ПРОГНОЗЕРИ

Ерол Ризаов во синоќешното свое гостување предвиде убедливо водство на Пендаровски по првиот изборен круг. Во истата емисија Мерсал Биљали предвиде водство на Пендаровски по првиот круг од 150.000 гласа. Кажаа и останаа живи. Изборниот прв круг е за три дена. Колку прогнозите им биле исправни или катастрофално неточни, ке се види до 20 часот во недела.
Доколку не погодат, а натаму се сите индикации, би било некоректно своето промашување да го правдаат со корумпираност, немање демократија, фашизам и слично.
Во посочената емисија водителот Мишко, како и гостите Ризаов и Билјали покажаа основно незнаење на значењето на зборовите и поимите. На пример, не знаат и не разбираат што значи фашизам.
Дудинка како, меѓу другото, едукативен портал им нуди мала лекција за да ги прошират тесните хоризонти на знаењето што ги имаат.
Значи ФАШИЗАМ е: “Во најшироката смисла на зборот, во политичкиот лексиокон, “фашизам” денес се користи како пежоративен термин со кои се етикетира некој режим, институција или поединец како репресивен“. Па така, доколку е фашизам ниту Ризаов ниту Биљали би можеле да настапуваат, дебатираат, пишуваат, професоруваат… Каква е тоа “репресија“ кога Ризаов секој ден пишува колумна во “провладиниот“ Утрински весник, на пример?