Прост ми Боже што на оваа Голема вечер и овој Голем ден, јас како простосмртник што верувам во тебе, ќе се послужам со жесток, па и вулгарен речник. Прости ми, но не можам да молчам и гледам како оние што во твое име би требало да ни проповедаат на земјата, овдека не‘ лажат, манипулираат, преименуваат… Како наместо испосници се претворија во шкембари од по 140 кила. Како наместо богомоливи, влегоа во своите прескапи мерцедеси, се заштитија со дузина бодигарди, се вмешаа во политиката, се расшетуваат со јахти, се пијанчат по кафеани, се блудничат со монахињи…
Прости ми Боже.
Прости им и ним Боже. Ти си тој што тоа го можеш. Народот никогаш нема да им прости. Ни на Стефан, ни на Наум, ни на Партениј, ни на Бобан, ни на Пимен, ни на Јаков – на никого.
Тоа се лажговци, профитери, предавници и блудни мажи.
Прости ми Боже, ама револтот не е од еден ден, една вечер. Со години се таложи. Истите свештени лица од МПЦ не‘ лажеа за “Нишкиот договор“. Го криеа, криеа кој се‘ бил потпишан, криеа од нас народот, од нас верниците. Мината година не отепаа од лажење за барањето Бугарската црква да ни била “мајка црква“. Прво, за почеток, пролетта не‘ лажеа дека тоа (мајка) ќе била Антиохијската, по наредба на Путин а во изведба на Асад. Па од летото наваму почнаа директно да ја продаваат нашата Македонска душа и вера на татарите од исток што наместо во крстот и Христа се колнеа и гордееа со коњска опашка.
Последно е што сакаат да не излажат, овие лажговци лукративни, овие луѓе со милиони во банки, недвижнини во странство, грчки пасоши во џеб – да не излажат и за нашата традиција да се собираме, дружиме и го славиме Бога пред Бадникарски огнови.
Прости ми Господе, морам да ги напишам со вистински зборови. Лажговци се тоа. лажговци и измамници.
Сакаат да не‘ излажат, сакаат да не‘ испокараат, сакаат да посеат семе на омраза помеѓу нас и другите соседни народи. Прости им Боже, ти семоќен, тебе ти се може такво нешто. Ние долу, чекајки да дојдеме кај тебе горе, не можеме да им простиме.
Не лажат дека палењето Бадникови огнови бил пагански обичај што ни е наметнат од Српската црква! Демек Бугарската немала пагански обичаи, иако нема по големи пагани од татарите на исток од Македонија, оние де со знаме со коњска опашка.
Ние Боже, не сме народ и име од пред 2018 години наваму. Ние ги славиме и нашите цареви што владееле овдека 300-400 години пред појавувањето на Исуса Христа. Обичаите се тие што ги оддржале луѓето во заедница. Ние сме еден од најстарите народи, ако не и најстар, на планетава. Нормално е дека имаме и обичаи што доаѓаат од времето кога општествата и заедниците биле попримитивни, а верата во Христа се уште не била појавена. Таа традиција нас не‘ прави народ кој е еден од неколку споменати во Библијата. Таму ги нема србите, грците, бугарите, албанците, украинците…
Сакаат Боже, да ни набијат чуство на вина дека сме празнувале пагански обичаи што сме ги презеле од србите. Преку тоа, подмолно сакаат да ја потврдат тезата на фашистичките сојузници на Хитлер Бугарите, дека сме измислена нација од Тито.
Лажат, дебело лажат. А се кажуваат дека се свети лица!?!?!
Ете Боже, тоа го вели Јаков. Лаже и во очи не гледа. Смета дека никој ништо не знае, дека народот слепо ќе му верува. Смета дека може да манипулира, да меси… Лажго, лажго е тој.
Ете го и овој Наум-Безум, најголем македонски АНТИХРИСТ и сатрап на Македонскиот православен народ. Истиот тој што беше иницијатор и потписник на “Нишкиот договор“, сега е иницијатор и главен промотер на барањето Бугарската црква да ни била “мајка црква.
Тој во овој текст вели: “На пример, собирањето и делењето бадникови гранчиња е само српски народно-црковен обичај, и на ниту една друга помесна Православна Црква или народ“…
Лаже, лажовот и перверзњакот. Лаже.
Верата и традицијата не‘ учат дека “Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија“.
Лажат дека Бадникови огнови има само кај србите, па ние, нели, сме презеле од нив.
Бадникови огнови има секаде во православниот свет каде што има дабово дрво. Еве каде расте ова дрво во светот:
Во поголемиот дел од Грција и Романија нема таков даб. А го нема воопшто и во Русија.
Лажат свештените лица од МПЦ дека Бадниковите огнови се само во Србија, а ние сме презеле. Тие се палат и во Бугарија. Во оние делови што гравитираат кон Македонија, Србија и јужна Романија. Татарите немаат Бадникови огнови како се оди кон исток, во правец на Црното море. Таму каде што мешањето со Монголите е предоминантно.
И самите бугари, што од скоро толку многу почнаа да ги “обичат“ владиците од МПЦ, палат Бадникови огнови и на нив инсистираат.
Велат: “Този ритуал до запалването на дървото се съпровожда с песни и това е неотменима част от празника, защото се вярва в неговата магическата и лечебна сила“. https://bg.m.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%8A%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA
Во писанието “Задължителните традиции за Бъдни вечер от минало време и досега“, пишува: “Вечерта тържествено стопанинът запалва бъдника в огнището“.
Прости ми Боже што на овој Светол ден (а и мој роденден) те обременувам со вакви работи. Но, ако не ги напишам, разни јакови, науми и пимени ќе си помислат дека лагата им поминала. Дека сто пати повторената лага станала вистина.
За среќа, фалу му на Бога, фала ти тебе Господе, народот во Македонија немаше никаква намера да ги послуша превртливите, лукративни и богохулни свештени лица. А со се нив и политчарите од ова мало парче што е останато од некогашната наша Империја. Народот си запали огнови – СЕКАДЕ. Си набра народот дабови гранчиња. Се собра оклу огновите. Се напи вруќа ракија или вино, си пееше песни во твоја чест и за твое величење.
Народот е попаметен и поискусен, и зрел, за разлика од поповите и политичарите. Си ги знае своите корени и обичаи.
Слава теби Боже.
Миленко Неделковски
06.01.2018 (61 година подоцна)
05.34
Некаде низ нашата света земја МАКЕДОНИЈА