Ете, уште не избрани, го почнаа прогонот.
Вечерва дојде полиција кај мене дома, и ми даде покана од ОЈО. Ме повикува ОЈО како “осомничен за кривично дело“ Загрозување на сигурноста преку ширење расистички и ксенофобични метеријал по компјутерски систем.
Претпоставувам дека е ова за бугарите и нивната плоча на Кајмакчалан што ја здробив, ама не сум сигурен.
Не сум сигурен и дали ми е ова од овие кој од утре ќе владеат, или од оние кој до денеска владееа!!!
Сигурен сум само во тоа дека ако било кој мисли дека ќе ме заплаши, гадно се заебал.
Може да си земете џамче од пивска флаша, ама зелено да е, и да ми го бричи.
Бугарска војска влегува на Кајмакчалан илегално, Талат илегално го бираат, Бејли им се шета по канцеларии, уценуваат со снимки, оние од Диво Насеље дошле у Куманово “прес конферебција“ да држат, сеуште има раселени од 2001-ва, бегалски камп ќе акнат во Демир Капија – ама, Миленко ја “загрозувал сигурноста“.
Јако, нема што.
Можеби можете да го уценувате Заев, Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Верушевски, Мијалков…
Со МИленко тој филм нема да го гледате.
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
ПС
За секое испитување, за секој потег на ОЈО и судот ќе бидете детално информирани.
Тие што ова го прават се плашат од јавноста. А јас, јавност ќе им дадам да си имаат.