Некое дете пред судот ми вели “ние сме колеги“!!! Му велам дека многу фурни леб ќе треба да изеде за да стане колега со мене. А и дали ќе стане!!! Бидејки и Бецко од Драчево смета дека е колега со Гвардиола, ама никогаш, АМА БАШ НИКОГАШ, нема да можат да се во иста лига.
Потоа, откако нели го изеде од мене пред суд, истото тоа момче постирало како јаде/руча нешто во неговите канцеларии велејки “јас јадам тоа-и-тоа, а ти ќе одиш во Шутка“! Настрана заканава и говоров на омраза, ама било што да руча, и без разлика дали јас ќе одам во Шутка, тој сепак КОЛЕГА МЕНЕ НЕ МОЖЕ ДА МИ БИДЕ. Секогаш тој ќе биде потсојуз а јас лига на шампиони.
Мене ми е јасно дека во Македонија се‘ можат да ти простат, само успех не. Уште од времето кога овие деца (што дремат пред суд као ѓоамити новинари или камермани) бегале од левото во десното маде на татко им за да не ги издрка, сум си соочен со иста работа. Нема новинар во Македонија што нема да те мрази доколку имаш интервјуа, емисии, патувања, контакти и меѓународни признанија колку што имам јас. И, бидејки тоа го знам, им простувам што ме мразат тие и нивните уредниц, директори и газди, ама за жал мора да им соопштам дека лек за нивната болест нема. Немало спортски новинар што не ме мразел заради интервјуата со Сена, Пике, Мансел, Хант… Нема водител што не ме мрази заради 14-те сезони Миленко Неделковски Шоу. Нема новинар кој не ме мрази и завидува заради емисии во најневралгичните места во европа (Крим, Керчански премин, Молдавија, Приднестровје, Луганск, Доњецк, снајперисти од Мајдан…). Не постои новинар или уредник што не ме мрази заради интервјуа со најдолговечниот жив политички водач во Франција Жан Мари Лепен, заради интервјуата со најгомите светски интелектуалци и мислители Тјери Маисон, Џон Лахланд, Александар Дугин, Даниеле Генсер или со Џулието Киеза личниот советник на Матео Салвини (идниот прв човек на Еверопа). Велам знам дека ме мразат, им прстувам, ама лек им нема.
Колеги не може да сме и во иста лига исто така не може да сме, затоа што нивното ниво е далек под моето! Нивото на Иван С. Мирчевски е еднаш неделно да одат со Зоран Трајчевски на педикир во чуден истополов однос. Нивото на Саки Кировски да е најскапо платен директор на ТВ со неверојатно поразително лоша гледаност. Нивото на Васко Ефтов кој освен српско-хрватски соговорник (во најголем дел кримоси), друго и неможе да има. Им нема лек. Интервјуа со Груевски прават откако тој умре политички!
Мене ми е јасно дека сите, ама апсолутно СИТЕ, би сакале мене да ме стават во затвор. Ако може доживотно. Или уште попрактично да ме убијат. Ото само така ќе можат да ме замлкнат. Но дури и тогаш, дури и со такво сценарио, ние нама ДА СМЕ ИСТИ. Нема да сме “колеги“. Бидејки видете, Иван С. Мирчевски и Емил Стојменов, како и Љубомир Николовски, Кирил Божиновски и анонимниот маџар газда под директва на медиумскиот сатрап Џес Бејли, направија се‘ да ме титкаат, забрануваат, блокираат и одземат можност да имам настап на било која телевизија, ама и со партизански методи на ФБ и Јутјуб јас си успевам да имам неделно во просек 60-тина илјад гледачи. И покрај фашистчките медиумск потези на Џес Бејли, Канал 5 и Алфа, јас своето медиумско влијание си го продолжувам, дури и зголемувам.
И затоа, бидејки народот сака да ме гледа и слуша, тие сакаат да сум завршел во Шутка!!! Но тоа што ќе завршам таму, никого нема да направи поголем новинар, а и истиот талент (никаков) ќе им остане.
Јасно е дека ме мразат и соседите. Нема емисија во Македонија што толку ја гледаат бугари и албанци. И што толку силно се обидуваат во коментарите да навредуваат и да се закануваат. Никого не бришам. Тоа е нивниот столб на срамот. Тоа е и екранот што ја покажува партизираноста и неспособноста на Јавното обвинителство и Секторот за компјутерски криминал при МВР. Никако да прогледаат и видат закани и говор на омраза!!!???
