.
Промената на името на државата е промена на нејзината лична карта, промена на нејзиниот и наш идентитет, ништење на целата досегашна историја, вредности, идеја, борба, непокор…
Со новото државно име се создава сосема нова држава од почеток, без никаков континуитет.
СЕ НИШТИ ЦЕЛАТА ДОСЕГАШНА БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА, се гази врз коските на нашите претци, знајни и незнајни јунаци.
Со менувањето на името се гази врз граѓаните кои се единствено суверени во Македонија, се гази врз резултатите од реферемдумите одржани на 8.9.1991 и на 30.9.2018г.
Сите пратеници кои ќе одат спротивно на одлуката на својот суверен ќе биде запишани како ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИ!
Нема да може никој да се скрие позади уставната слобода на одлучување, бидејќи овој пат ДРЖАВАТА И ИДНИНАТА СЕ ВО ПРАШАЊЕ!
ПРАТЕНИЦИТЕ И ВЛАДАТА НЕМААТ МАНДАТ да гласаат за промена на името на државата. Ниту една институција во државата НЕМА НАДЛЕЖНОСТ ДА МЕНУВА ДРЖАВНО ИМЕ!
ИМЕТО НЕ Е УСТАВ, ИМЕТО Е ДРЖАВАТА!
А ДРЖАВАТА ПОСТОЕЛА И ПРЕД УСТАВОТ ОД 1991 ГОДИНА И ЌЕ ПОСТОИ И ПО ВАШЕТО ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!
Ќе ви ги поништиме сите неуставни и нелегални одлуки и ќе ве гониме кривично додека сме живи!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Т. Каракамишева
09.01.2018 -Скопје
10.49 ч.