ПАЛЧО

ПАЛЧО

ЗАЕВ: ПУКОВНИК ИЛИ ПОКОЈНИК

Бидејќи доаѓа време и сезона за производство на котли за централно греење и подготовка за слледната, која ќе биде камен ладна, ова е мојата последна лекција на младиот и исплашен бизнисмен од Струмица.
На почетокот ведаш сакам да му изразам на Зоран Заев почит или респект по модерно за исклучителната храброст и упорност со која влезе во проектот Вистината за Македонија подготвен, стокмен од Современата Римска империја. Црвенковски го одби тој проект, му беше понуден веднаш после тепањето на пратениците во парламентот во декември месец 2012 година. Она што остана не одговорено е следното- Тогаш надвор од парламентот Црвенковски, Заев и Стевче Јакимовски беа подготвени да се тепаат со специјалци додека се случуваше драмолетка режирана во парламентот, а Црвенковски подоцна замина во заборав, ќути како пичка под кошула, Стевче го оформи ГРОМ и нормално го победи политичкото дрво Андреј Петров во Карпош, а токму тогаш младиот бизнисмен од Струмица се нафати на најголемиот политички проект во поновата историја на оваа држава со име ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА. Од денешна дистанца е многу лесно да се пишува ова, но тогаш, Зоран Заев ризикуваше се, се нафати и машки ја истера работа до крај. Заради објективност треба да се напише дека современата Римска империја во целост му даде огромна логистика, од безбедност, информации, бомби, ПР, советници и стратези да го изоди патот кој претстоеше, сам против сите, со еден куп недефинирани и профилирани остатоци од некогашната СДММ на победничкиот Социјал демократски сојуз.
Е сега, Зоран Заев покажа храброст, упорност, не спорно и затоа освои огромни симпатии и респект од обичните од чесните граѓани. Но дали е тоа доволно, дали е тоа лекот и оружјето со кое ќе се спаси државата од едноумие, од хаос и тоталитаризам на ДПМНЕ, одговорот е не, не е доволно, воопшто не е доволно.
Повторно целата одговорност и вина за килавоста, лошата состојба на терен, разочараноста на неинформираниот граѓанин од СДСМ паѓа на Заев. Приметив, во малкуте директни контакти со малдиот нуклеарно изамбициран за власт опозиционер дека освен што вешто ви кажува она што сакате да го чуете, што е една од најлошите финти на Црвенковски што ги има ископирано, многу често ја користи втората одвратна и лоша навика на Црвенковски да се вади со изговори во кои ги пљука и користи најблиските соработници. Конкретно, се плаши од авторитети околу себе, тоа е карактерна црта на БЦ, одлага, плимпа, калкулира, сосема различна личност кога е во прашање партијата, сосема спротивно од неговата желба да ја сруши оваа власт, а мора да се признае дека му е голема.
Двојството, различноста, кога е во прашање СДСМ и ВЛАСТА е толку многу радикално спротвна, што делува одбивно, делува разочарувачки, делува како генератор за апатија која деновиве масовно се шири низ државата.
Конкретно, просечниот граѓанин е свесен дека Бејли и Орав се вистинската опозиција, обичниот човек е свесен дека СДСМ на собирот во Кочани каде традиционално СДСМ добро проаѓа се собираат едвам 500 граѓани.
Обичниот граѓанин е свесен дека е против ДПМНЕ, јас сум против ДПМНЕ, но нема никој, ниту во комшии, ниту во месна, ниту некој кажал ало постоиме, овде е СДСМ, нема ништо.
Да напраам мала пауза: тука се уфрла некој запален новокомпониран социјалдемократ со кандило во едната а свеќа во другата рака и ми пишува коментар, со кој ме навредува и до небеса се дере: ЗАЕВ ЗА ПРЕМИЕР или пак НАПРЕД НАШИ.
Продолжувам, вулгарната поделба помеѓу лидерот Заев кој ги контролира сите делегати на конгресите на СДСМ и сите општински претседатели кои ги контролира Рада бела Рада ствара непродуктивен дуализам во партијата кој ја успорува, ја прави трома и неадекватна за состојбава во која ДПМНЕ и тендерашите околу имаат доволно време да се консолидираат од сериозните удари кои ги доби од УСА и ЕУ.
Препуштањето на републичкиот изборен штаб на Дамјан Манчевски за изборите кои биле најважни во историјата на оваа држава така барем деновиве кажува Заев, во најмала рака е хипокризија и заебанција. Немањето на синергија внатре во партијата на многуте групи по генерации, интереси, региони и роднини ја покажува неспособноста на РАДА и Заев да направат победничка и силна СДСМ.
Прво, Заев и Рада меѓусебно немаат никаква синергија, туку вулгарна поделба на делегати и општински, па токму тоа е причината што единството е евидентно во блокирање, затварање внатре во Бихачка за да не бидат загрозени нивните идни функции во некаква си идна влада.
На СДСМ му треба само 30 дена и ноќи непреспиени, на СДСМ му треба многу малку за да ја прегази ДПМНЕ со или без прочистени списоци, но претходно, е потребно обичниот граѓанин да ни верува.
Токму затоа, наместо да напишам мочко еден како минатиот пат, еве ќе ти покажам како се респектира лидер и тоа нема да го направам, но, ноооо гопсодине Заев, не ми се доволни твоите намсевки, не ми е доволно твоето калкулирање и чекање наместо СДСМ , Бејли и Орав да Ви ја завршат работата, па Вие зелени и недоквакани детишта власт да делите, а не сте деца, далеку сте од деца, што значи дека сте лоши, катастрофално лоши и лицемерни.
Дечко од Струмица, полуписмени твои функционери тероризираат цели два градоначалници што ги има СДСМ, цртаат маркици по канцаларии, продаваат чоколади Милка по 95 денари, дечко дечко Скопје не ти е Струмица уште помалку комерцијална банка и село Велмеј. Дури и мојот душман Црвенковски се сложува со ова, доста ти беше, не се инати или ќе се смениш или ќе се заебеш, трето нема.
Сто пати ти е кажано да не се исповедаш на Наум владиката фанариотот и руската државна позиција во РМ, неможе твоите муабети со Бејли, Вице по струмица да ги раскажува,.
ЗАКЛУЧОК- Се што си научил од БЦ е лошото, а гледам дека многу малку си научил од она другото. Поточно, Љубчо Георгиевски СДСМ на ланче го држеше и со смоки и ајвар по студентски домови го хранеше, ама гледам БЦ не ти раскажал не те извежбал. Недозволиво е ГРУЕБ 10 години да владее а ти да ми се фемкаш и заради РАДА бела РАДА, и идната рапсределена власт и Јуни месец да не ти е доволен. Престани селски финти да продаваш, спреми се и во Јуни згази го ДПМНЕ, не туку распродавај по пазари и душа и срце.
Доста беше лигавење, гази го ДПМНЕ или тргни се.