Отворено писмо до Урсула Фон дер Лајн

Отворено писмо до Урсула Фон дер Лајн

Отворено писмо до Урсула Фон дер Лајн & EU-company

Почитувана госпоѓо Фон дер Лајн, јасно и недвосмислено ви порачуваме дека никого во Република Македонија веќе не можете да го импресионирате со големи, патетични зборови, пофалби, панегирици и награди за вашата квислиншка ЕУ-мивка, Зоран Заев. Во Брисел можете да му подигнете и дваесетметарски споменик од злато, но за македонскиот народ тој е морален мртовец, и засекогаш ќе остане само најбеден изрод и велепредавни

Велите дека „тој ја доближил Република Северна Македонија поблиску кон ЕУ, таму каде што и припаѓа”. Но, госпоѓо Фон дер Лајн, да се послужам со сугестивни, за Македонците апсолутно одиозни кратенки, работите стојат вака: вашата РСМ е вештачка квислиншка државичка што ја создадоа ЕУ, САД и НАТО. Пред појавата на велепредавникот и квислиншкиот слуга Зоран Заев таа вештачка државна творбичка воопшто ја немаше на светов, а постоеше и меѓународно беше признаена единствено нашата достоинствена татковина Република Македонија, создавана и создадена низ органски историски процеси и вековни стремежи и неброени и немерливи жртви на македонскиот народ. Со груба сила и надреални измами донесен на власт од ЕУ, САД и НАТО, квислингот Заев, со криминални методи и со ваше заедничко, невидено политичко и медиумско насилство безобѕирно ја поништи, ја избриша Република Македонија, и до болка го понижи македонскиот народ. Според тоа, госпоѓо Фон дер Лајн, вашиот миленик Заев немал што да ја „доближува РСМ до ЕУ“. Квислиншката државичка РСМ, – која овде, кај македонските граѓани, ви стои на стаклени нозе, а не постои дури ни две цели годинки, – од познатите хегемонистички и неоколонијални причини ја создадовте вие неразбрани душмани на македонскиот народ; морате да знаете дека совршено ни е јасно оти таа е ваш геостратешки и неоколонијалистички проект, а во моментов и ваш обичен политички сателит, и како државно-правно мртвороденче ќе се врти околку ЕУ само додека успевате мивката Заев да си го одржувате на власт. Што подолго го гази, го дави и го понижува македонскиот народ, тоа подобро за сите вас што имате неоколонијалистички и освојувачки интереси во Македонија. Но морате да разберете дека македонскиот народ не ја признава РСМ, и штом квислингот Заев падне, а ќе падне, госпоѓо, зашто е однатре пеколно црвлив и гнил, ние Македонците и сите македонски граѓани ќе си ја обновиме и ќе си ја вратиме нашата изворна, историска, цивилизирана држава Република Македонија. А пак вие, штом сте толку восхитени и вљубени во Зоран заев, земете си ја таа мивка во ЕУ; тој ви е супер крпа за бришење нечистотии од неоколонијалистичките ЕУ-чизми, и тоа е сета негова доблест.

А што се однесува до тоа дека Заев, како што тврдите, „го сменил курсот на историјата“, во тоа сме сосема согласни со вас: тој навистина го смени курсот на историјата, така што македонскиот народ и Република Македонија, наместо забрзано да продолжат да се движат кон угоре, кон напред во времето, во афирмација на својата тешко здобиена државност, во својот економски и културен растеж, примитивниот политички дилетант и велепредавник Заев, дивјачки и брзопотезно курсот на историјата го смени и го сврте наназад за цели 150 години. Токму поради тој, госпоѓо Фон дер Лајн, според вас и за вашите незаситни неоколонијалистички потреби, „голем лидер“, како што свечено го наречувате тој мизерен уличарски лигуш, аналфабет, простак и најбеден подлизурко на туѓите интереси во Република Македонија, а безобѕирен криминалец и диктатор во своето мало квислиншко РСМ-царство -, токму поради тој ништожник Република Македонија и македонските граѓани повторно се најдоа на самиот почеток на својата повторна, нужна меѓународна афирмација, но и на тешкиот пат на враќање на својата, длабоко во темелите разнишана државна и национална самодоверба и самопочит.

