Мара Бунева и традицијата “Плачење на туѓ гроб”
👣👥🥾
Мара Никола Бунева од Тетово, сестра на Лазар Бунев, војвода од редовите на ВМРО, го убива српскиот окупаторски надстражар( јавен обвинител) Велимир Прелиќ како освета на ВМРО за големиот судски процес “Осуда комитаџија” и осудата на 20 македонски студенти во Скопје, од кои 2/3 невини и воопшто немале врска со ВМРО. Има спротиставени ставови за побудите на атентатот и приватните односи на Мара и Велимир Прелиќ, но евидентно и јасно е дека таа се изјаснувала како Македонка и потекнувала од комитско семејство кое се борело за независна Македонија. Била член на МАКЕДОНСКАТА ОСЛОБОДИТЕЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА (татко и бил близок пријател со Тодор Александров)… и сега доаѓаме до моментот зошто Бугарите, тоест побугарените словени-Бугараши доаѓаат на нејзиниот гроб и го оплакуваат нејзиниот живот и смрт и зошто на панихидата носат слики од фашистичките поробувачи???
***
Вистинските Бугари( Асл Булгар) без разлика на која група припаѓале и кога дошле во Тракија и Македонија биле номадски (пагански) народ од групата на турано-татарски народи кои верувале во бог Тангра( Тенгри) и бидејќи постојано патувале и се сеселе не ги закопувале своите мртви, никогаш во 700 годишната историја пред доаѓањето во Европа немале гробишта, а смртта ја доживувале како премин во ” Небесното царство на Тенгри”. Нивниот хан (каган) Гоборис, подоцна Борис( христијанско име Михаил)…извршил насилна христијанизација и ги приморал своите поданици- вистинските Бугари, но и мноштвото Хуни да ги почитуваат христијанските обичаи. Но бидејќи новодојдени немале свои гробишта и немале помен ( кого да оплакуваат) Борис наредил да одат и да плачат на гробовите на “месните Христијани” најчесто Македонци, Траки, Мизи…кои само неколку години претходно ги убивале безмилосно, освојувајќи ја нивната земја.
Борис бил свесен дека во своето царство има 2/3 ” Словени”, т.е христијани и со чинот- помен, посета на гробовите и ” плачење на туѓ гроб” сакал да ги помири Булгарите и месното население, но и да покаже дека сега веќе и Бугарите се христијани и вистински се каат за своите гревови.
Но оваа пракса им била многу непријатна на насилно воведените во Христијанство пагани и затоа тие одбирале гробови на кои немало роднини и пријатели дојдени на панихидата, ЗА ДА НЕ МОРААТ ДА СЕ СООЧАТ СО ДЕЦАТА И РОДНИНИТЕ НА НИВНИТЕ ЖРТВИ…со тек на време, напуштените гробишта или оние во местата каде веќе немало христијанско население ги прогласувале за свои и наместо икони и слики од починатите тие истакнувале слики на нивни кагани, хазбули и ханови, кои фактички биле крвниците и џелатите на оние на кои всушност им дошле на панихида.
Таа “бугарско-паганска ” традиција продолжува до ден денешен…
Томче Ширков
Скопје, Македонија – 15.01.22