ПИЧКИ, ШТА ИМА?

Не можев да останам равнодушен на логичното размислување на мојот колега од Брисел, Нонковиќ.

Во долгите муабети со кој разглобуваме детали од такви како што е на пример дилемата чив човек е Виктор Доневски, идниот извршен директор на ФК Вардар, на Мијалков или Камчев? Односно, дали ФК Вардар е воопшто на Самсоненко?! До онакви дали сега ќе биде маргинализиран успехот на Митко Јанчев? Кој, заради изборната кататсрофа на сите останати, станува главен конкурент на Христијан Мицковски.

Е, во тие гимнастики на мозокот, Бобан ми постави едно логично прашање: “Што мислиш, она на Шилегов “Пички шта има“ дали има поголема позадина? Да не не е само уличарско, насилничко однесување?“

И, ме стави во мисла.

Однесувањето на неговите колеги ов ВМРО ДПМНЕ во последните 3 години, однесувањето пред, а особено по “Пички што има“ настанот, покажува дека Шилегов и раководството на СДСМ знаело многу повеќе за ВМРО ДПМНЕ и неговото раководство од што јавноста и можела да претпоставува.

Попустливото, предавничко и импотентн однесување на раководството и функционерите од/на ВМРО ДПМНЕ по скопски со еден збор се нарекува “пичкинско“. Ќе ми простите на вокабуларот во овој текст, ама така се збори на улица во Скопје со декади. Попустлив, импотентен или предавник има една заедничка карактерна особина: “ПИЧКА“ од чоек. “Остај го, пичка“. “Ма пичка е тој“. “Со пичка не фаќај работа“ и слични реченици се во секојдневна скопска употреба од кога прв пат го имам чуено тој збор. Значи најмалку половина век.

Па си помислуваме со Бобан, можно ли е еден “були“ ко Петре да има сознанија за работи што ги става неговите политички противници во ситуации да ќутат ко ПИЧКА под кошула? Да молчат ко ПИЧКИ?!

Пред 3 дена Груевски изјави дека изборите не ги признава, денеска пратениците од ВМРО ДМНЕ ко попчиња (мек израз за да не пишам пички) со присуство во Парламентот, за прашање што токму на тие избори се однесува, си седнаа , си гласаа и изборите ги верификуваа. Пички од луѓе, е по скопски.

За хорот од пички што пееа “Ова е пуч“ сто пати сум пишувал.

Дали Шилегов знае нешто, па така ги нарекува? Значи не ги навредува, ами ги нарекува. Ако знае Шилегов, тогаш знае и цела весела дружина од СДСМ.

Вистината е како шило, мајку му.

Меѓу тие пратеници имам и пријатели. Ризикувам да се навредат, налутат. Ама и јас и тие работиме во интерес на народот, на јавноста.

Како се одвиваа работите во последните три години, му дава за право на Шилегов да им го упати овој “епитет“.

Гледајки ја “големата слика“, се прашувам, дали раководоството и преговарачите од ВМРО ДПМНЕ ке отидат ко ПИЧКИ во Париз за да го докусурат она што последно остана – името? Или ко МАЖИ ќе одбијат покана и ќе останат во Македонија?

Што ќе биде?