Молам веднага, непремено, да реагира американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли. ШТО Е ОВА АНТИ-АМЕРИКАНСКО, уште полошо ПРО-РУСКО однесување на братската Словенија?!?!?!
Што е ова со Медведев и Церар? Прорусишта гадни да ти биле ова словенциве?!?! Сега и Турски тек ќе дозволеле преку нивна терторија, гадовите словенечки, бога ти! Предавнициве, прорусиве, словенциве и на трети пазари заедно со Русија ќе настапувале!!!
Предавство на Балканот, ејјјј.
Откако баш убаво Мило Џукановиќ, Вучиќ, Бакир Изетбеговиќ, Милановиќ, Груевски и Борисов станаа поголеми американци од американците, овој “гимнастичаров“ ги предаде ВЕКОВНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ. Интереси, нели, да бидеме американска колонија и американски робови!!!
Уосталом, што прави оној колега на Бејли во Словенија? Што прави американскиот амбасадор Брент Хартли? Не е ангажиран нешто? Треба да земе пример од Бејли. Бејли кој во Македонија ги подзачистува сите работи, вклучително и планините околу Маврово. Иако таму има Национален парк со служби задолжени за тоа, иако таму има ловишта под концесија што треба да ги чисти Огне (Огнен Циговски).
Колегава на Бејли ниту го чисти Триглав, ниту Крањска Гора…. Ама, ниту се занимава со ЕТИКЕТИРАЊЕ на политичар, интелектуалци и новинари дека се проруки расположени.
Проруска дежела, колку тоа антиамерикански звучи!!!