ПОРАЗИТЕ -ТРЕЈД МАРК НА СДСМ

ПОРАЗИТЕ -ТРЕЈД МАРК НА СДСМ

 

Кога се сликавме за матурско табло, имавме еден “школски“ што одеше во Фото “Мајсторче“ повеќе пати. Бараше повторно и повторно да биде пресликуван оти мислеше дека не е излезен онаков убав каков што си се мислел дека е! Еднаш, два пати, три пати… Безброј пати. Но, резултатот беше постојано ист. Со еден збор: ТАПА.

Тоа неодоливо ме потсетува на желбата на СДСМ и неговит лидери 10 години по ред да пробуваат да победат на избори. Било какви: парламентарни, претседателски, локални, за куќен совет… Било што, мајката. Еднаш, два пати, три пати, девет пати… И се порази?! Поразите им стана традиција. Трејд марк.

И, како и мојот школски што се обидуваше вината да ја најде кај Канон, па кај Олимпус, па кај Лајка – еве и Заев бара вина во изборниот модел. Демек, не чинел овој!!! Му чинеше на СДСМ 2002-ра и прочуеното “На 15-ти септември“! Е ама сега им отчини.

Откако ја прочитав убавата анализа на Евтоф (можете да ја видите постирана и на Дудинка), откако се консултирав со повеќемина луѓе што ја разбираат оваа проблематика, можам да констатирам дека сите се согласуваат со констатацијата на Ефтов дека ЗАЕВ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОРАЗ. Знае дека ќе губи, ама прави се во интерес тој пораз да не биде срамен.

Ме потсетува на тинејџерка која сака прв секс, ама не сака да изгуби невиност. Па затоа бара “само малку да и влезе“.

За да не му влезе многу, Заев бара цела Македонија да биде една изборна единица. Демек ВМРО ќе ги загуби пратениците од Дијаспората, а можеби и пратеник-два според Донтовиот модел. Значи минус 5 за ВМРО. Доколку и СДСМ загуби од исти причини 2-3 пратеника, сепак намалената разлика ќе е повеќе на штета на ВМРО. За оваа “идеа“ Македонија да е една изборна единица застанаа и сите мали партии. Демек тука си ја гледаат шансата Пајо, Лиле, Ивор и такви штетници.

Е, ама тие чуле, не дочуле. Разбрале, не до разбрале. Една изборна единица како концепт имаат многу држави. Од Европа посебно, ама таквиот систем има браник! Одбрана од маргинални групи, радикални партии, нацисти, фашисти, бољшевици… Така да западните демократии, во кои има систем цела држава една изборна единица, има задолжителен ELECTION TRESHOLD.

Накратко, тоа значи дека постои цензус од минимум освоени гласови за влез во парламетот. Како што може да се види од “европскава“ табела подолу поставена, процентот на миниму освоени гласови е 5%. Во некои зеји 3% или 4%, во некои 8% или дури и 10%. Во најголемиот дел од држави е 5%. В0 Македонија има милион-и-сто-илјади гласачи. 5% се 55.000 гласови минимум за да се има пратеник. Па така, знам дека и Лиле и Пајо тешко се справуваат со англискиот и дека Ивон има тешка и макотрпна работа да си го изброи членството, но некој нека им прочита. Еве, Венко нека им прочита. Он е по бројките. Дали партиите на Тито, Лиле, Пајо, наследникот на Жерновски (никој името не му го знае), Бачев, Ивон, Оровчанец, Љубчо мислат дека можат да освојат 55.000 гаса во Македонија. Еден од нив?! Било кој од нив?! Бидејки овој “Трешхолд“ е повисок кога се работи за коалиции. 5% е кога е за поединечна партија.

