ПРОТЕСТИТЕ и полициско-удбашките структури

ПРОТЕСТИТЕ и полициско-удбашките структури

Вчера во 12 часот имаше добар собир пред Собрание. Народот, реално гледано, почнува да се охрабрува и да станува отпорот се по масовен. Има и подоста позитивна енергија и оптимизам дека оваа фашистичка окупација ќе заврши.

Вчера ВМРО ДПМНЕ предводена од Христијан Мицковски се реши да се приклучи на НАРОДНИТЕ протести.

Дали е то навреме, таман, доцна, предоцна, “зошто сега“ и слично – за мене е небитно во моментов. За тоа, секако, може да дебатираме, да се убедуваме, да критикуваме, да разговараме, да се надмудруваме – но факт е дека секој излезен МАКЕДОНЕЦ пред Собранието, значи капка повеќе во морето од незадоволство кое ќе донесе до пад на фашистичкиот режим.

Затоа, викање уаааа, псуење и гнасење не личи на тој протест. Протестот не е за задоволување на кариеристички амбиции на недоквакани абдали, ами е за МАКЕДОНИЈА. За спас на државата.

Не разбирам, зошто уаааа? И зошто беше уаааа на оној митинг на Тодор и Палчо, каде уааа беше и против Солза и против Арна??!?!?!?!

Овие што викаат уааааа се истите и од тој Тодор-Палчо митинг и од вчерашниот ивент. Тоа се растурачи на Македонија. Луѓе на кои не им одговара сите да се сполтат, да има масовност, да дојдат идеолошки различни страни – но сите со иста идеа ДА СЕ СПАСИ МАКЕДОНИЈА.

Тие уааааа се оние удбашко-полициски структури што се инфилтрирани во разно-разни партии и здруженија за да рушат, да покажат дека сме малку, дека сме “македончиња“ а не МАКЕДОНЧИШТА…

Уаааа нема да пројде. Силување од типот ајде излези на говорница, исто така. Настрана што Вилипчо тврдеше во емисијата кај мене, се виде дека Солза одбивала да се качи на бина, Мирка вчера на два-тројца емисари истото тоа им го направи. Одби вчера и Мицкоски.

Секој од нив си има своја мисла, своја, идеа, агенда… Секој ќе се обрати тој кога сака, а не кога ќе биде присилуван, каде сака и како сака. Некој со микрофон, неко со камера, некој со пишан текст. Не секој тоа ќе го направи најумно и најучинковито. Но, тоа е избор на секој поединец. Негово право и ОДГОВОРНОСТ.

СИТЕ тие на нам МАКЕДОНЦИТЕ ни се потребни. СИТЕ. Што повеќе не има, ако сме различни, тоа поарно. Така побрзо ќе падне оваа власт.

Со Уааааа не се победува оваа власт. Со Уааа стратегија потоа не може да се излезе и на парламентарни избори.

За жал по Уаааа-шите, играва пре брзо се одвива, а е и пре јавна. Така да и нивната улога на инфилтрирани удбаши и џандарски правокатори станува ептен јасна.

Уаааа за Таљо, Зајко, Рада, Мите Лимунада, 8-темината изроди, Панчо, Амди, Лиле, Павле, Чедо…

За нив уаааа, најголемо.

Ама рушење на мотивот кај обичниот граѓанин, преку тоа што се исвиркуваат истомислениците за рушење на Заев, е злосторство.

Ако било кој има било што против било кого, сега барем има достапни мрежи и портали тоа да го напише и објасни.

А таму надвор на лед, на снег – НЕ.

 

Миленко Неделковски

се гледаме во 12.30 пред Скупштина

 

10.01.2019  – 09.16 ч.