А еве порака и до вас господине Лајчак. Јасно е дека како добро платен ЕУ-синекурант и вие морате да го гладите, да го галите и да си го „Лај(ч)кате“ своето балканско велепредавничко куче, Зоран Заев, но срамно е, и засрамете се поради тоа што тој неранимајко, кој бесчувствително ни ги раздроби македонските срца и крвнички ни ги изгази македонските души, вам ви буди асоцијации на големиот државник Нелсон Мандела. Па кај ви е умот? Знаете ли вие што зборувате и како тоа ќе го избришете од нашата меморија кога вашиот северџански слуга Заев порано или подоцна ќе заврши на обвинителна клупа и во затвор за невидено национално велепредавство, но и за цел куп кримнинални работи, и во своите стопански махинации (само да потсетам на изнудувањето поткуп од 168.000 евра), но пред сѐ и над сѐ за сето она што го направи од извршениот државен удар на 27 април 2017 година, со кој се дограби до власт, па сѐ до безобѕирното газење на законите и незапомнетата партизација и уништување на независноста на македонските медиуми, на македонските државни институции, и особено безочната узурпација и насилничка злоупотреба на правосудниот систем и правосудните органи за здобивање апсолутна моќ во државата. Е тогаш, ве молам, господине Лајчак, тогаш кога повторно ќе го видите Заев со лисици на рацете јавете ни се со своите небулозни споредби на тој мизерен квислинг, со националниот херој на својот африкански народ, и големата, светла, светска политичка фигура Нелсон Мандела. А пак за следново ваше „зрнце европска мудрост“ што емфатично го изговоривте, т.е. дека љубимиот ви Заев „со добри намери, ја ставил својата држава пред себе и својата политичка кариера“ можеме само онака народски да речеме дека тоа е една најординарна, тешка глупост. Видете, господине Лајчак, таа реченица требало да ви гласи вака: „Заев, со подмолни намери и поради својата политичка кариера и свои лични интереси безочно ја стави државата на македонскиот народ под своите валкани нозе“. Кажете му, затоа, на вашиот пи-ар советник другпат да обрне поголемо внимание на тој мал детаљ, зашто вистината, од една страна, и црната лага и глупоста, од друга страна, се сосема различни работи.

А дури и оној Данаец Ципрас се најде умен да каже нешто во оваа хистерична врвулица од обиди за спасување на својот ко-нобеловец Заев од длабоките политички лај.. во кои дефинитивно длабоко се лизна. Но, ајде, Ципрас го разбираме. Верува, завалијата, дека на наредните избори во Грција повторно ќе дојде на власт, и оти би било добро дотогаш неговиот „брат“, најголемиот светски велепредавник Зоран Заев, на Грците да им го одржува и да им го чува како „важечки“, за македонскиот народ апсолутно неважечкиот, криминален и капитулантски Преспански договор, како впрочем и нивниот воено-културен (читај: надзорно-авионски и надзорно-антички), брусилски, северџански протекторат.

На крајот, госпоѓо Фон дер Лајн, и вие господа Лајчак и Ципрас, – мораме да признаеме дека Зоран Заев е навистина жилав политички мрсул што безочно ни го исхркнавте во Македонија, но и за него има лек и крај. Затоа јавувајте се вака повремено со слични мудри изјави за да знаеме дека и таа фантазмагорична Европска Унија сѐ уште постои, а и да добиете фидбек дали тој ваш отровен заевски мрсул е сѐ уште смртно заразен и опасен за средината, или веќе сосема се засушил на некоја стара, гнила пенушка крај Вардар. 

Алдо Климан

27.11.20 – Пула, Хрватска