Оливер Андонов до Александар Николоски

Оливер Андонов до Александар Николоски

Почитувани пријатели, вечерва на Алфа ТВ во емисијата “Заспиј ако можеш”, господинот Николоски (таканаречениот подпретседател на ВМРО-ДПМНЕ) се обиде со манипулација и извртување на јасни факти да ја избегне одговорноста за давање јавна невистинита изјава и при тоа “мангупски” да се претстави како значаен и  одговорен “фактор” кој ја зборува вистината.

Затоа, си земам за право да дадам одговор на неговото во најмала рака непристојно однесување. За жал, во неможност тоа да го направам на Алфа ТВ, бидејќи се сомневам дека новинарот Драган Милосавлевиќ ќе има храброст да ме повика во емисија и ми даде можност да зборувам јавно и со аргументи, моите ставови и аргументи ќе ги изложам на мојот ФБ профил пред сите вас, во надеж дека ќе бидат преземени и јавно публикувани.

Господине Николоски, или да ве натекувам господине Заев, бидејќи според нивото на однеаување и упорноста во опстанувањето во невистината сте како едно со него, и тешко е да ве разликува човек. Згора на се, според јавните настапи како да се заштитувате меѓусебе, а божем се напаѓате.

За волја на вистината вашата енормна и ексклузивна измислица ја започнавте на Канал 77 на 19.12.2020 год. по што следуваше:
1. Демант од амбасадите на Чешка и Словачка на 22.12.2020. Дециден демант и колку и да се правите недоветни дека вашето име не било споменато во демантот со здушно надополнување на новинарот, на секого му е јасно дека се однесуваше на вашата изјава, бидејќи никој друг не даде таква колосално “ексклузивна” изјава. А, секако тоа што амбасадорите не ви се обратија директно вам или на партијата покажува некои други состојби за односот кон ВМРО-ДПМНЕ и нивната дипломатска воздржаност. За другите аспекти кои вие ги знаете многу добро нема да коментирам.
2. Мојот ФБ статус преку кој ве повикав да си дадете оставка беше истиот ден кога ве демантираа двете амбасади или на 22.12.2020 година. Во истиот јасно образложив од кој причини барам оставка и навистина како на подпретседател на ВМРО- ДПМНЕ не ви доликува да нанесувате вака големи штети на партијата и упорно да опстојувате во тоа мислејќи дека можете да спинувате до безкрај. Едноставно, требаше да се извините. Зарем е толку тешко тоа?
3. На 23.12.2020 година, Кузеска од СДС излезе на прес и од вас види чудо, побара оставка од пратеничката функција. Што е ова ако не е класично фрлање на “гума за спасување” кон вас од страна на СДС? Трагедија на Македонската политичка сцена во која власта фингира барање на оставка од пратеник на опозицијата, а при тоа Заев е до уста во дубиози, лаги и манипулации.
4. Истиот ден вие експресно и верувам ексклузивно му одговоривте на Заев дека не си давате оставка и притоа му наброивте што се излажал тој па ете не си дал оставка.

Ете господине Николоски таков беше редоследот на настаните и што од ова може да се заклучи:
1. Вие не ми одговоривте на мене ниту на членовите на ВМРО-ДПМНЕ зошто ексклузивно манипулиравте и ја посрамотивте нашата партија пред нашите партнери од ЕУ?
2. Зошто свесно или несвесно со вашата изјава која сега упорно ја спинувате така што не верувам дека е несвесна, му овозможивте на предавникот и манипулантот Заев да си поигрува со угледот на ВМРО-ДПМНЕ и да не нарекува фејк партија?
3. Сега ве прашувам и зошто потполно свесно заедно со новинарот Милосавлевиќ ги извртувавте ноторните факти и се обидовте пред Македонската јавност да ме прикажете како човек на Заев, односно дека кога Заев побарал оставка од вас јас сум се придружил на истата барајќи исто така оставка од вас?
4. Кон кого е упатена онаа парафразирана ПР порака дека Заев лаже повеќе од ВМРО-ДПМНЕ?

