СДСШ
СДСШ, нејзиниот црпнат лидер и странските губернатори/амбасадори се јасна работа. Чиста слика е тоа. Тоа се луѓе и организации што убрзано ќе спроведуваат план за тотално исчезнување, односно бришење, на Македонската држава, јазик, народ, култура, традиција и црква. Токму така како што со години “предвидуваа“ и “погодија“ Фрчкоски, Орданоски и Милчин. Предвидоа и погодија оти нивните робовладетли им кажаа што ќе направат на оваа јадна држава.
Они се јасни, и затоа 455.000 Македонци , мнозинството Македонци, не се согласуваат со нивната стратегија.
Од нив и од нивната “интелектуала“ не може друго да се очекува. Павле Богоевски има желба да го види Груевски во затвор. Фрчкоски се спрема со француски клуч да го рашрафи споменикот на Александар. Грчев сет тој отпад ќе го фрли во шут. Тричковски ќе му свирне снајперски куршум низ глава на Груевски. Героски ќе се размавта со “кратката деветка“. Орданоски ќе тркне до Немачка да добие инструкции, а на враќање ќе слета во Приштина да добие од крвавите пари направени од дрога, оружје и човечки органи…
Они се јасна слика. Тоа е качачко комуњарска банда поддржана и платена од надвор. Тие се иднина што ние не ја заслужуваме, ниту ќе ја дозволиме. Они се моментно зло наметнато од криминалната длабока соросово-клинтоновска држава и нивните бриселски крлежи на муда. Секако, со асистенција на домашни абдали.
И затоа, јас се помалку пишувам и се занимавама со нив. Со исклучок кога има бисери како што е конверзацијата Фрчкоски – Героски. Милина една, 20 пати ја преслушав.
Да повторам, они се јасни. Видена слика, прочитана книга. Тоа е тоа од нив. Толку. Крај.
ВМРО
Затоа, во последниве две-и-кусур години, а особено од почетокот на февруари, и ептен интензивно од 27-ми април сум фокусиран на ВМРО ДПМНЕ. Нејзините кадри, постапки, политики, дејствување, делување…
ВМРО, а и ВМРО ДПМНЕ со Никола Груевски на чело, се единствениот анкер на кој може да се држи Македонија и нејзиниот напатен народ. Можеби во некоја иднина ќе се појави друга структура, друг лидер, друга опција… Но во овој момент единствен човек кој може да собере народ и да биде препознаен како национален лидер е Груевски. Велам, единствен што може да собере народ, но дали ќе сака и да го поведе е прашањето на кое сите со нетрпение очекуваме одговор.
На ВМРО сега му треба помош, поддршка, идеи, кадри, визија и план. Затоа секој на свој начин треба да помогне.
Но, за да може да делува помошта, за да може да се развие новиот план и стратегија, потребно е да се детерминираат грешките, да се увидат промашувањата, да се обзнанат слабите страни на изгубената битка со “Пржинските“ противници.
Затоа, без страв, без срам и без ограничување работите треба да се напишат и изанализираат.
Нема сврха од “бранење“ со памфлети и однапред (од другого) зададени текстови на новоизмислени, до вчера заспани и апсолутно нерелевантни ликови. Треба конкретна акција, имиња, настани, критика, совладување на стравот (и респектот), расчистување со личните интереси (“да не бидам сменет“…). Партијата мора да се ослободи од кадрите кои задскриени зад тастатури и во канцеларии, обезбедени од чувари и застраховка, олабавени со платени мобилни и солидни плати – мудруваат и продаваат знаење. А терен, народ, предизвик никогаш не виделе. Првото вработување им било на функција функционер. Тоа се кадри што секоја институција, партија, фирма ја водат во пропаст.
Со серија несреќни, погрешни и млитави потези Партијата “успеа“ да ја разниша грамадната доверба која постоеше во неа. Можеби пре остар збор е “разниша“, веројатно поадекватен опис би бил “да ја доведе во прашање“.
Во многу сегменти, основниот карактер и обележје на луѓето и членството од ВМРО беше нарушен. Членовите, следбениците и симпатизерите на ВМРО се (би требало да се) мажишта со лавовско срце, желни за директна акција, бестрашни, решителни и строго детерминирани кон непријателот. Такви атрибути, за жал, немаа 51-от пратеник во Собранието. Тие наликуваа на неталентиран хор на Јеховините сведоци со млитавото скандирање “ова е пуч“.
Според мене, политичката кариера на 51-от претставник на сегашната опозиција е завршена. Исто како и политичката кариера на министри и партиски фукнционери што присуствуваа и договараа најразлични “пржина“, што патуваа неколку пати безуспешно за САД да бараат контакт со Трамп (откако Јолевски ги избламира застанувајки со целиот свој “габарит“ зад Хилари), што не‘ убедуваа дека е се под контрола. Дека странците му се смееле зад грб на Заев. А од резултатот покажан со губењето на приматот во Собранието, излезе дека странците спротивно, на претставниците на ВМРО им се смееле зад грб и ги местеле ко мали деца.
Тие и такви кадри завршија со својата политичка кариера. Доколку се доблесни јавно ќе ја понесат одговорноста од ситуацијата во која ја доведоа ВМРО. Доколку не се, ќе бидат изложени на подсмев.
Ова што го велам директно и јасно, синојка на Алфа во подипломатски стил го кажа и Никола Груевски: “Претстои период на реорганизација и освежување на ВМРО-ДПМНЕ“.
