Опозицијата на Меркел

Опозицијата на Меркел

Кога ќе почне да пука филмот, почнува од оние шавови од кои најмалку очекуваш 🙂

Кристијан Линднер, претседател на ФДП, од денешното заседание на Парламентот:

„Госпоѓо Меркел! Вие рековте дека во процесот на донесување на одлуки, најпотребна е дискусијата. И точно е тоа што го кажавте. Меѓутоа. Дискусијата треба да се води ПРЕД донесувањето на одлуката, а не отпосле како што е случај последниве месеци. Вие зад затворени врати, носите одлуки, и потоа на Парламентот само му ги соопштувате, за ние да си дебатираме околу веќе донесени одлуки. Сите фракции во овој Парламент, од најлево до најдесно, се обединети по однос на потребата, процесот на донесувањето на одлуките да се врати назад во Парламентот затоа што во спротивно ќе дојде до деформирање на парламентарната демократија.

Госпоѓата Меркел вчера, кога ни соопшти што одлучила, ни рече дека владините одлуки биле потребни, соодветни и сразмерни. Тоа не е доволно и не оправуда донесување на мерки. Потребно е, било какви одлуки да бидат поткрепени со АРГУМЕНТИ, кои ќе држат вода.

Вие, постојано носите одлуки, кои уште следниот ден како крушки паѓаат во судовите, затоа што судовите пресудуваат дека се незаконити и противуставни. Владата повеќе не смее да си дозволи такви падови на кредибилитетот, не смее да дозволи своеволно носење одлуки.

Голем број мали фирми и ресторани инвестираа во средства за запазување на хигиената и растојанието. Голем број хотели и претпријатија грижливо се подготвија за есента. И сега вие им ја затворате егзистенцијата. Вие сега одлучивте, истите тие луѓе да ја платат цената за вашето неаргументирано одлучување, само затоа што вие сте единствената која мисли дека таквите одлуки се потребни. Во вашиот начин на работење, единствено нешто што постои е непотребност, несоодветност и несразмерност од ваша страна во однос на пристојност и фер-игра.

Сега сте одлучиле, дека на милиони луѓе кои ќе останат без работа ќе сте им овозможеле финансиска помош од буџетот. Од нивни пари кои вредно ги заработувале и во вид на даноци ги плаќале во државната благајна, вие сега ќе црпите за да се презентирате во филантропско светло како добротвор, давајќи им трошки од нивните пари, за да си ја финансираат егзистенцијата која вие им ја одземате? До кога? Додека дури и оваа држава не се слизне во неповратна криза предизвикана од веќе предалеку отидено задолжување? Овие луѓе не сакаат некој да им дава пари како на недоветни и неспособни за работа. Овие луѓе сакаат да РАБОТАТ. Ние, одговорните, не треба да го финансираме сопирањето на животот. Ние треба да донесуваме одлуки, како со народните пари да живее човекот, да живе јавниот, културниот и економскиот живот.

И да ве прашам нешто, за кое што ни вие ни другите членови од владата досега не се изјасниле. Што ќе се случи после ноември? Што ќе се случи, доколку во јануари дојде третиот бран, дали и тогаш Германија ќе мора да доживее трет пакет ригорозни мерки? И дали во март следната година ќе има четврт пакет ригорозни мерки? И во јуни петти, во јули шести пакет? Дали можеби одиме натаму, во догледно време да се остварат влажните соништа на одредени членови на владата за насилно влегување во домовите и нарушување на приватноста, кршењето на Уставот во сега најнезамисливата, драстична смисла? Дали сериозно би дозволиле такво незамисливо нешто, како што е еклатантното кршење на Уставот и продирање во домовите на луѓето?

Недопирливоста на домот е вкотвено во нашиот Устав, и оној, кому му значи Уставното право, нема ни да полемизира за ова свето, демократско, право на човекот.

Вчера се одржа конференција на челниците на медицината во Германија. Претседателите на здруженијата на матични лекари, на здравствените комори, највидните професори во земјата од областа на медицината и науката, одржаа конференција во која децидно се изјаснија токму за несразмерноста, непотребноста и безумната претераност на вашите одлуки, и ги нарекоа опасни по здравјето! На тие луѓе, госпоѓо Меркел, вие не можете да им префрлите популизам, не можете да им префрлите теории на заговор, затоа што тие луѓе, госпоѓо Меркел, се врвните умови кои со децении се столбови на нашите институции.

Вие тврдите дека мерките на владата се безалтернативни. Госпоѓо Меркел. Доколку досега не сте забележале, нашата држава е демократска држава, во која владее слободата. На безалтернативност, ѝ нема место во една демократија. Секој предлог, кој ќе ги подржи здравјето, правдата и СЛОБОДАТА, заслужува да биде добро проучен. Благодарам.“

После Линднер зборуваше Гауланд, еден од основачите на десничарската АфД и нејзин претседател, опишувајќи ги постапките на меркел како најопасни по слободата и демократијата на Сојузна Република Германија, од нејзиното постоење, а реториката на Меркел ја нарече „воена реторика“, која се потпира на ширење страв и паника против непријателот, како манипулација, за да го мобилизира народот на покорност. „Но овој народ е научен на слобода.“

♦ Преземено од М. Стојанова