Ние како ВМРО-ДПМНЕ не се натпреваруваме со СДС и Заев за тоа кој повеќе или помалку ќе ја лаже Македонската јавност и меѓународната заедница. Токму поради тоа што СДС и Заев лажат па сушат, ние несмееме да бидеме такви и ВМРО-ДПМНЕ не е исто како СДС не лаже, си ја сака татковината Македонија и е чесно кон својот народ и кон нашите сојузници.

Ми се чини дека нешто погрешно сте разбрале во политиката па дури и да сакате прагматично да го применувате Черчил…

Бидејќи, гледам дека вие како важно или значајно лице во нашата партија се повеќе заличувате на Заев така што се натпреварувате кој ќе биде лицето под 1000 маски на пиедесталот од манипулации, јас мојата неважност ќе ви укажам на уште неколку работи, пред вие да им дадете задача на вашите ботови и верни полтрони да преку невистини и обтнати слики ме растргнуваат во јавноста и на социјалните мрежи.

Господине Николоски, јас во ВМРО-ДПМНЕ заради идеалот и нашата татковина Македонија свесно ставав глава таму каде што мнозина не сакаа ни да пријдат и тоа по цена да лица како вас подоцна по теркот на СДС ме омаловажуваат. Но, простено нека ви е, Оливер Андонов не е поддржувач и слуга на Заев, како што се обидуваше Милосавлевиќ да спинува во емисијата превртувајќи ги фактите, јас засекогаш ќе бидам ВМРО-ДПМНЕ, десничар.
По се изгледа, освен логореичноста и научените гестакулации за пред јавност, а со цел да изгледате пософистицирани и “попаметни” ништо не сте научиле од политиката во која не сте почетник.
Политиката не треба да биде заснована на лаги. Во партијата треба да бидете отворени за разговор и соработка до степен да си признаете кога ќе згрешите. Да не ги мамите сопартијците во внатрепартиските политики, бидејќи на тој начин се губи довербата и со тоа и луѓето. Да имате доблест да признаете погрешна политика и да не ги поништувате, елиминирате, маргинализирате и омаловажувате луѓето во партијата со кои не се согласувате и за тоа да користите медиуми, портали и новинари преку спинување и опстојување во невистини. Секој наш член е важен и потребен, ценет и почитуван во оваа време на борба против предавничкото и уништувачко СДС, а погледнете околу себе колкумина имате и како секојдневно маргинализирате докажани партиски кадри и потенцијал на централно и локално ниво. Погледнете како партијата ни се претвора во полтронско и медиокритетско затворено друштво, а за што вие како подпретседател носите и функционална и морална одговорност. Тоа нема да не донесе до победа над злото Заев, туку самокритичноста и одговорноста кон партијата и членството ќе ја ревитализираат.ВМРО и ќе и дадат енергија за победа. Не треба празни зборови туку дела за Македонија и партијата.
Да се повлечете од политиката свесно, чесно и достоинствено кога ќе бидете или самите себеси основано ќе се избламирате пред меѓународната и домашната јавност е доблест. Бидејќи, тоа е со цел да ја спасите ВМРО-ДПМНЕ од жигосување, бламажа и политички последици поради ваши и исклучиво ваши лични грешки. Несакам ни да помислам и ќе бидам многу разочаран доколку ваквото однесување е утврдена партиска политика, но за тоа треба да се изјасни претседателот колегата Мицкоски.
Знам јас дека ви е тешко да признаете таква еклатантна и “ексклузивна” грешка, но ете одважете се па направете ексклузивен политички чекор во Македонија и поради угледот на ВМРО-ДПМНЕ кое нели толку ви значи повлечете се од политиката.
Така најдобро ќе си поведете сметка за себе за да останете запаметени во Македонската политичка историја по барем една чесна политичка постапка. Верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ве рехабилитира кога без вашиот багаж ќе го победи оваа лажливо и предавничко СДС и двојникот ви моментален со кого се натпреварувате Заев.
На новинарот Милосавлевиќ не му замерам поради намерните спинови, човекот живее од плата, но доколку се одважи да ме повика во емисија ќе може не ексклузивно да има достоинствен разговор со еден универзитетски професор.

Ќе го преброди ова драги мој сопартијци ВМРО-ДПМНЕ и ќе го победи злото СДС.
Ќе се вратиме заради Македонија и нејзината иднина.

 

Оливер Андонов

во Скопје,

25 декември по полноќ