Од каде и како ке полетуваат Укропските Ф-16
Првата опција се воздушни бази со подземни бункери во западниот дел на Украина, каде што е потешко да стигнат руските ракети со долг дострел. Тие не би биле изложени на писта поголемиот дел од времето, туку авионите би биле во армирано-бетонски бункери речиси цело време по моделот на Израел. Незнам дали во Западна Украина да има аналогни бункери од СССР, со оглед на тоа како Украина е област која одсекогаш била погранична зона со западот. Но секако остава можност да се изградат. Според оние јаки фортификации во Авдеевка, ништо чудно да се изградени или градат такви објекти во моментов. Паралелно на тоа, има информации дека се носат повторно ПВО системи со цел да се изгради повекеслојна ПВО пред да се донесат овие летата на Укр територија.
Втората опција е да се лета од околните Нато земји за која не сакам да губам време да навлегувам, иако не смее да се исклучи како можност.
Она што мислам дека ке биде како опција е Меѓународниот Аеродромот во Ужгород. Ако погледнете на мапата, ке забележите дека пистата се наога буквално на самата граница со Словачка, попрецизно пистата завршува на околу 100-105 метри од границата.
Самата писта е некаде 2км долга што ја прави идеална за конвертирање во воена база и стационирање на неколку авиони. На Ф-16 му треба писта која е долга некаде околу 250 метри за да може да полета (оваа информација отвара ред други идеи и размилувања од каде ке летаат ама тоа е друга тема).
Тоа што е пистава во Ужгород така позиционирана им овозможува брза реакција на укропите и Нато при евентуален ракетен напад, и брзо евакуација на авионите “преку улица” на безбедни локации во Нато територија на Словачка.
Единствено напади со Кинџал, Русите би предизвикале големи проблеми за Нато и Укропите. Ако го земете фатктот дека Мах е мерење на брзината врз основа на брзината на звукот. Бидејќи звукот се движи со различни брзини во различни услови, пресметката некаде нека биде врз основа на 20°C на сув воздух на ниво на морето, доаѓаме до бројка 12250.44 km/h брзина на кинџал кој лета 10 маха, или ако претпоставиме лансирање од Азовско море, некаде до 7 минути време би имале да се евакуираат, односно многу помалку од ако лансирараат од Белорусија. Она што е знак прашалник е дали Русија би удриле на овој аеродром кој е на самата граница со нато….
Иван Николов
Телеграм канал https://t.me/+ik3P5s8KqkEzOTJk