Утрово упатив покана.преизвик/прашања до амбасадорот на Кралицата Елизабета Втора.
На сите достапни за мене меил адреси, фејсбук… Еве и вака јавно.
Амбасадоре Гарет,
На овој начин ви ги честитам Новогодишните и Божикните празници.
Воедно, би сакал да ве поканам да гостувате во најгледаната и највлијателната политичка ТВ емисија во Македонија “Миленко Неделковски Шоу“, за да можете на МАКЕДОНКИОТ народ на МАКЕДОНСКА (не албанска) телевизија, и на телевизија која не е со рејтинг под нивото на статистичка грешка, да му ги соопштите своите анализи, ставови, гледишта, прогнози…
Вие и Вашите претходнци редовно одбивавте да гостувате во емисијата, што е секако Ваше право. Мое право е да се запрашам зошто е тоа така? Затоа што се плашите? Или затоа што немате одговор на директни прашања? Или затоа што се чуствувате посигурно во прегратките на албанските новинари во Македонија?!
Од друга страна, вашиот претпоставен Давид Камерун, ги користи најгледаните емисии, највлијателните програми и најжестоките водители за да се претстави пред јавноста во Велика Британија. Вие, засега, не го следите неговиот пример.
Па така, за да не биде оваа честитка залудно пратена, ви праќам и неколку прашања што би ви ги поставил доколку бидете гостин во мојата емисија, а еве имате можност и писмено да ги одговорите:
1. Дали Велика Британија, САД и НАТО донесоа демократија, слобода, ред, мир и функционалност во државите: Либија, Ирак, Авганистан, Сирија, Украина?
2. Дали е воен злосторник поранешниот Премиер на Велика Британија Тони Блер?
3. Колку уште пати, по Охридскиот и Пржинскиот договор, ќе треба насилно да го менувате Уставот на Република Македонија, за да бидете задоволни со сработеното?
4. Дали ја почитувате вољата на народот во Македонија изразена на избори?
5. Дали сте за слобода на говор, мисла, изразување?
6. Зошто има визи за граганите на Република Македонија?
7. Дали има друг пример во сегашноста, и низ историјата, во светот на некој народ да не му се дозволи да се нарекува така како што сака и како што традицијата му налага?
8. Каква перспектива има светот со еднополни бракови?
9. Дали ви е страв од Владимир Путин?
10. Бидејки бегалците се од држави кои биле некогашни ваши колонии, и бидејки бегаат од војните креирани од вас и од бомбите фрлени од вас, зошто не ги примите на ваша територија?
Ви благодарам на времето одвоено доколку сте го прочитале ова.
Поздрав,
Миленко Неделковски