Поддршка за Сашо ОРДАНОСКИ (2 дел)

Дудинка ПРОДОЛЖУВА  јавно да ја поддржува борбата на Сашо Орданоски, Бранко Героски и нивното весело друштво  против цензурата што ја спроведува СДС. Па затоа, од разочараните соросоидно-БееНДе-УСАИдни кадри, на своите страници пренесува пораки и статуси објавени на нивните профили на Фејсбук, како и нивните колумни на Плусинфо и Либертас.

Реално, ОДУШЕВЕН сум од сознанието што денеска г обзнанува Сашо Орданоски, а за кое му требало толку кратко време од 6 месеци на владеењето на “бруто-нето“, односно “ајро-ајро“ владата.

Сашо денеска констатира  дека:

1. Оваа сегашна влада НЕМА ИНТЕГРИТЕТ.

2. Истата оваа влада е КОНТИНУИТЕТ од владите на ВМРО ДПМНЕ (одамна немало поголема навреда за Груевски, Ставревски, Пешевски…).

3. Дека пратениците на СДС се само гласачка машина, а не самосвесни луѓе.

4. Владиниот кабинет на Заев бил полн со евет-ефендии.

5. Владата на Заев се бирала во рамките на “затворени кадровски кујни“.

6. Најголеми евете ефендии биле министрите Шекеринска и Димитров, кои си мислеле само на своите џебови.

7. Пратениците од медиумите ги дознавале решенијата за кои ќе им се наложи да гласаат.

8. Советниците на Заев во владата, значи и другарот на Сашо, лицето Коко Бојаровски, ништо не работеле.

Крајно, Сашо Орданоски дури и предлага име, под кое ќе бидеме преименувани! А тоа би било: “Новата Македонска Пост-Груевистичка Демократска држава“.

 

 

Дудинка

09.11.2017