ПРОРОШТВАТА на МИРКА

ПРОРОШТВАТА на МИРКА

Ги читам колумните на сите. На ненормални, на болно амбициозни, на аналитични, на идеолошко зависни од левица или десница, на рациоонални, на … На сите, де.

Би требало да сум субјективен, заради своите колумни. Би требало и да сум одушевен заради колумните на мој добар пријател каков што е Дарко.

Но, сепак, ги одовојувам, ма сите ги одвојуваме, оние на Мирка. Не само затоа што во нив е вистината, не само заради рационалноста, не само заради аналитичноста – ами зато што се со предвидувања што постојано се остваруваат. Поточен збор е дека се со ПРОРОШТВА.

Па така и во петокот напиша, остави трага што би рекол про/анти-САД Латас.

Напиша дека, ете конечно дојдовме и на “Еден е изборот“. Не затоа што ВМРО добро ја води државата, не затоа што се согласуваме со попуштањата што ВМРО ги прави кон странците и СДСМ… Не е затоа. “Еден е изборот“ на следните избори, ВМРО е изборот, не заради Груевски и неговата партија, туку затоа што “гласањето за ВМРО е единствениот начин да биде казнет СДСМ“.

Народот ќе гласа за ВМРО а против СДСМ не заради сегашната актуелна власт. Не бе, ќе гласа за да биде казнета политиката на сороспиите, за да биде скурдебсан Џес Бејли,  за да биде дисциплиниран Аиво Орав, за да биде разгологазена Катица Јанева, за да му биде покажано на светот дека не даваме државата да ни ја уништи Црпнат тип, за да се дочека некоја нова политичка опција (нормална, македонска, демократска, патриотска, цивилизирана…), за да бидат уапсени сите виновни за Телеком и ЕВН, за да лежат затвор Бучко, Зајко и Андреја, за да им се видат изобличените фаци на не-новинарите лешинари што чекаат распад на Македонија… Затоа, а не за ВМРО, ќе гласа народот во април. Ќе гласа за да им се стави ОГРОМНА, ДЕБЕЛА, АРМИРАНА СО 12-КА ЖЕЛЕЗО БЕТОНСКА ПЛОЧА еднаш за секогаш.

За жал, во демократска Македонија, по 25 години пруларизам, доживеавме еден да е изборот. Но, ако е тоа начинот да му се каже на Џес Бејли фак ју, тогаш и за мене ќе е еден изборот.

Изборот де, оној што “Пророчицата од Аминта“ го напиша во колумната во петокот.

 

Миленко Неделковски 18.10.15 во 9.10 ч.

Напомена: Сликата е со “невидливиот Иванов“.