ОЈО

ОЈО

На било кое обвинителство од било која афричка земја, а камо ли од европска, овие сведочења и самообвинувања од страна на Герис би биле доволни за покренување на обвинение за тешко кривично дело Загрозување и подривање на државата и Уставниот поредок.
Велам во секоја земја и секое обвинителство, освен во нашава земја и ова поданичко и подјармено обвинителство.

Сведоштвата на Бранко Герис:

1. Без референдумска поддршка, со големи напори и операции несвојствени за политичката игра во едно демократско општество, со наша граѓанска поддршка (и моја, меѓу другото), создадовте двотретинско мнозинство во парламентот за уставна имплементација на Договорот од Преспа.

2. …дозволивме неброено пати да ни ги врзете очите за да ги изведете вашите трикчиња, оти бевме водени од мислата дека правите нешто умно и историски важно за Македонија. Во таа смисла, ние, граѓаните, сме ваши соучесници во операциите за обезбедување на потребното мнозинство, дури и на операциите чиј легитимитет е крајно спорен. Ние бевме и сме соучесници…

3. …туку вие немате морално право да го искористите овој момент за вашиот тесноград партиски интерес – на блиц криг избори да му нанесете пораз на вашиот политички противник, со цел вашата власт да добие апсолутна мнозинска поддршка (така и шанса да прерасне во апсолутизам)…

4. Тоа не би било европско, туку простачко балканско поведение. Тоа не би било добро за Македонија.

5. Можеби е време да сфатите дека не баш сė што е добро за вас лично е добро за СДСМ и е добро за Македонија.

Ете ги признанијата на Герис за злоупотребиѕе и криминалите на фашистичката пучистичка влада на Бејли и Заев.
Дали ќе допре гласот до ОЈО?
Секако, нема.

М.Н.

.