Да повикам, вака јавно, побајаги да прикочите со доделување на статуси на победници, генијалци, маестралци, лидери и лидеришта. Да престанете со говри пред Собрание, паламудење по Фејсбук и фалење на Вибер како тоа вие јако сте се бореле за победата на #бојкотирам.
#Бојкотирам е успех на народот и на никој друг.
Оваа напатена државичка веќе еднаш мина низ процес на измислување првоборци со два сведока. Па добивме црвена буржоазија со запоседнати државни куќи (кои потоа станаа нивни приватни) на Водно и Сојуз на борци со првоборци кој во 1941 уште се шетале од едно во друго маде на татко им.
Така да, полека.
Со глорифицирање на Мицкоски му правите штета и негативен ефект нему и на партијата. Со преземање на ловорикте од типови како Бачев, Тодор Петров и слична тајнополициска аѓентура го навредувате секој обичен, поштен и родољубив МАКЕДОНЕЦ.
Оние ликови од јавната сфера кои со месеци и секојдневно застана со име и презиме зад народниот крик наречен #бојкот, убаво може да се види дека не си самододелуваат медали. Туку скромно и чесно си ја споделуваат својата радост со народот.
Да Македонија во овие месеци имаше свои unsung heroes кој се спротиставија на бриселско-вашингтонскиот аждер, ама ниту еден од нив не беше дел од некоја партија, односно не следеше пример и проглас на ниту една партија: Нонковиќ, Велиновска, Апасиев, Каракамишева, Ванковска, Сиљановска, Росоклија, Русјаков, Дамовски, Пандов… Сметам дека можам и јас да се наредам меѓу овие македонци, секако заедно со Ѓорѓе Иванов.
За разлика од оваа дузина луѓе, сите останати јавни личности (професори, академици, колумнисти, уредници, директори, богаташи, певачи, политичари…) застанаа на сосем спротивната страна и срамно пропагираа самоуништување. Истото го праве и сите медиуми, и мејн стрим и оние по-не-мејн-стрим, и оние финансирани од Вице Заев и оние финасирани од Кире Божиновски и Сашо Мијалков, беа со стриктна забрана од крепоста на Кале да не се изусти или напише зборот #БОЈКОТ.
Исто така и сите политичари си се само ограничија и автонцензурираа па не ги чувме да кажат #Бојкот. Односно спротивно, сите активни државни раководители, со исклучок на Иванов, и куп опозициони партиски функционери везден проповеда “да се гласа“.
Значи, не ви признавам “првоборство“ со два сведока, оти вие не се боревте, народот се бореше.
Народот си победи, не вие кои така очајно сега барате два сведока.
Не ви признавам, но ви го констатирам следново:
Да се изразам по пластично со пример од спортот, односно фудбалот. Екипата на ВМРО ДПМНЕ почна да го игра натпреварот, ама реши да го бојкотира дури околу 40-тата минута од првото полувреме. Тогаш генсекот Јанушев и потпредседателите Кендо и Николовски рекоа дека не играат веќе, односно ќе бојкотираат. Не се одважија однапред да не истрчаат на наместената утакмица. Малку дозна им текна, ама сепак им текна. Касно палење имаат.
СДСМ уште пострашно, натпреварот кој го организираше го доигра. Тоа беше натпревар каде СДСМ играше на домашен терен, со судија кој за нив судеше 70:30, им досудидва пенали ко на Јувентус, даде црвени картони на протвниците како што прават во корист на Реал Мадрид… И на сето тоа загубија убедливо па замина во соблекувална каде решија дека не им одговараат правилата и пропозициите по кои се играла утакмицата, па посочија дека важат нови правила. Меѓу другото, во тие СДСМ-овски правила поразот да ти бил победа. Убеливо наполнетата мрежа на нивниот голман у ствари да ти била успех.
Крајно, и официјалните лица на натпреварот (судии, контролори, делегати) како Могерини и Хан откако заврши фудбалот обзнанија дека се играло по други правила каде поразот е победа.
Толку за двете големи партии и странските силеџии.
Малите партии не успеаја да му ја откраднат на народот идеата за #бојкот. Пробаа, ама не успеаја. Народот не ги пушти да влезат на стадион.
И крајно за албанците. За нив нема да пишам ништо бидејки они не играат во оваа наша лига. Они се во лигата на Косово и Метохија, па за нив важат тие правила. Вклучително и правилата за прогон и судски процеси што се подготвени во судот за воени злосторства во Хаг (цел спрат во Шевенинген е испразнет, направена е и мала соба за верници од исламска вероисповест) за припадниците на УЧК. За злосторства што не застаруваат.
Инаку, баш и ако сакате да проверувате, ако денеска сте слетале од Марс па не знаете кој е кој и не сакате никому верба да поклоните, повелете на социјалните мрежи и погледнете ги бројките на испукана муниција која во современото време се мери со статуси, коментари, шерови, посети, лајкови…
Ќе видите кој бил борец а кој политикант.
Уште еднаш НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МУ ЈА ЧЕСТИТАМ ОГРОМНАТА ПОБЕДА НАД БРИСЕЛСКИОТ АЖДЕР И над МОНСТРУМОТ ОД ДЛАБОКАТА ДРЖАВА.
Миленко Неделковски
01/10/18 – Македонија цела да е…
20.25 ч.