Бидејки на PR тимот во ВМРО ДПМНЕ сеуште не му текнува, или пак нарочно не им текнува бидејки се импланти на Сашо Мијалков, еве да постоветувам малку од професијата која ја работам безмалку 40 години.
Јасно ми е дека врхушката на партијата нема да послуша, ама јас да си напишам, па да си имам документ како за оние совети што сум му ги давал, а не ги послушал, Никола Груевски.
Значи, која е разликата помеѓу стратегијата на ВМРО ДМНЕ и СДСМ. Во односот на PR-от на партијата. Во односот на медиумите, анализите, гостувањта, колумните…
И, зошто по таа основа СДСМ е далеку по приемчив за странците отколку ВМРО ДПМНЕ?
Еве ја разликата:
Сите личности од страната на ВМРО ДПМНЕ што се присатни со колумни, гостувања, анализи, дебати…, скоро без исклучок се високо позиционирани функционери во партијата. Доволно е да се отвори Курир и ќе се види дека “колумнисти“ се потпредседател, портпароли, претседатели на комисии, генерален секретар, пратеници – значи, партски функционери.
Спротивно, кај СДСМ скоро и да нема колумни од потпредседатели, генерален секретар, претседатели на комисии. Има по некое гостување на Шкеринска, го нема Кирацовски… Нивните медиуми како Плусинфо или Либертас немаат колумни од високорангираните функционери на СДСМ. Кај нив колумнисти се новинари (по правило со долгогодишно искуство: Тричковски, Ризаов, Секуловска, Геровски и сл.), бивши политичари (Ружин, Андов, Спасов…), професори кои немаат партиски ангажман (Фрчкоски…) и невладини активисти… Кај ВМРО ДПМНЕ е сосема спротивно. Отворете го курир, личи како матурско табло со ликови од највисокото раководство на партијата.
Па така, за разлика од партизираната ВМРО ДПМНЕ, СДСМ кај странците личи слободномислечка, непартизирана, граѓанска, проевропска, прозападна, општествено прифатена, незакоравена, отворена за секоја слободна мисла. Ние во Македонија си ја знаеме која е и каква е СДСМ. Си знаеме кои криминалци се тоа. Си знаеме какви чирови и предавници се тоа. Но, странците го гледаат лицето. А, лице пиче продава, велат.
Па затоа СДСМ има добитна стратегија со Борјан, Ацо, Сашо или Геро кои во низа као нешто ќе го напаѓаат СДСМ, за потоа габаритно да застанат да ги бранат сите криминали и предавства на нивниот лидер. Спротивно, кај ВМРО ДПМНЕ една реченица да е погрешно интонирана на вести или во текст, одма следи серија јавувања од Николовски, Котевски, Мијалков, Суле, Луке… Секако јавувања таму каде што смеат и можат да се јават. Кај тешкашите не смеат да звонат.
Во ВМРО ДПМНЕ ќе кажат дека немаат баш верба во тие што се надвор од партијата. Можат да забегаат со некој текст или анализа. Но, работата е што и СДСМ нема верба во сашовци, борјани и слични, ама свесно и пресметано ризикува, оти добивката од големата гласност и широката лепеза на пишувачи ги надминува сите ризици.
Ако ВМРО ДПМНЕ има и најмала намера да се претстави како отворена и демократска, ако има намера да пристапи кон неутралните гласачи во Македонија, мора да ги елиминира партиските колумнисти, а да замоли непартиски ликови да пишуваат, настапуваат, гостуваат…
Можеби партиската политика нема да се согласи со ставовите на професорите Љупчо Ристовски или Димитар Апасиев…, секако нема да се согласи со идеите на Мирка Велиновска, со критикте и анализите на Бобан Нонковиќ – но добивката од отворањето на партијата и бегањето од интровертноста е незамисливо поголема.
Во ово момент, најголемиот број неопределени гласачи “му пијат од дланка“ на Апсаиев. Со децении тоа е случај и со Мирка Велиновска. Ниту Апасиев ниту Велиновска (ниту Бобан или јас) никогаш нема да застанат зад дијагнозата (а не партија) наречена СДСМ. Но, нема да застанат ниту зад замандаленоста на капиите на мермерната палата.
Едноставно, на некои следни избори, ќе си ги земат своите гласови и ќе бидат некој нов МОСТ.
Се си мислам дека е дури и предоцна овој процес да го сврти во своја полза ВМРО ДПМНЕ.
М. Неделковски
Скопје 25.10.2018