, за оние што завчера открија дека постои нешто што се вика Страдфорд, за тазе “но нејм“ ТВ водители и крајно за НАТО-САД навијачката група на ФБ. Малку логика, предзнаење, објаснување. Или како што сликовито објаснува насловната фотка на текстов малку “Chess for Dummies“. Оти, нели, “шаховската табла“ на Збигњев Бжежински одамна стана “Не лути се човече“. Сега, навистина тешко е на инфантилци кои играат “Не лути се …“, да им кажуваш за мастер потезите на Аљехин, Петросјан, Ботвеник, Ларсен, Аљехин, Капабланка, Фишер – ама ете, да пробам.

НАТО-САД навијачите во петокот “триумфираа“ со “ете, видовте, Трамп бомбардираше. Не уцвика. Дај сега да го видиме Путин“. Глупо… Ептен глупо.

Минатата недела и почетокот на викендов е доказ дека САД и НАТО ја изгубија воената супермација во Средоземјето, а со тоа и во светот. Соочени со иссмевање и капитулација од нивната интервенција за “донесување демократија“ во Сирија, мораа да најдат начин да покажат на домашната јавност (американска, британска, француска) дека не се поразени, ами достоинствено ќе  се повлечат од Сирија.

Просто кажано, САД бомбардираше ненаселени полиња низ пустината, за да покаже дека не уцвикале пред руската флота која е анкерисна пред портите на Сирија. Тоа е PR за домашната им, и онака слабо информирана, јавност.

Сите “аналитичари“ и пилиштари заборавија на клучните тврдења на Руската и на Американската армија дека се во постојана комуникација. И дека американците пред да “бомбардираат“ на русите им кажале каде ќе го направат тоа. Јасно е дека ако знаеле русите, знаеле и сиријците. Токму затоа, утрото после “бомбардирањето“, Асад пешки замина на работа шетајки се низ раздвижениот Дамаск. Над 100 ракети рано наутро испукани, а жителите на Дамаск си се шеткаат, работат, купуваат безгрижно. Јако, значи, бомбардирањево.

Сиријскиот Генералштаб извести утрото дека од “бомбардирањето“ се повредени, значи уште еднаш – ПОВРЕДЕНИ, три лица. Веројатно кога се сопнале од некој камен или се слизнале по скали. 100-и-кусур бомби врз “непријателот“ со резултат од три повредени непријатели!?!?!? Да го цитирам, милијарда пати цитираниот Кили, “ма дај не ме јеби“. Математички прецизно (ееее Мицко, Мицко…, на мајтап ти ги земаат изјавите), една Томохавк проектил чини околу милион и 400 илјади долари. 103 се испалени во петокот кон Сирија, значи дека само во единица мерка тоа чини 150 милиони долари. Плус се тука екипаж, навигации, бродови, чуда… Дури и да е “само“ 150 милиона трошкот, тоа  значи дека САД потрошила по 50 милиони долари по повреден човек прексинојка!!! Јака “инвестиција“, нема што.

Рускиот Генералштаб изјави дека армијата на Сирија, значи сириските војници, собориле 71 од тие 103 проектили. Значи, сиријци (мали, црномурести, лоши, примитивни, религиозн луѓе) на надмените синооки, плавокоси, високи, стројни, убави, набилдани и добронамерни амерканци, им срушиле 2/3 од ракетите. И тоа војската на Сирија употребила ракети и радари од руско производство од 60-тите и 70-тите години! Да претпоставиме на современите Томохавки, носачи на авиони, подморници, крстарици, авиони на САД да се спротистави руската војска, со руски обучен персонал и со нивните најнови оружја?!

Од овие супер прости примери се гледа дека САД и НАТО барале “достоинствено решение“ (ееее Мицко, Мицко. Мајтап изјави.) како да излезат од Сирија а тоа да не ја поткопа домашната политичка агенда на Трамп, Меј, Макрон, Меркел…

Уште ако следи и некоја мировна конференација каде и ти ќе  имаат столче, тогаш задачата ќе биде комплетирана.

Јасно е дека вековната руска воена стратегија за навлекување на противникот кој напаѓа, до ниво да сам сака да се повлече, еве ја одигра и Владимир Владимирович.

Како што Наполеон, кој ја “освои“ Москва, сам ја напушти и почна да бега од Русија оставајки го французте да замрзнат во белоруските и руските бескрајни полиња…, како што на гермнците им се “оствари“ желбата да “маршираат“ низ Москва, па на чело со Фон Паулус маршираа кон гулазите и московското метро што потоа со децении го копаа и градеа…

The German army marching in Moscow

Gepostet von Carlos Arrigoni am Mittwoch, 4. April 2018

…така и ова “бомбардирање“ на Сирија. Од курчење дојдовме на ниво на раскурчување.

Лидерите на “западниот свет“ мораа да најдат начин да ги замаскираат внатрешните проблеми и да покажат авторитет. И затоа, повредија тројца сиријци. И тоа цивили!!!

Уште еднаш математка: од 100 испалени ракети, 30 имат погодени празни пољани. Од 71 што биле наменети за да уништат аеродроми, само 7 ја погодиле целта. 4 од овие 7 ја погодиле базата Мезех које одамна не е во употреба. Лидерот на “Армијата на исламот“ Мухамед Алуш, онака разочаран, овие бомбардирања ги окарактеризирал како фарса.

“Западот“ со овие “бомбардирања“ сакал да си го спаси реномето, но ударот да биде ограничен и да не биде конфронтирачки со Руската мечка и Кинескиот змеј.

Од спротива, Сирија а и Русија со нив, веќе ја добија војната и против ИСИЛ и против најразлични муслимаснки братсктва и силамски армии. И против САД и НАТО, секако. Русија на глобално ниво ја доби и војната против потпалувачот на огнови на војната – Велика Британија, вадејки ја на виделина целата акција на британските тајни служби и медиуми под нивна контрола, од измислувањето труењето на Скрипл и ќерка му до хемискиот напад на Дума во Сирија.

 

Да потсетам дека пред 19 години Бил Клинтон кој беше соочен со пуши-под-маса скандалот со Моника Левински, дојде до заклучок дека една добра војничка супер ќе му дојде. Па го бомбардираше нашиот северен сосед. Сега, во слична ситуација е и Доналд Трамп со аферата со порно глумицата Сторми Даниелс.

 

Па затоа, она што го мислеше кога не беше претседател на САД, а и она што го ветуваше, сега во целост го погазува.

 

Да заклучам. Руската мечка со помош на Кинескиот змеј го надвладеа досегашниот единствен светски хегемон – американскиот орел. Во сударот на спротиставените стратегии, победи руската доктрина на Кутузов и Жуков. Доминацијата на светот од страна на САД, Британија и НАТО после петок 13-ти (април 2018) веќе никогаш нема да биде иста. Во паѓачка путања е. Се повеќе и повеќе мали, незаштитени и слаби државички и нации ќе почнат да и се спротиставуваат на Американската солдатеска.

 

М. Неделковски

15.04.2018  – Скопје