Минатата недела најавив дека ќе следуваат серија мои текстови каде ќе нудам излезни решенија, а не само критики, во врска со судбината на ВМРО ДПМНЕ.
Тогаш реков дека добитна варијанта за таа партија е да не прифати било каква понуда за одење во Париз во куќата на Жан Моне, бидејки токму тоа одбивање е мекиот стомак на стратегијата на Џес Бејли, односно на корејскиот имигрант Хојт Ји. Без ВМРО ДПМНЕ нема тежина и вредност било каков договор, а најмалку договор за името.
Во овој текст, ќе се обратам на следното излезно решение наречено “Да престане инаетењето“!
Во овие исклучително тешки и драматични момент за ВМРО ДПМНЕ (а кога тоа на ВМРО му било лесно?) најважна е судбината на партијата. Ниту една поединечна судбина на член или раководител на таа партија воопшто не е битна во споредба со судбината и иднината на целата партија. Ова го пишав и пред три години.
Зошто?
Па затоа што, доколкуе партијата е силна и потентна, без разлика на поединечните судбини што можат да се зли и трауматични, Партијата може правосудните грешки, политичките процеси и нехуманото однесување да ги корегира. Па, секоја поединечна судбина да ја спаси.
Но, доколку партијата е слаба, расцепкана, на колена, разнебитена, извалкана – тогаш ниту една судбина на било кој поединец, без разлика колку е високо во хиерархјата, нема да вреди ниту жолта пара. И тоа без разлика колку странците и да ветуваат и да лажат во спротивен правец од ова мое тврдење.
Но, не само на поединците во партијата. Силна, потентна, разгоропадена, храбра ВМРО ДПМНЕ му е потребна на МАКЕДОНСКИОТ народ и на државата МАКЕДОНИЈА. Во оваа држава, во овој момент, не постои друг општествен чинител што може да ја одбрани нацијата и територијалниот интегритет и суверенитет. Тоа може само ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ сега е клекната, во нокдаун, судијата брои, изборил до 7 а тера накај 8, тренерот се дума дали да фрли пешкир, тајм-аут гонгот никако да се огласи…
Ваква каква што е сега, во вака донесена ситуација, ВМРО ДПМНЕ е немоќна и за себе и за поединците во неа.
Секако, ова е последица на столетна борба со сите соседи, сите домашни предавници, а во последното десетлетие со “длабоката држава“ и странските “цивилизрани“ амбасадори и олеснувачи. Од таква борба, логични си се последиците што сега ги преживува единствениот субјект околку кој е собран МАКЕДОНСКИОТ народ.
За да се излезе од оваа ситуација, покрај неодењето во Париз, потребни се и други дејанија.
Потребна е брза акција во два чина.
ПРВИОТ чин е да се ПРЕСТАНЕ СО ИНАЕТЕЊЕТО. Значи, никој не е роден совршен, ниту најпаметен, уште помалку безгрешен.
Тонењето на ВМРО ДПМНЕ, особено во последните година-две во голема мерка е заради водењето на инает. Едноставно суетата, или суетите, се ставени пред интересите на Партијата. Тоа така НЕ СМЕЕ да биде. Партијата е движење, идеологија, мисла… А не инает. Луѓе ја водат таа партија. Грешки се прават. Но грешки и се исправаат, а не се продолжува од инат натаму да се повторува истата грешка.
Така да, стоп со инатот, Ве молам. Бидејки не е доволно декларативно, во стилот на БЦ, да се признае пораката од народот, ама сепак да се смета дека тој ист народ погрешил. Односно со погрешната политика или потег да се продолжи. Не на инатењето и префрлањето на вината кај народот оти не дал 62 гласа. Па, еднаш ги даде па беше еписибир.
