ПРАШАЊА КОИ МЕ МАЧАТ

ПРАШАЊА КОИ МЕ МАЧАТ

Еве, една година ќе се стори од нелегалното и неуставно “гласање“ за терорист да стане претседател на Собрание. А и е веќе 11-ти месец од владеењето на исто така неуставната и незаконска влада на “Дојде живот“ џесбејлиевте кадри.

Мислам дека е доволно време за да се постават прашањата:

  1. Дали е укината МРТВ таксата?
  2. Дали се укинати извршителите?
  3. Дали добивме по 500 евра плата?
  4. Дали се вратија 600.000 раселени Македонци?
  5. Дали се пронајдени и вратени во Македонија парите на Сашо Мијалков и Никола Груевски од Белизе?
  6. Дали е срушена терасата?
  7. Дали си лежат?
  8. Дали е Канал 5 не-режимска телевизија?
  9. Дали е почист воздухот?
  10. Дали семејствата добија поврат на ДДВ?
  11. Дали се намали старосната граница за одење во пензија?
  12. Дали Никола Поповски ги шармираше во Атина?
  13. Дали се откри кој го уби Крпач?

 

Велики Петок, 2018