УСОГЛАСЕНИОТ ТЕКСТ НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е ПОНИЖУВАЧКИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Текстот на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, кој е веќе усогласен и објавен е срамен,навредлив и понижувачки за Македонија. Просто е неверојатно дека е значително полош дури и од капитулантската декларација од 1999, со додатно и сериозно игнорирање на македонизмот.
Денес, 27 јули 2017, добивме дискретна потврда дека и зад овој новкатастрофален пораз на Македонија, повторно стојат САД. Исто како и во 1999-та. Амбасадите на Бугарија и САД во Скопје, објавиле заедничкото соопштение со кое го поздравуваат договорот! Зошто имало потреба двете држави заедно да слават ако проектот не е заеднички? Ова е само нов доказ за длабоката американска вклученост во сите наши досегашни четврт вековни голготи. Да потсетиме дека на почетокот на нашите страдања, во 1990-тите, кога започна крајно нелегалната медијација на СБ на ООН околу името, претседателотна САД, Клинтон, го одреди Нимиц (од 1994 до 1997 година) да биде негов личен претставник во тој процес?! Според која логика и критериуми, претседателот на единствената супер сила, требало директно да следи еден билатерален проблем? Зарем немал поважни задачи? Тоа неизбежно значи дека главната намера била и да се влијае. Зошто инаку би се мешал? Заклучокот е само еден – САД имаат директни и важни интереси во и околу Македонија. Тоа е неспорен факт веќе 25 години.
Затоа:
а) ни го суспендираа името воСБ на ООН;
б) ни ја наметнаа Привремената спогодба;
в) ни ја спремија декларацијата со Бугарија во 1999;
г) ја организираа војната од 2001-та;
д) ни го подметнаа Охридскиот рамковен договор;
ѓ) целосно ја променија политиката на НАТО кон Македонија во 2008-та и од отворени врати ни поставија блокада, уцена и ултиматум – прво името потоа членство…
е) го организирааи прислушување;
ж) го смислија Пржино…
Дојде редот САД да не докусурат преку договор со Бугарија, со кој дефинитивно ќе се елиминира автохтоноста на македонскиот јазик и ширум ќе се отворат вратите за прекрстување на државата и бришење на македонскиот народ. Со овој договорот, меѓународната позиција на македонскиот јазик е дефинитивно уништена. Клучно е што е тоа направено со наша согласност. Можеме апсолутно да бидеме сигурни дека Софија нема да дозволи никаде во светот (ООН, НАТО, ЕУ, ОБСЕ…) нашиот јазик да се регистрира без додавката – “според Уставот“. Македонски јазик ќе нема никаде. На Вашингтон му преостанува само уште да ја заврши епопејата околу името и народот, започната преку Атина, и приказната за македонизмот ќе биде целосно и дефинитивно завршена. И таму, како и околу јазикот со Софија, потребна е наша согласност и на тоа веќе упорно се работи. Македонија покажува дека е спремна да витка ’рбет и да капитулира а Божидар Димитров и сличните во Софија се’ уште не можат да сфатат дека кај нас се нашле такви аматери кои тоа ќе го сторат. Очигледно, нашата нов авласт е спремна на стратегиски и историски отстапки, жртвувајќи ги фундаменталните интереси на македонскиот народ. Тоа е невидена шанса за сите мршојади, како од соседството така и од Вашингтон и Брисел, да ги задоволат своите апетити. Ваков каков што е, договорот е, всушност, финале на бугарските историски фалсификати. Со него, Софија докажува а ние прифаќаме дека корените на Македонците се бугарски. Тој содржи само бугарски интереси со целосно игнорирање на македонските и е полн со нелогичности и контрадикции. Ниту еден збор не е во корист на Македонија и Македонците. Текстот е асиметричен идиректно и отворено го игнорира историскиот карактер на македонскиот јазик и неговата автохтоност. Тоа е еден од клучните бугарски интереси во договорот иако и другите не се за потценување. Еве ја замката – ако според договорот, нашиот мајчин јазик е според нашиот Устав, како било порано? КАКО БИЛО ПРЕД 1944 ГОДИНА, ПРЕД СОЗДАВАЊЕТО НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА? ТОГАШ НЕ СМЕ ИМАЛЕ УСТАВ И СЕГА, СПОРЕД ДОГОВОРОТ, ПРИФАЌАМЕ ДЕКА НЕ СМЕ ИМАЛЕ НИТУ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! Доволно ли е јасно каква глупост ќе потпишеме? Што јазик зборувале нашите дедовците, тие се знаеле.
