ПРАШАЊЕ

ПРАШАЊЕ

Бидејки до пред само една година беа заедно сплотени (а сега се разделени и искарани Мијалков, Груевски и Мицкоски), и бидејки заеднички им беше изборот на пријатели, одбирот на новинари и финансирањето на медиуми – би сакал да ги прашам, не скараниве лидери (бивш, сегашен и оној од сенка), ами нивните пулени:

На која страна од овој триаголник сте вие Алфа, Курир, Љупчо Златев, Коле Чашуле, Република, Васко Ефтов, Дарко Јаневски, Масар Омерагиќ, Биљана Трендафилова?

Бидејки, непријателот на мојот пријател не може мене да ми е пријател?! Нели така?