Кадарот на ВМРО, гробарот на ЕМО од Охрид, директорот на институцијата за цензурирање ААВМУ Зоран Трајчевски вчера и додели на телевизијата 24Вести, сопственост на Зоран и Вице Заев, лиценца за “нормална“ телевизија. Односно ја израмни според програмската определба со Сител, Канал 5, Алфа, Алсат М и Телма.
Интересно е како неговиов потег коинцидира со политичката неизвеснот која може да доведе до промена на голем број директори на државни институции!!!
Ваква лиценца за ТВ со години бара Канал77 од Штип, ама не добива. Лиценца си бараше и Роби Телекабел додека беше сопственик, и тој не доби.
Сега, еве одеднаш, кога во 24Вести се вратија сите кадри на Велија (се очекуваат само уште Чизмарот и спортската редакција), Трајчевски без образложение и без исполнети критериуми им доделува лиценца со која оваа ТВ станица ја прави “Втора А1“ телевизија.
Така, битката што со години ја водеше ВМРО со злосторничката организација наречена А1, долгогодишниот кадар на ВМРО и близок пријател на Џес Бејли ја урна преку ноќ.
Џабе Велија во ќелија, џабе Кочишки и слични го јадеа стапот – Трајчевски сето тоа што ВМРО го работеше со еден потпис го анулираше.