ПАТРИОТСКА ДОЛЖНОСТ

ПАТРИОТСКА ДОЛЖНОСТ

Во моите емисии, сам а и со Мирка Велиновска, пред оној грандиозен собир на народот што се одржа на оној киамет на 27-ми Февруари ова зимо, повикав да се собереме, ние МАКЕДОНЦИТЕ, без разлика на разликите, амбициите, недоразбирањата, спротиставностите, капацитетите… Оти МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ народ се поважни од сите наши стини и бедни животи што имаат свој билошки крај. Само МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА.

Па така и овој пат. Не ме интересира кој е организатор. Не ме итересира кој ќе е говорник, и дали тој некој, како Тодор Петров, подоцна оваа масовност ќе ја искористи за свои лукративни походи во Канада или друг континент. Не ме интересриаат најразличните оргаизации со патриотски имиња и предзнаци дали биле од овој или оној формирани.

МЕ ИНТЕРЕСИРА НАРОДОТ и ме интересира МАКЕДОНИЈА.

Затоа објавувам, дека без никакви права и обврски, како обичен, рамнправен, чесен и посветен МАКЕДОНСКИОТ ПАТРИОТ утре ќе присуствувам на митингот. Друштво ќе ми прават МАКЕДОНСКИТЕ жени и мажи што си ја сакаат оваа држава. Друштво ќе ми прават Мирка Велиновска, Александар Пандов, Алек Русјаков, Виолета Ачковска, Тања Каракамишева…

Од мое име, а ме замоли Мирка и од нејзино име, ги повикувам сите национално освестени родољуби утре да дојдат во 19 часот.

На серија митинзи во текот на изминатата година, како и на протестите на “Заедничка Македонија“, не видов да присуствува лидер на ВМРО ДПМНЕ или Премиер од таа партија (Груевски, Димитриев, Мицкоски). Се отцепија, се дистанцираа, од народот. На последниве митинизи, оној на 27-ми февруари и оној во март за двојазичноста, не видов ниту членови на ИК на ВМРО ДПМНЕ. Од СДСМ не очекувам присуство. Тие, како што констатира Мирка се дијагноза, а не партија. Ама од единствениот наш анкер ВМРО ДПМНЕ очекувам. Но, се си мислам, залудно. Сегашниот лидер на партијата сака да е на ручек со кососвскиот лобист Сашо Орданоски, а не на улица со својот народ. Без разлика на се, ги повикувам сегашните членови на ИК и ЦК, новоизбраните претседатели на Општински комитети, стари и сегашни раководители на партијата, па дури и реформатори – ДА ДОЈДАТ ДА МУ СЕ ПРИКЛУЧАТ НА СВОЈОТ НАРОД.

Ги повикувам покрај другите и своите колеги новинари. Но, изгледа дека само јас и Мирка си останавме со народот. Се друго се клиенти на партии и амбасади. Бидејки уште одсега ми е јасно кој од новинарите (водители, уредници, директори, колумнисти…) ќе дојдат да си бидат дел од народот, ќе ве молам во иднина да ме поштедите од “констатациите“ кој новинар и која емисија колку била патриотска. Патриотизмот се покажува на дело, а не преку емисии, гости и теми обезбедени од извори во тајните полиции на Балканот.  Присаството на митингот лесно се констатира. Потребно е селфи што ќе се постира на ФБ или Инста.

Македонија е нападната од надвор и однатре. Народот во моментов нема политички и национален лидер. Упорно се формираат најразлични “таск форсови“, како најновиов “Охидски“, за расклопување на државата и нацијата. Странски војски маршираат низ нашите градови, странски емисари командуваат, црквата ни се бугаризира,  јазикот ни се брише, името ни се менува, идентитетот ни изчезнува… Ни забрануваат да имаме пријатели, сојузници, симпатии… Ни велат дека сите исто треба да мислиме. Браќата ги фрлија во мрачни зандани.

Ве повикувам утре сите да им покажеме СРЕДЕН ПРСТ на сите домашни соработници на странскиот окупатор и на окупаторот лично. Среден прст за Заев, Мицкоски, Форина, Бејли, Гарет, амбасадорската свита, “Охридската група“, Брисел, Вашингтон, Берлин, НАТО, ЕУ.

Утре нема да има организиран превоз. Сите ќе се плашат да платат автобус за народот, а партиите ќе му се извинуваат на Бејли оти ете баш таков, никаков, народ им се погодил. Утре нема да има сок и сендвич, 50 евра, блех музика, чочек…

УТРЕ ЌЕ ИМА НАРОД.

Јас ќе сум со својот народ. Јавно ги прашувам Никола Груевски, Христијан Мицковски, Кирил Божиновски, Мартин Протуѓер, Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николовски, Митко Јанчев, Јанко Илковски, Васко Ефтов, Тони Михајловски, Влатко Ѓорчев дали ќе му се приклучат на својот народ?

Оти ниту едена ваша бедна кариера и амбиција не е поважна од МАКЕДОНИЈА.

Мојата патриотска должност со задоволство утре ќе ја исполнам.

 

 

М. Неделковски

родољуб

25.04.2018