На пример, ако е катастрофално лошо и погибељно решението со сината боја за ланските парламентарни избори, немаше потреба од инаетење, па и за годинешниве локални да се пласира истата боја на 50-60% од банерите и плакатите. Доста со инатот, а сината боја аут. Сината боја кај СДС, не во ВМРО ДПМНЕ. Ако PR-от на партијата е очаен а Центарот за комуникации поразен од СДС, нема потреба од инает, ами веднаш треба сериозни и коренити промени. Ако беа грешка Лиле и Павле, не смееше да се повтори грешката со Чедо Саздовски и Титовите леви сили. Да не набројувам повеќе десетини далеку подраматични и по очајни примери. Ова е доволно сликовито.
Ако овој текст досега некому не му се допаѓа, односно се инаети, тука настанува проблемот. Исфрлето го инаетот, послушајте ги добронамерните идеи и совети. И критики, секако.
ВТОРИОТ чин е обединувањето.
Јас лично очекував дека прво што ќе направи ВМРО ДПМНЕ по катастрофалниот пораз на локални е да повика на ОБЕДИНУВАЊЕ. На збивање на редови, на мотивирање на членството и пред се на активирање на симпатизерите што не се членови. Да повика на мобилизација, акција и братска поддршка.
За жал, наместо повик за ОБЕДИНУВАЊЕ, добивме млака порака од првиот оперативец Мицковски дека ќе се правела длабинска анализа. Па демек, после ќе се видело што и како.
Тоа е грешен, супер грешен потег. И, немојте сега со инаетење дека не е. Е – грешен. Доказ за тоа е што анализата ја нема. Локалните не беа за население и територија на Кина, ами за Македонија.
Заборавете анализа, повикајте на обединување. Партијата, како врвен субјект, треба да повика на отстранување на сите суети, комплекси, амбиции, величини на поединци и групи. Да се остават на страна дворските игри, групашењето, упикувањето. Да се мисли на партијата и само на неа. Да се стави на страна поединечната кариера, сонот за канцеларија, шофер, бодигард, компаниските телефон и картичката. На партијата да се мисли, на партијата. Оти без неа нема ниту канцеларија, ниту функција, ниту слобода.
ВМРО ДПМНЕ, Партијата која е над сите нас, која е поголема од секој поединец или група во неа, треба да биде така голема и да покаже толкава големина па да може да прости ако смета дека од некого или некои е навредена. Но исто така, ако е голема парија, а ја сметам дека е, треба да побара од НАС прошка. НИЕ обичните граѓани кои сме гласале за неа (значи не само членовите), да и простиме за сите грешки и пропусти (намерни или ненамерни) направени со кои наштетила на државата и граѓаните во неа. ВМРО ДПМНЕ треба да бара прошка од НАС и да повика на ОБЕДИНУВАЊЕ.
ВМРО ДПМНЕ мора да ги надмине сите малограѓански предрасуди и да ги привлече, обедини, мотивира и активира сите оние што имаат иста цел: РУШЕЊЕ МИЛОМ ИЛИ СИЛОМ НА СЕГАШНАТА НЕЗАКОНСКА, НЕУСТАВНА, КРИМИНАЛНА, СОРОСОИДНА И БЕЈЛИЈЕВА ВЛАСТ во Република Македонија.
Па така, се допаѓале некокму или не Влахов-Мицов, Нонковиќ, Велиновска, Латас треба да бидат извадени од “длабокото замрзнување“, од прашина да бидат ставени на дневна виделина Емилија Гелева, Сестра Макрина, Сашо Климовски, Ивица Јосифовиќ, Тони Науноски, Ачковска, Жежов, Скаловски, Мартин Треневски, Златев, Никовски…
Овој тим погоре е посилен од секој тим на Борјановци, Фрчковци, Фрфљовци, Ордановци… Тој МАКЕДОНСКИ тим треба да биде повикан од ВМРО ДПМНЕ и обединет со партиските сили, па да се впушти во директна конфронтација гради-в-гради за рушење на постоечкиот фашистички режим.
Да бидат заборавени и избришани кавгите, расправиите и навредите оти овдека за ВМРО се работи, овдека за живот или смрт се работи, овдека за Мајка МАКЕДОНИЈА се работи?
Миленко Неделковски
23.11.2017 – Скопје
19.37 ч.