Зороан Бојаровски Коко е одличен новинар и голем професионалец.
Неговиот политичики и цивилен ангажман, се работа на неговата свест и убеденост, но тој новинарството и урденикувањето го нема заборавено.
Е, бидејки е тоа така, еве една јавна молба до него. Имено, Коко Бојаровски е редовен “Проверувач на факти“. соросоидна измислица платена од УСАид, а водена од соросоидниот “Метаморфозис“. Во “МЕтаморфозис“ раководител на проектот е особа Владимир Петрески, кој се самопрогласува за новинар. Нешто што никогш не бил. “Проверувач на факти“ е и истиот овој раководител никогаш-новинарПетрески!!!
Па затоа, би било интерсно Коко Бојаровски да го “ПРОВЕРИ ФАКТОТ каде во текстот “принт-скринтиран“ од ФБ фан страната на Миленко Неделковски, неговиот шеф Владимир Петрески и нивниот портал Плусинфо, пронајдоа дел од реченица, збор, буква каде Неделковски се заканува со ќотек???
Многу е интерсно да се види дали Коко ги заборавил своите морални и професионални стандарди, па станал војник дел од соросидните бригади? Дали станал дел од друштвото што лаже, етикетира, лажно обвинува???!!!
Па така, ревносното проверување на факти, анализирање и слично интересно е да се види дали е еднострано?! Партиски наслонето? Финансиски изрекетирано?
Неколкуте наслови на Коко при неговото проверување на факти велат: Медиумот како ѕиден весник на пропагандата, Шегата не може да биде замена за вистината, Медиумска измама и недемантирачки демант, Рециклирање на пропагандата и слично. Интересно е да се види колку овие наслови и рецензии можат да се потпишат под проверката на фактите за лагата изречеан од шефот на Метаморфозис и од порталот што писанијата на Метаморфозис ги пренесува.
Еве Коко, еве можност, да се види кој останал новинар, А КОЈ НЕ.