Почитувани читатели на моите текстови, објави, постови…
Од кога се запишав во прво одделение во годината после земјотресот во школото Петар Петровиќ Његош во општина Идадија (знам дека се овие термини неразбирливи за фамилијата од Брајчино, шипацот од Карпош и слични…), до сега се описменувам веќе дузина пати! Зошто? Не е заради тоа што не ми фаќа мозокот, си бев нормално дете, пионер (Титов), младинец, извидник и феријалец. А потоа и студент. Причината е техничко-технолошкиот напредок на планетава. Во времето на мојот животен век поминав процес од црна табла и бела креда каде “пишував“ коси црти и ченгелчиња, до Самсунг S4.
Откако научив да пишувам, на латинца ракописот ми беше поубав од текстовите пишувани на кирилица. При пишувањето на матурската и дипломската ја “совладав“ малата Олимпија “типковница“ на татко ми. Во Телевизија Скопје имаше големи Олимпии и мали репортерски писачи машини. Се запознав со сите сервисери од најразлични прецизни механики, се бојадисував плав и црн при менување трака на машината. Кога преминав во А1, научив “компјутер“. Во основа тоа беше тастатура со екран. Па додека се совлада болд, па италик, па… Дојде време на “борба“ со копи паст, кат, сејв и слични оригинални македонски зборови смислени од неое џуџе, ама не од она од Небрегово. Потоа дојде времето на вистински компјутер. Па пејџер (само ја и Џаро имавме пејџер на име, сите други беа на бројка), па Нокиа “Банана“ мобилен со кој немаше со кого друг да збориш. И се така до таблет, Ајфон, Самсунг…
И на нет работата одеше од автобиографскиот сајт Milenko.com.mk , преку “бизнис“ сајтот meckoec.mk па се до фејсбук страната и фејсбук фан страната и последниот “производ“ dudinka.mk. Страничката на фејсбук со 5.000 “члена“ ја наполнив за месец-и-пол, а на фан странава сега има на 20-и-кусур илјади. За отпочнувањето на мојата фејсбук агенда исклучив виновник е Јанко Јади Брокула Илковски кој ми прекурчи, и за да го откачам и да се раатисам, отворив фејсбук страна. Така да ако моето пишување на социјалнава мрежа некому пречи, кај Јанко нека си се жали.
И ете, сега времето носи нови технолошки достигнувања, што ги прави и новинарските простори пошироки и помокни. Сега, нели, веќе може на телефон да снимиш видео, тоа да го пратиш на друг телефон. Колумната можам да ја напишам во некоја убава македонска планина и да ја “сендувам“ или постирам на мојата или друга страна, меил, профил…
Технлогијата овозожува се, ама без човек не може. Сепак, и покрај сите чипови, сателити, тачскрини на крајот треба човечка сива мождана маса за да се напише текст, да се направи слика, видео, анимација, филм…
Затоа на бизнс предлог на лицето Глигоров Венко, коспоственик на проектот Параходот, решив да го здружам својот скромен капацитет со страничката parahodot.mk
Што значи тоа? Тоа значи дека таму каде што ќе ги гледате дострелите на Еднооки, политичкиот сраказам и критика на лицето Русјаков А., режијата на лицето Дамовски Б. и маестралните гласовни способности на Мече, Весела Имела, Иво и таму ќе ме има и мене. Дудинка пополека, за да нема стресови, ќе се претопи, ќе се спои, со Параходот. Моите текстови, колумни дури и посериозните (подолги) постови на Фејсбук ќе бидат најнапред објавени на Параходот.
Ова значи дека јас од своја страна и момците од Параходот од своја, ја следиме бизнис филозофијата на Владата на РМ (окрупнувања на земјоделците во комбинати), логиката на ОНЕ и ВИП, практиката на сите големи капиталистички компании од финансиската, медиумската и тешката индустрија. Значи, наместо да се цепкаме на 10-ици мали и небитни соросови порталчиња со one-man army капацитет, овдека правиме медиум кој ќе биде и ТВ и нет и пишан и коментиран. Ова е пионесрки потег. Утрински, вест и Дневник, иако со иста газада (ама различни политички комесари) немаат аѓенда за окрупнување. Исто важи и за разни минуси, плусови, либертијанци, онови, брифови, докази-без-доказ, верификатори и слични спонзорирани од УСАид, од Сосрос, од Холандсаката и Британска амбасада, од амбасадата на Кале и ташната на лицето Бурчевски М.
Секако, интенцијата е Параходот да има повеќе понуда од “само“ Миленко и Алек, Па така ќе има детски серии (руски), оф роуд патеписи, емисии за миленици, документарци… како и колумни од други колумнисти.
Значи, во рок од 10-тина дена следува спојување (секс, демек) на Дудинка и Параходот. Очигледно, Дудинка е женскиот род! Вие веќе можете да ги гледате емисиите од Миленко Неделковски Шоу од сезоната 2014/15 на parahodot mk & parahodot.tv – секако, бесплатно (засега). Во моментов се “качуваат“ сите мои емисии од Миленко Неделковски (Лејт Најт) Шоу од сите 8 (осум) изминати сезони, емисиите од Оф Роуд низ Македонија, како и сите мои “стари“ емисии за возачите во Формула 1 (Сена, Мансел, Пике, Хант, Нанини…), емисиите од Камел трофи Танзанија – Бурунди 1991 и Бразил – Гвајана 1992.
Со спојувањето со Параходот, меѓу другото, ќе решам и еден голем проблем за кој ми реагираа многу гледачи. Имено, забелешката беше дека видеата доцнат со “закачувањата“ на нет, а кога има странци во емисијата нема превод. Од минатата недела наваму, секоја нова емисија Миленко Неделковски Шоу ќе биде закачена на Параходот во сабота наутро во 03.00 часот. Сите емисии со странци ќе бидат преведени.
Последниот пат кога со лицето Дамовски Б. правев проект се случи ова:
За крај, на мојот новинарски ангажман со ТВ/Радио емисиите Миленко Неделковски Шоу што одат на Канал 5 и Радио Слободна Македонија, како и на мојата колумна “Топ 10“ што ќе го смени штампачот но ќе остане приодот, еве го наддавам и ова. Времето носи промени. Постојани промени. Кој нема да се адаптира ќе ја доживее судбината на динсоаурисите.
Миленко Неделковски
петок 31.10.14 05.00 часот во Скопје