Прогласот на МИРКА Велиновска

Прогласот на МИРКА Велиновска

КАДЕ НИ Е ЕЛИТАТА?

 

Навистина Македонија е во длабок мрак, ама сите убаво сме си ги вклучиле внатрешните рефлектори и гледаме дека на националниот и државен црвен тепих пред окупираните судови, запоседнати од црпнати и ГМО судии и обвинители, пред СС полициските станици, нема ,,угледни,, интелектуалци, академици, професори македонисти, историчари, правници од ,,угледниот,, Јустинјан Први. Нема бунтовничка студентарија и средношколска младина, топтан со своите даскали со партиски книшки. Ги нема бате ни ,,прогресивните,, и шарени Унковски, ни Перо Арсовски, ни Емил Рубен оти тие се лажни фаци, лажни профили, ботови, спонзоруши, давајгази, лиглиња што се изнајмуваат за ,,две червени,,. Нормално дека сите тие, и поединечно и на купче, немаат ни углед ни интегритет ни морал, а па за совест ич да не правиме муабет. Овие мивки со лажен идентитет до скоро глумеа општествена елита. Ги хранеше, поеше и плаќаше македонскиот народ а тие му одглумија  куртон револуција со мотото СВЕ МИ БОЈЕ ЛЕПО СТОЈЕ.

Македонија никогаш не била вака сиромашна со интелектуала, мислечка авангарда. Да не се неколку писатели, музичари и глумци и научници, ќе си помисли некој дека во Македонија не вирее интелектуална памет. Едно време интелектуалци од рангот на Сартр, Чомски, Брехт, Орвел, Хаксли, беа на чело на сите протести на општествата. Професори не водеа на протестите и 1968 и 1972 година. Секој народ во секоја генерација има свои мислители и предводници. Ама оваа наша ,,независна,, Македонија системски одгледуваше тутурутки. Во сите степени на образование. Ова се правеше намерно и смислено. Затоа и повеќе од 30 години барам и се залагам за коренито чистење на образованието. Видовме преку шарените ,,лудисти,, предводени токму од своите неписмени професори  и неодговорни родители , подржани од штрапани и недостојни ѓоа новинари и дегени, дека се плашат од учење, знаење и конкуренција. Тие и таквите црпки се ,,народот,, на Џес Бејли.

Нив ги нема сега пред судовите. И добро е што е така. Да се види дека тие никогаш не биле дел од македонскиот народ а секогаш биле најобични крајпатни курви што се изнајмуваат на саат. Американците го имаат Холивуд и Беркли. Ние батка МАНУ, УКИМ, Институти, Театар, Филхармонија, Опера и Балет.Таму паднаа сите славни фаци. Во Македонија само што почнаа да паѓаат. Ќе биде и лудо и весело!

Сето ова ѓубре ќе мора да се издрнда како волна за јорган во претстојната народна генералка со губење на граѓански права, државјанство, титули, губење на апанажи, чешлање на звања и дипломи, проверка на имот. За да видат нашите ,,ексепшенел,, егземплари дека немаат ни чест ни углед како што си умислуваа заебавајќи се со општеството и државата.

Мирка