О, ТИИИ…

Кога имав бинго, пред едно 20-тина години, меѓу вработените беше узречица “о, тиии“! Односно, со таков јазик се обраќаа играчите албанци кон крупиерите. Значи наместо “еј“, “ало“, “дечко“ или слично повикување на крупието, овиe бинго играчи употребуваа “О, ти“! “О“ како ејјј, а “ти“ како одредување на правецот на повикот “О“ кон некоја особа, односно кон тебе, односно кон “ти“.

Бинго водев од 1995-та до 2004-та. Ден денешен, кога ќе се сретнат поранешните врабтени меѓу себе, или ја кога ќе ги видам, си отпоздравуваме со “о, тиии“.

Ама, еве сега еден нов “о, ти“ е на сцена. Американскиот ОТИ. Тоа е организација која по неуспехот на СОРОС и УСАИД, сега ќе проба со нови стотици милиони долари да влијае врз јавното мислење во Македонија.

 

Нормално, ваква “агенција“ си ги регрутира пропалитетите што ги наследува од Сорос и УСаид: Борјан Јовановски, Ива Секуловска, Коколанов и некоја глумица на која заборавам-и-името. Тактиката е да ја копираат емисијата што своевремено ја имаше Весна Бејби.

 

 

Директорка на проектот што се вика Контравести а ќе оди Телма е Ива Секуловска. Но при утврдување на студиото, сценографијата, условите предначеле двајца американци во друштво со Борјан Јовановски кои не излегувале од Телма додека не се комплетираат работите.

И ете така, кадарот на Срџан Керим, сопственикот на Коза Ностра Коколанов, кадрите на Јорго Шацимаркакис Борјан и Ива, како и Саки внукот на кодошот на беломорските партзани, ќе се борат против режимот со сатира.

Сега баш ме интересира “демантот“ што нема да сака да го демнатира Борјан интергалактичката лажовчина.

Живо ме интересира дали навистина “No one is off limits“? Или лимитот ќе ги изземе Бејли, Орав, Гарет…

Земајки предвид дека и на други телевизии ќе се прават “смешни вести“, стартува интелектуална и авторска битка помеѓу  Коколанов и други автори. А и директорска помеѓу  Саки и негови колеги.

Сите видоа дека телевизијата е само едно шоу, Миленко тоа 30 години го труби. Сега сите сакаат да се Комеди централ.