Последниот што може да кажува за ВМРО ДПМНЕ

Последниот што може да кажува за ВМРО ДПМНЕ

Многу е едноставно, ТИ Нино Смрт, остана запаметен по вонзакоскиот и вонуставниот Пржински договор, каде по наредба на Никола Груевски го суспендира Собранието на РМ и Македонија ја сведе на ниво на договор на 4 племеснки поглавици.

А нај, нај едноставно, ТИ Нино Смрт, немаш право било кому да солиш памет, даваш насоки и одредуваш тајминг. И тоа не само заради твојата улога во предавничкиот Пржински договор, што Македонија ја направи пачавра а не држава, туку затоа што најнапред на тебе, (а потоа и на Илија Димовски) ти/ви било предложено од страна на Никола Груевски да станеш претседател на партијата, ама и ти и Ико сте уцвикале. А пак за Никола Попоски, на истиот состанок, било констатирано од Никола Груевски дека е најспособен и дека ако има син би сакал да биде како Бемка. Ама, дека нему не може да му го понуди лидерството оти има се‘, само нема “муда“.

Во врска со колумната твоја во сатрапот на Македонија и Македонскиот народ “Дојче веле“, неколку работи – таксативно:

  1. Зборуваш за олигарсите од 90-тите. Било пљачка, било приграбување… Точно! И мене тоа ме разбеснува! Но исто така ме разбеснува и тајкунот Мите “Лимунада“ твојот главен финасиер, Ивица “Комшија“ твојот главен пајташ кој од голтар преку партиското градоначалникување стана сајбија на стан или дуќан во секоја новизградена зграда во неговата општина. Ме разбеснува и твојот налогодавец Сашо “Бебо“, во мое време познат како “Шиптар“, кој со џандарска плата и штедење од К15 стана сајбија на Мериот хотел со вредност од 30-тина милиони евра. Но, во твојата “колумна“, дума за Бебо, Лимунада, Вице, брат му на Вице и слични, на тебе во моментов многу блиски, – ДУМА немаш кажано!!!
  2. Си учествувал на студентските протести во 90-тите. Тоа беа ем студентски, ем партиски протести. Но, во протестите за МАКЕДОНИЈА, при менување на име, при воведување двојазичност, при промена на уставот – не те видов да протестираш?! Зошто? Не ти беше доволно интересно, не ти беше достатно лукративно?! Не беше ли важно толку колку оние студентските? На студентските солзавец, гумени куршуми и шок бомби не јадевте – на протестите за Македонија јас, Пандов, Димитар Скопје, Тони Науновски, Арна Шијак, Владо Младеновски, Сашо Климовски, Кире Миновски и купишта други јадовме полициска тортура. Ти, за тоа време густираше пијалок на шанкот во Мериот.
  3. Околу Апасиев. Димче, како што нагалено го нарекувате, може да си дозволи да говори се‘. Бидејки никогаш нема да биде ставен во ситуација ветенто да го исполни. Лесно му е вака. Реторика милна за уши, но реализација на ниво на партиите на Солза, Најче, Бачев, Љупчо Интегра – односно НИКАКВА.
  4. Околу реинкарнација на Тодор Александров, Ванчо Михајлов или Гоце Делчев. Не гледам ниту еден лик околу Мицкоски што се гледа себе си како реинкарнација на овие историски личности?! Кај ги виде тие реинкарнации?! Тимчо ли е Ванчо, Наум ли е Гоце, Иванка ли е Тодор? Реално, јас познавам само еден што себе си се гледа како реинкарнација на Тодор и Ванчо!!! Ама тој е моментно во Будимпешта.
  5. За Дувлото. Доколку е вистина твоето тврдење дека “стотина луѓе го држат ВМРО во заложништво, а над сто илјади членови и симпатизери молчат и ова го трпат“, тогаш е прашањето ТИ како долгогодишен потпредседател на ВМРО ДПМНЕ и министер за секој ресор, КАКВА ПАРТИЈА си создал за време на твоето партиско владеење: Партија клиентелистичка, па да сега “стотина луѓе“ држат во заложништво и ги тераат да молчат и трпат 100-и-п0веќе илјади луѓе?!?!?! Исто така тврдењето дека “сто илјади храбри комити се држени во заложништво од стотината мицковисти и дваесетината деца кои работат во Дувло“, го вади прашањето каква е таа КОМИТСКА ХРАБРОСТ. Храбри комити, ама мицковистите поербап од храбриве!!!
  6. Прашањето “кој за кого работи“ е Зигмунд Фројд во тебе. Но, одговорот е лесен. Погледни во огледало. Ќе го видиш веле-предавникот Нино.
  7. Последно, околу тоа Мицкоски да свикал вонреден конгрес? Зошто би свикал? Тебе, на Лимунада, Бебо и Рангелова ќеф да ви направи?! Па вие 10 месеци се заканувате дека кај и да е еве вонрден конгрес ќе свикате. Потписи собрал Бебо, лидер барате (Бемка ве одбил), само што не сте влегле во “Белата Шампита“ – ама, ништо. Не кандидиравте човек ниту за локални во Штип. А нели цела партија била за вас а против Жмицко!!! Еве Мицкоски не свикува вонреден конгрес, па што вие мажите од Мериот не свикате?!

Да заклучам. Со колумна кај Катерина трудна-е-само-што-не-се-породила Блажевска (полицискиот соработник уште од времето на Чокревски) и со пијачка на мезанинот на Мериот ниту на Мицкоски можеш да му наштетиш ниту на ВМРО ДПМНЕ можеш да му помогнеш. Можеш само да се наредиш во редицата со Коте од Руља, Петар Арсовски и слични предавници и кодоши.

Има начин како да му помогнеш на ВМРО ДПМНЕ! Ама, од тебе не очекувам ниту доблест, ниту искреност, чесност, посветенесот – а најмалку од се‘ саможртва. Па така да начинот нема да ти го кажам.

 

За Дудинка,

Миленко Неделковски

Скопје, 10 јануари 2012 – 03.26 ч.