Така да, јасно е, дека сите би сакале да ме видат во Шутка. Албанци, бугари, СДСМ-овци, дувло-вци, новинари наклонет кон СДСМ, новинари наклонети кон ВМРО ДПМНЕ, сите медиуми – СИТЕ. Им го реметам раатот и партиската послушност. Имам реални емисии, за реални проблеми со релевантни гости. Но, ете, и на такви емисии каде водителот има 61 година, а Петар Поповски и Петре Темелковски уште најмалку една деценија повеќе, значи се работи за комплетно физички инфериорни луѓе, менталното и интелектуално нивно високо ниво е тоа што доминира а со самото тоа и пречи.
Спротивно на моите емисии, тези, гости…, стои бугарски, албански, сдсмовски и новинарски примитивизам. Примитивизам кој во недостаток на талент, знаење, проџа кај гледачите…, се олицетворува во закани, тужби, клевети, “ќе видиш ти ова“, “ќе видиш ти она“, застрашувања, силеџиства… Тоа е исто како кога немќен, предриблан, поразен фудбалер што е направен мајмун од Меси (Роналдо, Салах, Кејн…) кој му ја бутнал топката два-три пати низ нозе, единствениот одговор што го има е грубо да го фаулира и повреди.
Но, како што со ниту еден нечовечки фаул над Меси противникот не станал подобар и поквалитетен фудбалер, така и со нападиве кон мене вие ќе си останете исти гниди, подпросечни медиокритети со лимитиран мозочен капацитет. И со дострел да дремете на скалите пред судот/ Воуууу, која кариера, кидам капа.
Еве, ако сака македонската јавност може да направиме и експеримент? Јас доброволно, без пресуда, без вина, ама сум спремен да влезам во затвор на една година, на пример. Бидејки ниту сум украл пари, ниту сум убил човек, ниту сум бил на власт, ниту сум злоупотребил службена должност, ниту сум вработил роднина, ниту сум влегол во Собрание, ниту сум претепал некого – ништо од тоа, еве да се договориме на една година.
Е, кога ќе излезам после една година, вие сите посерковици поголеми новинари ли ќе станете дотогаш? За една година вие скромноумни ќе добиете ли талент што Господ и онака не ви го дал?! Јас помалку ли популарен ќе бидам? Нема ли никој да го очекува моето прво појавување откако ќе излезам од овој за вас посакуван затвор за мене? Или ќе биде експлозија? А?
Уште еден пример. Гледате дека Мирка Велиновска пишува и настапува ептен ретко. Премногу, премногу ретко. Значи, како да ја нема. И во тоа меѓувреме, откако Срџан Керим и Јана Станисављева ги затворија МПМ медиумите за да не можат Мирка и Дарко повеќе да пишуваат, дали некој од вас стана Мирка? Дали некој од вас слабоумни успеа да ги преземе нејзиниот талент, популарност, харизма, влијание, остроумност и аналитичност? Ете, Мирка ви даде не една, ами две години предност. И, еве во петок да направам емисија со неа, ЌЕ ГИ ПОКЛОПИ СИТЕ ВАШИ петоколонашки, удбашки и хомосексулани телевизии?
Фашизмот против кој се борам во себе содржи и одреди од луѓе што себеси се нарекуваат новинар, а во основа се партиски послушници и исполнители. Така било и со прогоните од Меккарти, и кај Гебелс, и кај Сталин, и кај Хонекер, Чаушеску, Живков, Пиноче, Франко, Мусолини… Секаде, па ете сега и кај нас во Македонија.
Ама, секој фашизам досега бил поразен. Така ќе биде и со овој. На крајот, кога ќе се види кој е на штитот или со него, а кој е гнида, пак ќе се преброиме. Ние неколкумина и вие многумина.
ПС Синојка, како и десетици пати досега, ми се случи да во кафеана на вечера со мој гостин од странство, сопственикот кога треба да ја донесе сметката да си платиме вели “Миленко, јас неможам другачие да помогнам, ако ме разберат ќе ми пратат инспекции и ќе ме затворат, ама од почит кон она што го работиш и како доказ дека ние сите овде се согласуваме и ги делиме твоите ставови, дозволи куќата да части“.
Јас не сум влада, орган, директор, неможам никого да вработам, пари некому да дадам, соба во студенстки да обезбедам… Ама, ете, народот гледа кој е кој во оваа наша држава.
Миленко Неделковски
24.02.2019 – Скопје
08.09. ч.