 

Europe

Country For individual parties For other types
Albania 3% 5% for multi-party alliances to each electoral area level[6]
Austria 4%
Belgium 5%
Bosnia and Herzegovina 3%
Bulgaria 4%
Croatia 5%
Cyprus 1.79% 5% for Northern Cyprus
Czech Republic 5%
Estonia 5%
Denmark 2% or direct mandate [7]
Germany 5% of the valid votes (or winning three constituencies)
to participate in the compensation ratio
Georgia 5% 7% for regional elections
Greece 3%
Hungary 5% 10% for bipartite alliances, 15% for multi-party alliances)[8]
Iceland 5% (only for compensatory seats)[9]
Italy Deputies: 4% (nationwide)
Senate: 8% (at regional level)
Deputies: parties in coalitions 2%, coalitions 10%
Senate: parties in coalitions 3%, coalitions 20%
Kosovo 5% None for ethnic minorities
Latvia 5%
Liechtenstein 8%
Lithuania 5% 7% for party alliances
Moldova 5% 3% (non-party), 12% (party alliances)
Montenegro 3%
Netherlands 0.67%
Norway 4% (only for compensatory seats)
Poland 5% 8% (alliances); 0% (ethnic minorities)
Romania 5% 10% (alliances)
Russia 7%
San Marino 3.5%
Spain 3%
Sweden 4% (national level)
12% (constituency)
Serbia 5% None for ethnic minorities
Slovakia 5% 7% for bipartite alliances, 10% for multi-party alliances
Slovenia 4%
Turkey 10% None for independent candidates
Ukraine 5%

Па така, да нема занесување и да нема лажење. Тој изборен модел има таква рамка. Во Европа, ама и во светот.

Country For individual parties For other types
Argentina 3%[10]
Colombia 3%
Uruguay 1% (Deputies)
3% (Senate)
Indonesia 3.5%[11]
Israel 3.25%
New Zealand 5% (or winning an electorate seat)
Philippines 2% (for 20% of the lower house seats; other parties can
still qualify if the 20% of the seats have not been filled up)
Taiwan 5%[12]

Од друга страна, она што го бара Никола Груевски е Мнозински модел. Преведено на скопски уличарски: “Бујрум бе батиња, ако мислите да се тепате, ела на ферка. Сам по сам“. Односно во секој дел од државата, еве на пример во Карпош 1 и 2, се судираат лик од СДСМ и лик од ВМРО. Ако овој од ВМРО има 50.01% од гласовите, а оној од СДСМ има 49.99% од гласовите, ВМРО од таму ќе има ЕДЕН пратеник, а СДСМ НИТУ ЕДЕН. Ќе има НУЛА, КОМПИР, ЗЕРО… Така, теоретски, ВМРО може да има 120 пратеника. Ризичен предлог на “боксерот“! Ризичен за него, за партијата му, за кадрите негови!!! Ризичен – ДА, ама храбар до бесвест. Или по скопски: “Храбар, храбар, у пичку мајчину храбар“.

Па така, боксерот го предизвикува црпнатиот на ферка. Ако Заев смета дека ете на народот му дошло преку глава од фамилијата, дека се живее тешко, дека има неправда, дека нема субвенции, дека има Шенген визи и слично, еве му предизвик да докаже дека бил во право.

hic Rhodus, hic salta

би извикале во античко време, или Alea iacta est би извикал Suetonius преминубајки го рекичето Рубикон. Ние во Скопје би рекле: “Ајде бе пеер“.

Јасно да е. Никола Груевски е спремен на меч од три рунди во аматерски бокс, на 10 рунди во профи бокс, на 15 рунди во профи бокс. Спремен е да боксува во Атлантик Сити, во МГМ Гранд во Лас Вегас, во Медисон Сквер Гарден… Секаде, не му е проблем. Не му е проблем сала, публика, судии, новинари… Тој знае дека е подобар. Многу подобар од противникот. Заев, спротивно, знае дека е ТАПА, како оној мој школски од почетокот на текстот на кој директорот и професорите од Јосип Броз гимназијата заедно со се газдата на Фото “Мајсторче“ мораа да му објаснат дека проблемот не е во фотографскиот апарат! Туку во неговиот сурат.

Зоране Заев, попзнат како Црпко од Муртино, не е проблемот во изборниот модел. Не, не, не… Проблемот е во тебе и твојата елитистичка, предавничка, квислиншка, антимакедонска, комуњарска, ологархиска партија и сфаќања на работите. Тоа на народот му е јасно, тебе не може да ти се разјасни бидејки ќе си нокаутиран во април и судијата ќе ти брои до 10. А ти нема да се освестиш.