Подржи коњ

Подржи коњ
ПРЕД ПРЕДГОВОР
Дебатни емисии не гледам. Има две причини. Првата, не би сакал да се ставам во ситуација некој мој познат да истресе глупости, па да морам да го расчеречам со коментари, статуси и колумни. И второ, не сакам да се трујам со настап на имбецили со низок коефициент на интелигенција а високи функционерски амбиции.
Вака, раат – не гледам.
Додуша, читам понекој коментар или краток извадок, ама и тоа во многу мала доза. Чисто да имам информација.
ПРЕДГОВОР
Никола Груевски почна да доминира на медиумската сцена во Македонија кога почна редовно да гостува кај мене во емисија – еднаш годишно. Тогаш се’ му одеше од рака (збор), секое кажано му држеше, гласот далеку стигнуваше. Тогаш беа расчеречени сите соросидни и комуњароидни медиуму и невладини. Во глувчешка дупка беа набутани џабирдераловци, чомовци, ордановци, борјановци
Потоа, тогашниот премиер си помисли дека таква доминација на медиумскиот простор е затоа што он многу разбира медиуми и невладини – па направи грешка напуштајки ја таа добитна концепција, што сега го чини да биде бегалец во Пешта.
Тоа беа времиња кога комуњарите ќе се згрцнеа, море задавеа, рикајки и бунејки се дека Груевски гостувал само кај Миленко и кај Јанко. Грлото ангина им фати од драње. Не можло тоа така и слично. А еве сега, кога Христијан Мицкоски веќе трет пат гостува кај де јуре и де факто ретард, кај недоносен сперматозоид, никој
не се буни! Така требало да е!!! Тоа што нивото на домакинот на интервјуто е рамно на дното на селски гериз, а гостинот е од врвот на својата академска фела – тоа никому ништо. Важно лидерот на ВМРО ДПМНЕ да не гостува кај Миленко,
кај било која друга будала може.
ВОВЕД
СтеФче Јакимовски никогаш не бил во категоријата на луѓе што ги ценам. Прво, затоа што се јавуваше да ургира кај Емил Стојменов да не бил споменуван и критикуван кај мене во емисија оти ќе ги стопирал дозволите за градбите на зградата и хотелот Гранд Плаца на фамилијата Стојменови. Второ, затоа што е он
главниот виновник за поразот (не формирањето на Влада) на Никола Груевски по парламентарните избори 2016-та. Виновник затоа што во пратеничкиот состав му ги набута превртачите и комуњаритеПанчо Минов и Чедо Саздовски. И трето,
затоа што најлоши резултати во анкетите по општини последниве 6 месеци, ВМРО ДПМНЕ бележи токму во општината за која е надлежен Јакимовски – Карпош.
АНАЛИЗА
Реакцијата на СтеФче Јакимовски во врска со начинот на “домакинлук“ на Горазд  Чомовски е оправдана. Епитетите со кои го има нарането малиот-на-Чом стојат,  дури мислам дека се и преблаги.
Но, според мене, проблемот не е кај ретардираниот R2D2, туку кај тој што ја планира PR стратегијата и ги организира гостувањата на лидерот на партијата.
Како да сум бил видовит, пред некој ден напишав текст што се однесуваше на превртачката и комуњарка Јоци. Тешко да набројам колку луѓе ми се јавија со “а бе не го напаѓај тој-и-тој наше дете е, добро дете е“ и слично. А, текстот ми беше дека ниту ВМРО ДПМНЕ на Љупчо, ниту она на Никола, ниту пак ова на Христијан Мицкоски не научија медиумска стратегија и невладино делување. Во
оваа сфера, за нив, СДС остана недостижна височина.
Гостувања на високи дужносници на ВМРО ДПМНЕ во криминалната и рекетарска телевизија на Боки 13, исто така гостувања во интернет телевизијата на Драган  Живковиќ, како и гостувања по најразлични апсолутно негледани, нечитани и
небитни портали е PR фијаско. Плус, партиското ангажирање на Јоци, Златев, Геровски и слични комуњарски превртачи, кажува дека во PR одделот на  партијата нема професионалци, туку оние што мислат дека научиле телевизија од
гледање, а пишување од читање. Заборавајки на вицот со Мујо и Фата, кога таа му вели дека научила секс гледајки порно, а тој и одговара дека се здробил гледајки фудбал па не станал Роналдо.
Па така, се согласувам со СтеФче дека “Мали Чом“ видел урда на таквото, па
веднаш ќе прави бачило. Но, сметам дека расправијата со таков испрдок е
сувишна, а решението е не одење на емисија кај такви што со малку урда на курот, сметаат дека секого можат да поканат и секој ќе им дојде во емисија.
НАРАВОУЧЕНИЕ
Никола Груевски не е криминалец како што Чом Ретард го оквалификува. Никола е несреќна политичка фигура, која во одреден момент наместо да има храброст и
да стане национален лидер, уцвика па дозволи меѓународната да го буши и спушти до ниво на политички бегалец.
Но затоа, сите газди и шефови на таткото на Горазд, АлександарЧомовски се криминалци. Александар Чомовски – Чом, е најамник, платеник и извршител за газди криминалци и рекетари: ВелијаРамковски и Боки 13. Тој, татко му на Горазд Ретард, активно учествувал во рекетирањето на бизнисмени, уценувањето на политичари, уништувањето на судбини и семејства. Подолно од криминалец и рекетар е слуга на криминалците и рекетарите.
Па така, не е Никола Груевски криминалец – Александар Чомовски е. И тоа не еднаш, не една годиниа, ами од кога знае за себе, со децении.
ПС
Тоа што Никола Груевски никогаш не се реши од своето азно или контакти во странство, да одвои средства па да создаде силна медиумска и PR мрежа која сега ќе го расцепеше на парчиња малиот ретард на стариот Чом, го остави на ветрометина со симнати гаки, па сега секој може да му го плука задникот. Дури и ваков имбецил ко R2D2 ретардот.
Миленко Неделковски
28.03.20 – Македонија