ОСВЕЖУВАЊАТА ВО ВМРО
Имам мала резерва околу ова кажано синојка од Груевски, оти меморијата ме служи. Па се сеќавам на двете “проветрувања“ во партијата од пред некоја година што завршија само со преместување од едно на друго директорско место на “проветрените“. И, исто така се сеќавам дека пред некој месец беше најавена ревизија на работењето и замена на оние што не покажале резултати. Но, беше кажано дека ќе се почнело од “третиот ешалон“. Демек, тој не чинел?! А што е со првиот? Зошто не се почне од политичкиот врв на партијата? Од тие околу и до Груевски? Оти евидентно е, на терен е јасен заклучокот на “обичните“ вмровци, дека свитата околу Груевски го изолира Претседателот на Партијата и го користи само за зачувувања на своите позиции. Информациите од теренот, поплаките, предупредувањата за делувањето на комуњарите и шиптарите во предизборниот период не стигнуваа до Груевски. Или, кога стигнуваа, беа редуцирани и моделирани. Па така, сега е важно да има “реорганизација и освежување“ (зборови на Груевски…) во кадрите во врвот на партијата и во кадрите кои се во секојдневна комуникација со претседателот им.
СЕ ИМА ЛИ ПЛАН?
Јасно е што може и сака СДСШ. Сега треба да се види што сака, ама и колку може, ВМРО ДПМНЕ.
Читајки ги колумните во “Дневник“ на политичарите од врвот на Партијата…, читајки ги ФБ статусите на министрите, парламентарците но и на оние раководители на ВМРО што се кријат зад измислени ФБ ликови…, гледајки ги нивните настапи на ТВ ераните во дебати и прилози – имам еден битен заклучок!
Не е тој заклучок поврзан со кашикарата кај Милошовски, ниту со атентатот над Тодоров, ниту со тоа кој ги отворил капиите на Собранието, ниту пак за тоа зошто одредени ликови воопшто ги нема во бомбите или пак како одеднаш до вчера битни имиња во партијата (за идеологија, економија и сл.) одеднаш ги снема!!!
Тој заклучок ми е во врска со најважната работа, а тоа е што до сега не чув и не прочитав која е (која ќе е) стратегијата на ВМРО ДПМНЕ за брзо враќање на кормилото на државата и набутувањето во зандани на државните непријатели и подривачи на системот. Секако и на оние батки од 4-те “Хашки“ случаи чие злосторство против човештвото не застарува.
Не го слушнав планот, ако некој го чул, нека пише. Но чув дека ВМРО ДПМНЕ ќе била кооперативна опозиција!!! Молим, дали добро чув?! Они со пиштол у глава на Нино, а ти кооперативен во собраниските клупи!!! Они сакаат во бајбук да го стават Грујо, а ти онака кооперативен!!!
Ма каква кооперативност. Опозицијата треба да е нахална, досадна, агресивна, настојчива, размрдувачка… Таа треба да блокира, поставува услови, агитира… Не, да биде кооперативна. Оти е ако е кооператива тогаш е соучесник во распаѓањето на државата.
Значи, еве во име на народот, да прашам: КОЈ Е ПЛАНОТ НА ВМРО ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЧЕЛО НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА? Борба, жестока борба – или како досега лизни-мазни стратегија?!
РЕФОРМА
Моногу пати сум пишал и кажал досега, но еве за крај уште еднаш.
ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски направија исклучително многу во последните 11 години. Направија толку реформи што СДСШ не може за два века да направи. Македонија под менаџерската палка на Груевски се реформираше. Една од главните реформи беше што човекот овдека од “македонче“ стана МАКЕДОНЕЦ.
Но, најтешката и најболна реформа што ќе треба да ја спроведе Груевски и ВМРО ДПМНЕ е ВНАТРЕПАРТИСКАТА РЕФОРМА.
Тешка и трауматична реформа ќе е таа. Реформа која може да предизвика “Панорама 2“, или барем “СДСМизација“ на ВМРО. Реформа која ќе допре до многу фотељи, амбиции но и џебови. Реформа која е НЕОПХОДНА. Без неа, нема враќање на ВМРО на Илинденска.
За оваа реформа, колку и да е трауматична, сум оптимист. Груевски може да ја спроведе. Дали ќе сака, наскоро ќе видиме. Но неговиот рејтинг, респектот кон него, начинот на кој е почитуван од членството ќе му овозможи да направи промена во сите нивоа на партијата. И хоризонтално и вертикално.
Ова лето, веднаш по роденденот кој ќе се слави во Музејт на ВМРО, е иделаниот термин за промени. Драстични, квалтетни, свежи… Но промени со кадри кои се членови а не клиенти на ВМРО. Докажани кадри со книшка од ВМРО, не со скривена СДС књижица испод јастук. Луѓе патриоти а не оние што се со бугарски пасоши и кампинг приколици во Грција. Значи промени со Македонци. Со лавови и лавици.
ЗАКЛУЧОК
Христо Узунов во предсмртниот говор ги употребил збровите (многу често, со право, ги цитира Нонковиќ): “Допуштам да сме предадени, но верувам дека е случајно“.
Ова, нека му ѕвони на секому во главата. Оти ако нема реформи внатрепартиски…, ако не се инкорпорираат во партијата патриоти, националисти и визионери…, ако нема агресивен, ежедневен, жесток национален набој и пристап…, ако опозицијата остане само “конструктивна“ за Брисел да не се налути – тогаш, опозиционото столче ќе биде декадно долго, колку досегашното на СДСШ. Е тогаш, и јас како и Узунов би допуштил дека сме …
Милено Неделковски
Македонија
03.06.2017
14.03 ч.