Сакаш конкретни информации за ГАЗ Волга.Сега пријателе ке ти постирам од прва рака информации не од нет.Пораснав мо механичарско маало каде сите имаа гаражи и нешто по цел ден чепкаа нон стоп.Ги памтам скоро сите коли кои доагаа кај мастор Ристо,механичар во ЈСП кој ги поправаше за 10-ка со кромид и Скопско од 0,5 .На лугето не им беше за пари туку за дружење и гледање сеир.Е тој мајтор Ристо имаше Волга или како што ја викаше нагалено БАБУШКА .Таа бабушка памтам беше купена на некоја лицитација од некое државско претпријатие како расход.Колата беше некоја сива боја,патем како сите тогашни Источни возила.Оооооооооооооооооогромен комфор,амортизација ко кадилак,хаоооооо.Како деца ке не качеше позади,а јас како најстар напред.Имаше мотор од 2.2литри со скромни 75КС но со огромен вртлив момент и сила да повлече тенк.Моторот кој го имаше беше развиен од старио модел на ГАЗ ПОБЕДА во типичен руски стил(што поголемо тоа поубаво,нели)На неа се беше вон стандарди почнувајки од навртките,па гумите,електриката,итн.Знам дека лугето мака мачеа за делови незнаејки дека под таа каросерија се крие друго возило многу познато кај нашите гастербајтери.Мерцедес Бенз В123 или познатиот репаш омилен на скопските таксисти.Крајот на 60-те и почетокот на 70-те Мерцедс ја промовира познатата серијаВ123 која и ден денес е за почит.Е сега Штази со помош на Руската шпионска мрежа ја краде целокупната документација и се рага ГАЗ ВОЛГА М24.Да се навратам на приказната.Бабушка ја нагазија годините и еден ден отажа послушносто.Е Мајстор Ристо педантно го извади стариот мотор и на чудо на сите го вгради моторот 200д од мечката која ја куи за делови.Најинтересно е што немаше никакви преправки туку моторот само си клапна ма местото на стариот без проблеми.Ја преправи инсталацијата и Волгата доби ново геманско срце Моделите кои беа за тогашниот пазар беа скромни во однос на опрема која и може да се каже ја немаше освен некои ситници.Имаше страотна голема потрошувачка(15-16литри во град)Но тогаш никој и не гледаше на потрошувачката.Моделот со 5.5литри беше за Источниот пазар,а ние не бевме во таа комбинација.Средината на 80-те имаше некои модификации на неа,во смисол на стандардизација за деловите,но во глобала остана истата.Почетокот на 90-те се обидоа со дизел мотор од Пежо мислам дека беше но без успех.Постигнуваше мах.145км и покрај својата огромна тежина од скоро 2тона.Првите верзии беа со дамски менувач,а подоцнежните беа со класичен менувач.Бабушка дали е жива и дали сеуште се тркала не знам,но само се секавам како се возевме како деца и уживавме во неверојатното парно и удобноста……..
Продава ли некој ваква лепотица?
Или ваква?
Е сега да ти ја доловам атмосферата за Москович 408 или Москвич 1500,а уствари исто ауто ама едното е од 70-те,а другото од 80-те.Москвич беше фабрика во Русија која изработуваше специјални возила.Работеа само за војска,полиција,болници.Е сега кога Лада ја откупи лиценцата за фиат124 алиас лада жигули,на пазарот се појави потреба од поефтин автомобил за широките руски маси.Изборот пага на фабриката АЗЛК каде се произведуваа специајлните возила.Немајки време(најверојатно бидејки работеа за војската)педантно како и ГАЗ Волга ги пуштија своите луге од Источна Германија да го завршат своето.Првите модели се копија на старио Опел Кадетт А до штрафче.Памтам бидејки Мастор Ристо ги пракаше да бараат делови за Опел а не за Москвич.Е сега и тој модел требаше да ги прати технолошките достигнувања.Со мали измени на каросеријата се појави Москвич413 чинам беше…..Модерен за своето време веке личеше на автомобил кој кај нас пак караванот беше омилен посебно кај лугето кои живееја на село хехххехе.Арно ама пак Штази-КГБ релација е активна!!!!!Кога излегува Москвич413 тогаш и БМВ го промовира својот модел 1500 некаде 1969-70-та.Практично идентичен автомобил само што едниот е на БМВ а другиот е на Москвич.Дури и последните модели на Москвич Алеко беа со истиот мотор и трансмисија.Знам бидејки комшија преку пат имаше БМВ1502 и знам дека го тркалаше благодарение на деловите кои ги купуваше од Бугарија(бензинска пумпа,каиши,спони….)Како модел не нудеше ништо повеке од другите источни возила,но сепак беше подобар од Вартбург и Трабант.Со своите 1500цм3 вадеше некои си 58-60кс кои беа ммммммммммммммммммм,слаби за тешката каросерија која патем беше околу 1300кг.Во принцип лугето имаа замерки на потрошувачката,а за другото беше солиден автомобил.Завршната обработка беше на ниво на војска но другото си фунционираше солидно.Веке ги нема по патиштата,единствено во Источна Макдеонија може да се најде некој модел кој сеуште служи да влече приколка за на пазар.Имаше алуминиумски блок со хилзни така да за ремонт немаше никаков проблем……