1. Во договорот воопшто не се спомнува македонскиот народ.За Бугарија таков нема а нашите преговарачи, очигледно, не сакал еда провоцираат со нешто што не постои. Да се потпишува договор за пријателство и соработка меѓу две држави а да се игнорираат термините “бугарски“ и “македонски“ народ, во најмала рака е надвор од умот. Соработката и пријателството се меѓу народите. Меѓу луѓето а не министерствата, заводите, управите…
2. Ги нема и не се спомнуваат ниту малцинствата. Ако постоеше било каков интерес на Македонија за еден ваков договор тој мораше да се сведува на регулирање на позицијата на Македонците во Бугарија. Познато е дека тие не се признати, дека се жестоко асимилирани, дека немаат никакви права и дека се прогонувани заради своите национални чувства. Пресудите на Судот од Стразбург, за регистрација на партијата на Македонците во Бугарија, ОМО ИЛИНДЕН – Пирин, не се почитуваат. Како може да се гради пријателство со Бугарија без да се регулира статусот на тамошните Македонци, кои се’ уште се многубројни иако ги има се помалку и помалку? Какво пријателство ќе градиме со некој кој нас не не признава како народ, а нашето малцинство го игнорира на бесрамен начин?
3. Македонија мораше да инсистира Бугарија да се извини и за фашистичката окупација во Втората светска војна, макар на најблаг можен начин. Арно ама, бидејќи нам ни е доделена и послушно ја играме улогата на држава поразена во војна, такво нешто не доаѓа предвид. Место тоа, ќе го менуваме нивното фашистичко минато во нашите учебници. Зошто инаку би биле бугарски пријатели?
4. Во преамбулата на договорот се вели дека ќе се соработува “врз основа на меѓусебно почитување, доверба, разбирање и заемно почитување на интересите на двете држави“. Во бугарскиот однос кон Македонија нема апсолутно ништо од сето наброено.
5. Во истиот дел, крајно непотребно и како шлаканица за нас звучи нагласувањето на – “фундаменталното значење на Заедничката декларација од 22 февруари 1999 година, во односитемеѓу двете земји“. Се валоризира нешто што претставува флагрантно игнорирање на македонските национални и државни интереси и што, за жал со наша согласност, урнисува еден од двата столба на државата – македонскиот јазик… Така е бидејќи со тоа Бугарија ни ги врзува рацете за да мораме да се држиме до декларацијата! Професионалци и аматери. Во тоа е проблемот.
6. Овој дел од текстот завршува со класично негирање намакедонизмот. Се заклучува дека договорот ја има предвид “заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи“. Бидејќи историјата е заедничка, бугарска со други зборови, нормално е и да не се спомнува “македонски народ“. Ваква глупостнемаше во декларацијата.
7. Веќе објаснивме дека бугарската помош на нашиот пат кон Брисел е крајно маргинална. Тоа и самата Софија го признава. Во член 2 од договорот стои дека Бугарија – “ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“. Бидејќи врвотна НАТО ни постави блокада, уцена и ултиматум – прво името, потоа членство, уште во 2008-та, Бугарија и во договорот за пријателство со Македонија ни ја реафирмира својата согласност та и поддршка на блокадата!
Ееееј, какви пријатели имаме! Штомв рвот на НАТО ќе реши да не прими, Софија прва ќе аплаудира. Браво!
8. На наша додатна штета, декларацијата е надградена и со член 3 од договорот. Македонија презема обврска дека – “двете договорни страни ќе организираат, со заемна согласност, заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности…“. Нема повеќе дали сакаме или не. “Заемна согласност“ е потребна бидејќи поинаку и не може, ама не треба да биде спорно дека ќе играме по нотите од Софија и заедно ќе славиме. Бугарска историја.
9. Членот 5, кој е препишан од декларацијата, се однесува на нашата обврска да ги баталиме Македонците во Бугарија. Не дека и без тоа нешто сторивме за нив ама сега и Собранието ќе мора да потврди, преку ратификацијата, дека Македонци во Бугарија – нема. А ако, пак, случајно ги има, тоа е нивна работа и нема врска со нас. Нас и така ќе не прекрстат. Овој член е целосно асиметричен бидејќи таква обврска за Софија – нема. Тие можат непречено да ги освестуваат “Бугарите“ во Македонија.
10. За последниот став од договорот, околу нашиот “уставен јазик“ веќе доволно кажавме.
11. Бугарската министерка за надворешни работи, Захариева,јасно ни порача – “Скопје треба да одлучи, дали ќе продолжат да бидат изолирани од своите соседи и светот, правејќи се многу големи и важни или сакаат да имаат европски перспективи“.
Ова повеќе ми личи на закана отколку на пријателска порака.Вам?
Ристо Никовски
Јули, 2017